Dumbledore
...
- Член од
- 24 октомври 2013
- Мислења
- 12.192
- Поени од реакции
- 26.997
Не секогаш. Традиционалните вредности се менувале со текот на времето и се приспособувале на времето и просторот. Тоа не значи дека тие се лоши и сурови, туку дека во целост не се поклопуваат со нашиот начин на живот. Убаво е да се има 2-3 деца, но не е возможно да се има 7-8 затоа што тоа значи живот во сиромаштија, и не е нормално да не се има деца (ако биолошки се може, нормално).Традиционалните вредности подразбираат здрав разум.
За ова што викаш дека не сака да има деца - жалосно.
И подреденоста во домот. Хиерархијата некогаш била клучна во функционирањето на домот и семејството. Денес се е сведено на еднаквоста, што е во ред. Затоа треба да се дефинираат овие традиционални вредности, да се увиди, ако се може, од каде потекнуваат истите и дали тие се во согласност со начинот на живот.