Лошо прво полувреме, но трите голови на Баерн после 15-20 минути, не кореспондираа во потполност со случувањата на терен. 3-0 беше нереален резултат, колку и да Челзи изгледаше анемично на почетокот. Точно, Баерн беше далеку подобар противник, играа одличен пресинг, ама два од трите гола, Челзи ги прими поради индивидуални грешки, а не поради тимската лоша игра.
Не заебавајте, топката после шутот на Рафиња, лазеше до голот на Куртоа, овој реагираше многу несмасно. Како и за третиот гол, кога беше непотребно подизлезен. Ќе речете пријателска, да. Ама вакви работи му се случуваат на Куртоа и во регуларен дел од сезона. Неконстантноста никако да го направи голман од ,,прва класа''. Секогаш е тука некаде, блиску, но сепак далеку од Де Геа и Ноер на пример.
Позитивности од мечов:
Канте, не знам дали веќе треба да се пишува и зборува за неговите игри. 90 минути ораше без прекин, во 25-та минута, Милер тргна во контра, овој го фаулираше на средина од терен, судијава даде предност и Баерн продолжи со акцијата и веќе беше пред голот на Челзи. Овој се врати експресно пред шеснаесетник и го блокираше, чинам шутот или обидот за шут на Рибери. Среќни сме што имаме ваков маестро.
Бога, единствениот во прво полувреме што знаеше што да прави со топката. Убаво се движеше, пробиваше, изнудуваше фаули. Има фудбал во детево, мислам дека и Конте е свесен за тоа.
Убавото лице на Алваро Мората.
Бачуаји повторно стрелец.
Негативности, малку повеќе. Ќе кажам само дека очајно ни е потребен уште еден играч од средина на терен, креативец, со слични карактеристики на Фабрегас. Бидејќи ако не му оди на Шпанецов, нема кој да ја изнесе топката од половина на терен и да започнува акции.
Сепак, ова беше одличен подготвителен натпревар, ако гледаме од поинаква перспектива. Ќе му послужи многу на Конте.