Шо знам, замисли хала во која има 100 припаднички на понежниот пол, нормално нема регулација на температура во истата, се работи по 10 часа, нема соодветен простор за одмор, јадење и сл, и згора на се и мочкањето ти е ограничено.
Тоа знаеш дека ако стапчето не е на назначено место, ако не можеш да го земеш и со него да одиш во WC, нема одење.
Кај е тука трудова инспекција?
Или поделени се текстилните фабрики по трудови инспектори, па се знае кој кај кого плаќа рушвет и нема мешање?
Sweat shop.
Ама затоа имаш крими ликови на чело на синдикати и они контролираат сите тие работнички синдикати да останат на чисто фигуративна основа.
Зошто би се изјаснувале околу тоа. Не е противзаконито да имаш две државјанства така да не гледам никаква потреба нити причина морална или било каква за такво нешто.
И што кога ќе го објават договорт? Каква корист имаме од тоа кога секој ке си го толкува како што сака( мислам тука на форумот а богами и надвор). Кога сме кај тоа што толку може да има лошо во тој договор за нас како република. Единаесет години на власт беа бугарофили барем според тврдењето на овие сега што се на власт. Истите овие кои брзаат да го потпишат. Не би требало да има некој поголеми проблеми за да се изгласа во парламентот и тоа со двотретинско мнозинство. Впрочем тоа е и желбата на мнозинството граѓани на републиката кои се согласија со тезата на Заев дека проблемот е во нас а не во соседите. Ова е само логичен след на настаните така да искрено незнам што толку се крева прашина околу тоа.
Види јас реков да се бара јавна изјава од народни избраници во Собрание на РМ, кои имаат Бугарско државјанство по однос на дотичниот договор за добрососедство, само тоа да го толкуваат од позиција на Бугарски државјани.
Ставот од аспект на народни избраници сигурно е во контекст со тој на пратенички групи на кои припаѓаат, така?
Нема врска никаква со некаква противзаконитост, бугаро-филство/фобство и сл.