Јас ќе гласам за партија која недвосмислено ќе се залага да смееш да прдиш, да соблечеш чевли и смрдливи чорапи и да им ги ставаш под нос на останатите присутни. Да смееш во автобус, ресторан да си донесеш буренце со расол, да го отвориш и сите да ги опиеш со аромата. Што ми е гајле за другите? Кога некој сака да труе други со пушење, зошто не и ова?
ОК, не ни очекував нешто попаметно, но твоја работа. секој си има право на желби.
Сепак, зарем не гледаш дека ти цело време гласаш за партија која на одредени граѓани со партиска книшка им дозволува и многу повеќе од тоа што си го пишал?
На пример, да се извлечат од казна кога ќе прегазат некој, што верувам, дека дури и ти ќе приметиш, дека е многу поголемо право одошто правото некому да му ставаш смрдени чевли под нос или буре со расол да отвориш на јавно место.
Уверен сум дека на Ален Зекиров, син му на Вељановски или Алачки, кои беа ослободени од казна, со сите салтанати би им било дозволено такви банални глупости да праат, неспоредливи по тежина во споредба со извлекување од одговорност заради прегазување на човек.
Син му на Вељановски го фатија со кока на граница грчка и лично министерката рече дека тоа не било ништо. Он пред полиција се закануваше на очевидци на несреќа у Ѓорче, а полицијата нив ги вика на разговор.
Па сега, што мислиш кога више гази луѓе без да одговара или пак носи кока кај сака, дали би му било дозволено да извади каца у јавност со расол и да ја отвори?