РЕАЛ МАДРИД: Мастермајндот Донев
После трансферот на Крос и големите нервози на Боро за засилувањето на конкурентот и губењето на можноста да го потпише Погба, менаџерот Донев знаеше дека Барса ќе проба да саботира било какво наредно големо засилување на Реал. Тој почна одма да бара начини како да го намами лутиот ривал, а како подобро ако не со уште една екс ѕвезда на Реал. Па така беше таргетиран Модрич и почнаа преговорите помеѓу Реал и Рома. Од страна на Реал намерно беше одобрена доста добра понуда, со цел да се извлече што повеќе од Барса, при нивниот обид за саботажа. Откако беа договорени условите, Реал направи потег кој го нема направено до сега, јавно објави несигурен трансфер, се со цел што повеќе да ја намами управата на Барса. По објавата беше известен и менаџерот на Рома за тоа што следува и беше советуван да не попушта лесно, со цел да се јави лакомост кај него, а и што повеќе да се притисне Барса.
Потоа менаџерот на Реал се повлече и уживаше во остатокот од вечерта. Испланира да го прекине својот сон доста порано од вообичаено за да може да реагира и да ја повлече понудата во случај да не успеала мамката. Кога се разбуди го чекаше порака од менаџерот на Барса, возбуден дека успеал да го саботира договорот. Среќен поради успехот, со уживање го испи своето утринско кафе, но знаеше дека неговата работа сеуште не е завршена. Реал мораше јавно да остане во трката за Модрич, за управата на Барса да не се посомнева во вистинските намери на Донев.
Па така, Донев остана во контакт со менаџерот на Рома, цело време нудејќи му ја истата првична понуда, со разни варијации во деталите, и цело време напоменувајќи му да прифати подобра понуда од Барселона, штом ја добие.
На крајот успешно заврши оваа операција на мастермајндот Донев. Барса губи играчи кои беа задолжени за 44 голови во лигата сезонава, а добива играч кој нема да оствари ни четвртина од тој учинок.