Ако чекаат самостојно да ја освојат власта и сам знаеш кога ќе се случи тоа. Една работа е идеолошки принцип, друга е реална политичка состојба. Линеарната поставеност повеќе кај нив ми личи дека е кочница отколку предност.
Полесно е да мрчиш на фејсбук дека на Анѓушев не му е место во владата, отколку да седнеш како коалиционен партнер и да поставуваш ултиматуми, контра-барања исл. Тоа е политика, а не љутење и безпредметно хејтање. Нивниве соопштенија имаат reach - 30 луѓе.
Прво далеку од 30 луѓе и сам тоа го знаеш, лесно проверливо е само колку ги следат на социјалните мрежи и триесетката твоја е во вода...ама да не банализираме.
Види сеа, делумно си во право, јас ги ценам дечките и делам многу од нивните ставови, тоа дека нема никакви шанси да формираат влада и сл е повеќе од јасно, ниту сега, ниту...ама тоа не значи дека е залудно тоа што го прават.
Факт е дека внесоа свежина на политичката сцена, кај нас во партиско-полициска држава си подлежеа на нивните третмани, па ко преживи причаче. Тука веројатно лежи и причината за немањето посериозни натапи, камапањи и сл, вклучително и носење одлуки за тоа како се настапува, самостојно или не.
Е сеа СДСМ сака да си го задржи елитистичкиот имиџ, читај тука џукеланата како настапува, мислиш од Вол Стрит или Белата Куќа ги пишуваат постовите на Кајгана.
Принцип, интегритет покажаа, е сеа тоа колку оди со македонската политика знаеме, може ќе им донесе повеќе гласови на следни избори, може тоа ќе ги замре, сепак зависи и од нив. Ако успеат да продрат до синдикатите и фактички да станат нивни гласноговорник имаат добри шанси, ама синдикалната борба е секогаш тешка. А кај нас уствари добар дел од синдикатите постојат чисто фигуративно. Факт е дека постои поделенсот, и по потреба се стимулира од различни страни, реков, ко преживи причаче.
Јас не гледам трета опција како deux ex machina, такво нешто нема, ама може ако ништо друго да ги кренат критериумите во политиката, глеаш Тевдо за примерите од Данска го мајтапат, уште се палат на капо режими тука после дваес и кусур години ебавање од такви.