Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Е знаеш што на Левица не можам да и опростам - да беа сеа дел од власта, ова немаше да биде третирано како лаење и барем во дел (ако не во целост) ќе се обидеа да го спроведат. А вака е сведено на уште понебитно соопштение или партиско обраќање од оние на вмороните.
Да не ја вртиме пак истата, ама не постапија мудро.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871

Тоа твое мислење, јас не го делам, напротив. Посебно ако се земе во предвид како се одвиваат настаните.

Макар што и тие се поделени на про СДСМ-ДПМНЕ :)
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Тоа твое мислење, јас не го делам, напротив. Посебно ако се земе во предвид како се одвиваат настаните.

Макар што и тие се поделени на про СДСМ-ДПМНЕ :)
Ако чекаат самостојно да ја освојат власта и сам знаеш кога ќе се случи тоа. Една работа е идеолошки принцип, друга е реална политичка состојба. Линеарната поставеност повеќе кај нив ми личи дека е кочница отколку предност.
Полесно е да мрчиш на фејсбук дека на Анѓушев не му е место во владата, отколку да седнеш како коалиционен партнер и да поставуваш ултиматуми, контра-барања исл. Тоа е политика, а не љутење и безпредметно хејтање. Нивниве соопштенија имаат reach - 30 луѓе.
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Ако чекаат самостојно да ја освојат власта и сам знаеш кога ќе се случи тоа. Една работа е идеолошки принцип, друга е реална политичка состојба. Линеарната поставеност повеќе кај нив ми личи дека е кочница отколку предност.
Полесно е да мрчиш на фејсбук дека на Анѓушев не му е место во владата, отколку да седнеш како коалиционен партнер и да поставуваш ултиматуми, контра-барања исл. Тоа е политика, а не љутење и безпредметно хејтање. Нивниве соопштенија имаат reach - 30 луѓе.
Прво далеку од 30 луѓе и сам тоа го знаеш, лесно проверливо е само колку ги следат на социјалните мрежи и триесетката твоја е во вода...ама да не банализираме.

Види сеа, делумно си во право, јас ги ценам дечките и делам многу од нивните ставови, тоа дека нема никакви шанси да формираат влада и сл е повеќе од јасно, ниту сега, ниту...ама тоа не значи дека е залудно тоа што го прават.
Факт е дека внесоа свежина на политичката сцена, кај нас во партиско-полициска држава си подлежеа на нивните третмани, па ко преживи причаче. Тука веројатно лежи и причината за немањето посериозни натапи, камапањи и сл, вклучително и носење одлуки за тоа како се настапува, самостојно или не.

Е сеа СДСМ сака да си го задржи елитистичкиот имиџ, читај тука џукеланата како настапува, мислиш од Вол Стрит или Белата Куќа ги пишуваат постовите на Кајгана.
Принцип, интегритет покажаа, е сеа тоа колку оди со македонската политика знаеме, може ќе им донесе повеќе гласови на следни избори, може тоа ќе ги замре, сепак зависи и од нив. Ако успеат да продрат до синдикатите и фактички да станат нивни гласноговорник имаат добри шанси, ама синдикалната борба е секогаш тешка. А кај нас уствари добар дел од синдикатите постојат чисто фигуративно. Факт е дека постои поделенсот, и по потреба се стимулира од различни страни, реков, ко преживи причаче.

Јас не гледам трета опција како deux ex machina, такво нешто нема, ама може ако ништо друго да ги кренат критериумите во политиката, глеаш Тевдо за примерите од Данска го мајтапат, уште се палат на капо режими тука после дваес и кусур години ебавање од такви.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Факт е дека внесоа свежина на политичката сцена, кај нас во партиско-полициска држава си подлежеа на нивните третмани, па ко преживи причаче. Тука веројатно лежи и причината за немањето посериозни натапи, камапањи и сл, вклучително и носење одлуки за тоа како се настапува, самостојно или не.
Свежина?
тие леваците ископираа програми на сојуз на комунисти на југославија од 70 десетите а идеите им се произлезени од пишувања на ученици по марксизам и општонародна одбрана.
Свежи се колку и Стојан Андов
 
Klin

Колце
Член од
6 јануари 2014
Мислења
4.411
Поени од реакции
7.871
Свежина?
тие леваците ископираа програми на сојуз на комунисти на југославија од 70 десетите а идеите им се произлезени од пишувања на ученици по марксизам и општонародна одбрана.
Свежи се колку и Стојан Андов
Ти шо се затрча? Као од СКМ директива да ти пуштија.

Еве на пример што до сега било која партија направи за подобрување на работничките права во Македонија, не па да ги стави во фокус?!
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Свежина?
тие леваците ископираа програми на сојуз на комунисти на југославија од 70 десетите а идеите им се произлезени од пишувања на ученици по марксизам и општонародна одбрана.
Свежи се колку и Стојан Андов
А што тоа му фали на марксизмот лет?[DOUBLEPOST=1500494135][/DOUBLEPOST]@Klin јас ти реков дека идеолошки со нив сум близок, но не ми се допаѓа начинот на делување. Во ред е пленарниот, линеарен систем, ама во различни сфери од политичкото дејствување мора да изберат соодветни луѓе.
Знаеш каде треба да е нивниот reach? Меѓу оние што копаат ниви, оние што висат на скелиња, оние што се потат на шивачка машина....на фејсбук може да ги лајкнала бИјонС пошо и се видело дека е coool и дека некој тип шо го follow-а нив ги лајкувал на ѓутуре (која реченица ја состаив). Они таму не ни припарија, за жал.
 
Последно уредено:

Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Ти шо се затрча? Као од СКМ директива да ти пуштија.

Еве на пример што до сега било која партија направи за подобрување на работничките права во Македонија, не па да ги стави во фокус?!
работниците си имаа права до 91ва, и плати и работно време и додатоци за прекувремени и боледувања и К15 и 13 плата и одморалишта со поволни услови за престој, и платени превози и исхрана и синдикални пакети 1-2 пати во годината бесплатно здравство и школство....
И рекоа дека тој систем не чини оти е тоа еднопартиски социјалистички систем кој не му дава можности на приватното и на бизнисот и масовно излегоа да гласаат за капитализам
Така да ако еден ден решат дека капитализмот не чини, можат пак да излезат и масовно да гласаат за враќање на старите патишта на другарите Тито, Едвард Кардељ, Колишевски и Сава Ковачевиќ.[DOUBLEPOST=1500494488][/DOUBLEPOST]
А што тоа му фали на марксизмот лет?
Па марксизам се спроведуваше во ссср, социјалистички земји како бугарија, полска чехословачка, романија, унгарија, литванија летонија естонија југославија албанија....
и сегде народот стана и го урна тој систем како лош. Остана уште во северна кореја и куба да се спроведува.
Така да реално, марксизмот убо изгледа на папиру али во пракса се покажа катастрофа
 
Член од
7 април 2015
Мислења
2.807
Поени од реакции
1.712
Левица е добра алтернатива доколку СДС ја усерат работата, тогаш може да се каже дека паметно изиграле кога не останале во власта, сега секој си има различна дефиниција што очекува од новата влада, но ете за мене приоритет е промена на идентитетот, отпочнување на преговори и секако ЕКОНОМИЈАТА, за некого можеби апсењата (иако тоа е работа на судот), РДТ, Бански лекувања и слично, да не навлегувам во дискусија. Е сега поприлично сум сигурен дека Левица може да оствари добар резултат барем кај младите,слично нешто се случи во ХР со партијата Мост која за жал се изгуби и не знаеше да се носи со таа одговорност, добар резултат би било да оствојат добар број на пратеници и да не може да се формира власт без нив, технички неизводливо поради Ал партии, но во тие црти нешто. Многу од младите би ја одбрале оваа опција, доколку СДС не успее да се покаже во подобро светло од опозицијата. Можеби е нефер спрема нив, ама ете таа е сиуацијата. Пошто многу млади нема повторно да гласаат за опозицијата, тука има голема можност да улета левицата.
 
fmi

Член од
1 февруари 2007
Мислења
13.039
Поени од реакции
2.270
Австриja тргнува от империja, ти тргунуваш от поранешна отоманска покраjнина. Ни една држва на Балканот нема да стигне Австриja во наредните 100 години,

Ne be, jas trgnuvam od poraneshnata YU, drzhava chij ustav beshe priznat i prifaten od ON. Vo toj ustav Makedonija figurira kako nacionalna drzhava na Makedoncite...I shto sega? pu, pu , toa ne vazhi? Za Slovenija i Hrvatska e OK ama za Makedonija ne mozhe.
A Avstrija na vremeto morashe javno da se izvinuva na YU koga imashe sluchaj od Avstrija da vlezat teroristichki grupi.
И тоа што менува? Далеку си от нивото на Австриja во сека смисла.
 
Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Па марксизам се спроведуваше во ссср, социјалистички земји како бугарија, полска чехословачка, романија, унгарија, литванија летонија естонија југославија албанија....
и сегде народот стана и го урна тој систем како лош. Остана уште во северна кореја и куба да се спроведува.
Така да реално, марксизмот убо изгледа на папиру али во пракса се покажа катастрофа
Тоа се политички уредувања во поединечни држави воспоставени преку револуционерна борба. Како што и религиозните книги имаат различни толкувања, секти, подгрупи, така и марксизмот е различно толкуван. Маркс во ниеден момент не упатува кон потреба за централна фигура во уредувањето како Сталин, Чаушеску, Мао Це Тунг. Тие се интерпретации на темата или повеќе забегување со моќта на власта. Тоа не е социјализам од книга.
Инаку Маркс го има раштрафено капитализмот со сите маани и фелери уште пред двеста години, целата негова неодржливост, тенденцијата за изразита нееднаквост во распределбата на капиталот, експлоатација на работникот и стварање на конфликти за ресурси и богатства. Да не расукувам на долго - овие држави за кои збориш ги прилагодуваа системите делумно според марксистичките принципи, делумно по локалните традиции и под силно влијание на СССР, кој беше и нивен ослободител и окупатор во ВСВ.
И дискутабилно е колку "народот" не го сакал, а колку влијанијата на западот беа пресудни, посебно и заради тоа што се работеше за делумна окупација и раководење на СССР со земјите од Варшавскиот договор, а не дека истите имале многу против тој начин на општествено уредување.
Силната анти-пропаганда на западот на помладиве генерации им има створено слика дека социјализмот, марксизмот се црни сотони, а наспроти тоа разноразните рецесии, депресии, банкарски кризи, покачувања на менаџерски бонуси и масовни отпуштања се "природна работа".
Според мене тоа за што Левица зборува е сосема коректно, со тоа што настапите, имиџот, политичките потези им се дискутабилни.
 
Let 3

The Nipple Erector
Член од
13 јули 2008
Мислења
30.896
Поени од реакции
31.279
Инаку Маркс го има раштрафено капитализмот со сите маани и фелери уште пред двеста години, целата негова неодржливост, тенденцијата за изразита нееднаквост во распределбата на капиталот, експлоатација на работникот и стварање на конфликти за ресурси и богатства. Да не расукувам на долго - овие држави за кои збориш ги прилагодуваа системите делумно според марксистичките принципи, делумно по локалните традиции и под силно влијание на СССР, кој беше и нивен ослободител и окупатор во ВСВ.
Maрксизмот е теорија која теоретски би делувала во цел свет на марксистички земји. Тој не функционира во земји опкружени со капитализам затоа што би подразбирал ограничувања во односи со други земји, Ни една држава не е самодоволна за себе секоја мора помалце или повеќе да соработува со други земји и ссср и југославија, требаа да имат економски финансиски воени културни и други соработки со капиталистички или дури и диктаторски држави за да опстанат.
Така да левицата освен ако не успее да воспостави марксизам во поголемиот дел на планетата - нема никакви шанси за успех поготову во мала и сиромашна Македонија. Не можеш да имаш марксистичко уредување базирано на капиталистички односи со некого.
 
Член од
7 септември 2016
Мислења
21.685
Поени од реакции
37.668
Три дена упорна е со министерство за економија, и некни ја цитирав мислев ќе и текне, ма јок :icon_mrgr:
...ако познаваш некој поважен од новата влада прашај која беше првата комбинација за министер за економија, а тоа како се испазариле и зошто отиде Дуи таму сигурно нема да ти кажат ;)
 
Ilumious

Патник, педер, поет, администратор, масон
Член од
29 јануари 2007
Мислења
84.962
Поени од реакции
195.500
...ако познаваш некој поважен од новата влада прашај која беше првата комбинација за министер за економија, а тоа како се испазариле и зошто отиде Дуи таму сигурно нема да ти кажат ;)
Поважен не познавам, среќа или несреќа. Само знам дека Тевдо е на финансии, тоа е исто како нареднава година да го пцујам Гризман (кој не игра во Манчестер) кога ќе промаши зошто требаше и тој да има комбинација да дојде во Манчестер но поради ете пазар да наречеме, не дојде. Не е Тевдо на економија исто како што Гризи не е играч на Манчестер, што има врска како била математиката.
 
k3b

Член од
17 декември 2010
Мислења
2.811
Поени од реакции
4.287
Ако за нешто треба да му се подаде рака на паторот е овај пример. Да е проблемот кај 10 20 30 луѓе не е страшно. Работата е што 100% од моменталното членство се исти вакви. Буквално 100% од овие останати што ја поддржуваат оваа багра. Жалосно ...

Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom