Не. Тео Хернандез ќе игра лев бек во Реал. И јас имав мислење дека ќе го форсираат нешто како Рамос на почеток од десен бек па во централен, али не. Сигурен сум дека немаш изгледано ниту еден натпревар од дечково (што и би било сосема нормално, и јас немав, не ни го знаев ликов дека воопшто постои пред Реал да покаже интерес према него) затоа и такво мислење имаш дека нема да го биде за лев бек. Баш напротив, ова е тоа што му требаше на Реал како замена за Марсело. Никој не бараше уште еден Марсело, туку ни требаше цврст и снажен во одбрана.