Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Програмер си е програмер...
 

Сталкерот

Резидентен космонаут
Член од
5 јуни 2012
Мислења
5.762
Поени од реакции
7.594
Да, порационално би било и поактуелно, наместо интерни проблеми на небањатите. Само дали ќе се дознае. Прочитав дека владата денеска ќе го разгледува на затворена седница, као паторот коа носеше 99% од одлуките.
Договорот би требало да е (во моментов) пред комисијата за надворешна политика. Е малку симптоматично што скоро готов договор се разгледува на затворена седница. Во секој случај верзијата што ќе треба да се потпише треба да биде ставена на увид на јавноста.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.379
Поени од реакции
35.032
Мислам дека многу работи помирно можеа да бидат. Се направи циркус за бадијала со протести, уништување на фасади, споменици со бои, некои и веројатно ќе бидат казнети за тоа... итн... за да се донесе СДСМ на власт. Па се правеа избори... Непотребно, пак ВМРО ДПМНЕ победи.
Риалити чек: дпмне изгуби.
Сеедно што изгуби од странците а не од сдс, дпмне сепак изгуби и за сите нас во Македонија само тоа е важно - дека странци ни ја водат државата, и продолжуваат да ставаат корумпирани политичари како нивни марионети. А работите можеа да бидат „мирни“ само ако дпмне капитулираа на странците веднаш од почетоците, и целосно. Што претпоставувам, дпмне сега и посакуваат да го направеа тогаш.

Јас лично, можам само да поздравам спротиставување на западниот империјализам. Но тоа мора да биде добро испланирано и уште подобро реализирано. Нема да завршат работа никакви полумерки со седење на две столчиња. Како што и убаво се виде впрочем.



Не е за „мои-твои“. Имаше за Заев една од Црвенковски и супер се средија работите. И сега може истото, да се реши да нема реакции (како што немаше за Заев) и средена работа.
Што зборуваш бе човек? Што предлагаш, што промовираш?
Да продолжи праксата на аболицирање на криминалците, за и некој следен премиер да биде аболициран криминалец? За да продолжат сдс и дпмне да ја крадат државата со знаење дека нема да одговараат за криминалот, како „награда“ од странците додека тие странците ни ја водат државава?

Аболиција треба под итно да се укине како правна мерка. Да имаат два грама памет, гласачите тоа упорно ќе го бараат од кандидатите за кои треба да гласаат на избори.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Не ти оди тешко, се лажеш самиот себе, се тешиш дека тешко ти оди. Вистината е дека многу лесно ти оди да бидеш глуп, уствари прелесно.
Изгледа имам „талент“. Ти не треба да се мачиш.. таков си роден.
 
Член од
8 мај 2013
Мислења
11.882
Поени од реакции
36.934
Да, порационално би било и поактуелно, наместо интерни проблеми на небањатите. Само дали ќе се дознае. Прочитав дека владата денеска ќе го разгледува на затворена седница, као паторот коа носеше 99% од одлуките.
Ќе го разгледуваат договорот на собраниска седница на комисијата за надворешна политика, така да мислам скоро сигурно ќе протече инфо уште денес ако не барем од другите пратенички групи.
Мислам дека најдоцна за ден-два ќе го има цел објавен.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Риалити чек: дпмне изгуби.
Сеедно што изгуби од странците а не од сдс, дпмне сепак изгуби и за сите нас во Македонија само тоа е важно - дека странци ни ја водат државата, и продолжуваат да ставаат корумпирани политичари како нивни марионети. А работите можеа да бидат „мирни“ само ако дпмне капитулираа на странците веднаш од почетоците, и целосно. Што претпоставувам, дпмне сега и посакуваат да го направеа тогаш.

Што зборуваш бе човек? Што предлагаш, што промовираш?
Да продолжи праксата на аболицирање на криминалците, за и некој следнен премиер да биде аболициран криминалец? За да продолжат сдс и дпмне да ја крадат државата со знаење дека нема да одговараат за криминалот, како „награда“ од странците додека тие странците ни ја водат државава?

Аболиција треба под итно да се укине како правна мерка. Да имаат два грама памет, гласачите тоа упорно ќе го бараат од кандидатите за кои треба да гласаат на избори.
Чекај малку... зборуваме за изборите во декември 2016? Најмногу гласови и освоени пратеници има ВМРО ДПМНЕ, односно победи на изборите. Јас не зборував за правење на мнозинство во Собранието.
Аболицирањето на Зоран Заев во случајот Глобал ја врати опозицијата во Собранието, престанаа протестите... се спречи криза. И оваа криза може така елегантно да се спречи. Зошто ако тоа се покажа како успешно решение, па уште осомничениот и премиер да го постават, да не се направи и за решавање на сегашната политичка криза? Не сум ни јас за аболиции, ама ете.. веќе се тргна еднаш со тоа.[DOUBLEPOST=1500367697][/DOUBLEPOST]
А малку подоцна ќе добиеме и лекција за уставот на нашата држава и како се тоа функционира. Уставник си е уставник.
Глупав си е глупав, текле „старите“. Ах бе детуле, кој те излажа да се „мериш“ на форумов? Алмеида? Кој има капацитет на шофер на камион? Не мрдна од нивото на „мајки и шајки“ и полови органи.
 

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Договорот би требало да е (во моментов) пред комисијата за надворешна политика. Е малку симптоматично што скоро готов договор се разгледува на затворена седница. Во секој случај верзијата што ќе треба да се потпише треба да биде ставена на увид на јавноста.
Ај да не избрзуваме како вморониве. Договор меѓу две држави станува важечки кога двете ќе го ратификуваат во Собранијата. Ако одлучат дека е на штета на државава, може слободно (и имаат должност) да гласаат против. Очекувам и кај сдс пратениците посамостојно да одлучуваат, наместо гласачката безмозочна машинерија на дпне, која со меници беше контролираа, па беа спремни и родени деца да си ги продадат ако некој им побара.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Договорот би требало да е (во моментов) пред комисијата за надворешна политика. Е малку симптоматично што скоро готов договор се разгледува на затворена седница. Во секој случај верзијата што ќе треба да се потпише треба да биде ставена на увид на јавноста.
Да, транспарентно. Мислиш ли дека ќе има шанса да не се прифати и откаже од народот? До сега не учеа дека сме си посебни, а сега дека сме „заеднички“ со Бугарите. Мислиш ли дека има шанси народот „да ја земе работата во свои раце“?[DOUBLEPOST=1500368154][/DOUBLEPOST]
Оди протестирај пред влада, тврдокорен!
Зошто? Кој спомна таква потреба? Не реков јас ништо против. Само согласно самодекларирањето на Заев, посочив дека ова очекувам да биде транспарентна затворена седница. Потранспарентно... здравје.
Ова со Бугарија сериозно „задира“ во македонскиот идентитет. Партијата која до „завчера“ имаше директива „Бугаре треба мрзети“ и врз тоа се изгради нашата историја (по 1945), сега проповеда иста историја со истите. Ова е понижувачко што се прифаќа да заеднички славиме... Следно, очекувам на грците со спуштени гаќи да им се навртиме.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.379
Поени од реакции
35.032
Чекај малку... зборуваме за изборите во декември 2016? Најмногу гласови и освоени пратеници има ВМРО ДПМНЕ, односно победи на изборите.
Риалити чек: победник е оној кој ќе направи влада.
Не постои друг релевантен критериум.

Ако странците ти наметнуваат некои изборни правила кои и кај нив на запад, и никаде во свет ги нема, за очекување е дека тие „правила“ ќе ти ги менуваат кога ќе посакаат. Тоа „победник со победник„ е нивна измишљотина која никаде во свет не се практикува, и нормално дека сега странците го менуваат пошто сега им треба да сменат власт овде.
Кривицата е во тие кои дозволиле наметнување такви правила, во нивната слабост и неможност да се изборат за интересите на државата и нацијата. Таквите и треба да бидат политички казнети на избори, само што народот е глуп па ги смени со корумпираните сдс. За било кој да се гласаше, помалку беља ќе се направеше... Само што тоа изгледа никој овде во овој двопартиски систем не го интересира.


Аболицирањето на Зоран Заев во случајот Глобал ја врати опозицијата во Собранието, престанаа протестите... се спречи криза. И оваа криза може така елегантно да се спречи.
Аболицирањето на Зоран Заев ја утврди праксата на аболицирање на криминалците политичари.
Криза треба да прави народот, за барање правда. Сега праксата е политичарите да прават кризи, за сопствен интерес. Тоа го предлагаш и ти сега, да се продоложи со праксата на аболицирање на криминалците.
 

Bitcoin

Член од
24 мај 2005
Мислења
5.530
Поени од реакции
13.903
Како тоа партиска анкета да стои? Не ми е јасно.
Тогаш дај ни и нас некоја опција, две:
6. "Ме боли к кој ќе ги води ќорите вмороните за уши у иднина".
7. Дпне да се затвори и да не постои, пошо е најголемиот срам за државава и дувло од криминалци и предавници
Теоретски не е забрането да има и такви одговори.[DOUBLEPOST=1500368536][/DOUBLEPOST]
@Нuкола би требало денес или утре да се знае содржината на договорот со Бугарија, па од кога ќе се објави да се стави на анкета.
Може може..
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
Риалити чек: победник е оној кој ќе направи влада.
Не постои друг релевантен критериум..
Победник е оној кој освоил најмногу поени.
Можеш ли да ми кажеш кој победи на изборите (првите) во 1990 година?
(Што е риалити чек?)
 
Последно уредено:

Almeida

поет, мрачна сила, гад
Член од
15 февруари 2015
Мислења
7.563
Поени од реакции
19.993
Зошто? Кој спомна таква потреба? Не реков јас ништо против. Само согласно самодекларирањето на Заев, посочив дека ова очекувам да биде транспарентна затворена седница. Потранспарентно... здравје.
Ова со Бугарија сериозно „задира“ во македонскиот идентитет. Партијата која до „завчера“ имаше директива „Бугаре треба мрзети“ и врз тоа се изгради нашата историја (по 1945), сега проповеда иста историја со истите. Ова е понижувачко што се прифаќа да заеднички славиме... Следно, очекувам на грците со спуштени гаќи да им се навртиме.
И ја така викам бе, треба да биде транспарентно. Не викам не.

И вие сте тешки бугарофили, па дозволивте српски служби да ви ја ораат партијата (за што ме заболе),ама и државава - да си слават битки на наша територија како Зебрњак, каде што и Македонци гинеле, па тебе к** те болеше тогаш, а сега си нешто “веома врло забринут“.
 
Член од
23 март 2015
Мислења
7.011
Поени од реакции
1.983
.. само што народот е глуп па ги смени со корумпираните сдс. За било кој да се гласаше, помалку беља ќе се направеше... .
Народот не ги смени со СДСМ. СДСМ беше втора на избори, не победи. Друг ги смени ВМРО ДПМНЕ со послеизборни директиви. Тоа е јасно.[DOUBLEPOST=1500369884][/DOUBLEPOST]
И ја така викам бе, треба да биде транспарентно. Не викам не.
И вие сте тешки бугарофили, па дозволивте српски служби да ви ја ораат партијата (за што ме заболе),ама и државава - да си слават битки на наша територија како Зебрњак, каде што и Македонци гинеле, па тебе к** те болеше тогаш, а сега си нешто “веома врло забринут“.
„Ние“ сме тешки бугарофили, што велиш, па лесно ќе ни дојде збратимувањето со договорот за добрососедство. Туку што правиме што ние историјата ја изградивме во голем дел врз „клетите бугари“? Што ќе прават сега наследниците на таа партија која таа доктрина сеуште ја имаат во главите. Ќе треба ново перење на мозоците.
Јас немам ништо против да србите, бугарите, германците... итн... даваат почит на свои борци кои одамна загинале на македонско тло, борејќи се за својата држава (без оглед какви биле целите на државата). Ни Зебрњак за србите, нити Кајмакчалан за бугарите... Но, тоа да не биде на див и провокаторски, потценувачки и нелегален начин, како што тоа го направија бугарите. Впрочем, ќе ја направиме историјата заедничка наскоро, па Кајмакчалан заеднички ќе го славиме, во честа на Бугарија.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
26.379
Поени од реакции
35.032
Народот извесно не одлучува кој ќе владее со државава, странците одлучуваат. Но тоа што народот гласал за сдс скоро исто толку и за дпмне, им дава можност на странците да си ја работат работата (да го поставуваат на власт, тој кој во моментот најмногу им врши работа).


Победник е оној кој освоил најмногу поени.
Можеш ли да ми кажеш кој победи на изборите (првите) во 1990 година?
(Што е риалити чек?)
Веќе објаснив дека единствен релевантен критериум за победник е тоа кој ќе ја состави владата. Разни пирови „победи“ се неважни. Теоретски дпмне и сдс можеа да направат влада, ниеден закон не го спречува тоа. Исто како што ниеден закон не спречува да се оформи мнозинство на било кој начин. Постојат некои непишани наметнати правила, кои некогаш ете не се почитуваат (како на последниве избори).

Во 1990та година странците ни наметнаа правила за составање мнозинство кои никаде во друга држава ги нема. Криви се тие што оставија да им се наметнуват такви правила.
Сега ти кажи ми кои се тие кривите?
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom