P
psychostasia
Гостин
Па веројатно немало кој да ти кажува поплаки. Еве јас можам да ти кажувам како еден од тие што беа средно тогаш кога почнаа фамозните информатички проекти на преродбата. Терминалите беа лошо инсталирани, професорите беа без никаква контрола и учениците си играа флешки и си гледаа тогаш high5, пријатели.мк и фејсбук. Нити имаше што да предаваат на тие компјутери нити па знаеја тогаш добри 90% од наставниците да ракуваат со компјутер уште помалку па со edubuntu (ко да не им беше доволно баук да имаат компјутер пред себе за работа). Некои наставници со контролата се справуваа така што ги собираа маусите во фиока кај нив, други пак ги исклучуваа од струја скроз од осигурач и разни начини бараа за да имаат контрола врз вниманието на учениците ама сите беа сложни дека тие компјутери беа само пречка за вниманието и концентрацијата и дополнителна одговорност. Уште купишта поплаки има за тој проект и неговите штети.Единствените поплаки кои јас ги слушнав за компјутерите во основните и средните училишта, беа поплаките за неписмените наставници и професори кои не знаеја да ги користат. Имам колеги кои работат во банките и велат дека и таму имаат вработени кои се плашат од компјутерите, ги исклучуваат мониторите и ги затвораат шалтерите под оправдание дека компјутерот се расипал, само бидејќи не знаат да работат со новиот софтвер кој неодамна банката почнала да го користи. Фала му на Бога, денес се помалку ги има такви примери во споредба со ситуацијата пред 10 години.
И што ако ја вратија информатиката како задолжителен, ко демек децата не знаат да ракуваат со компјутер? Да беше тоа проект донесен во '98-ма кога компјутер имаше еден во маало и сите се збираа кај него, па да има нешто за восхит. Еве јас пак сметам дека информатика е еден од предметите што може слободно да ги укинат затоа што ама баш ништо корисно не учат децата. Ворд, ексел, антивирус, што било www, како се правел и-меил, големи тикви што ќе научеле во време кога секој има по најмалку еден компјутер дома. Да не беше профит во прашање ни информатика ќе се видеше ни haier ќе знаевме што е.