Здраво
@Емкаа, не им се секирај на другите, секој си има свое мислење, битно е дека ти знаеш какво куче имаш и дека сакаш да работиш на проблемите, а за другите - лесно е да држиш предавања на форум, тешкото е да ги засукаш ракавите и да поработиш.
Прво, како што мислам пишав и кога првпат го зема кутрето, батали ги тие глупости со доминирање и алфи, бети..... Тоа само ке придонесе твоето сопствено куче да те испокаса, заради твое идиотско однесување. Ова го велам не како навреда туку базирано на ФАКТ и тоа НАУЧНО ДОКАЖАН ФАКТ дека домашните кучиња не користат доминација во нивните социјални интеракции, нити меѓѕ себе нити пак со други видови. Ок? Тоа што сите брзаат да го окарактеризираат како доминантност е најчесто недоволно воспитување и силеџиско однесување, па алфа е само поголем силеџија. А ние луѓето имаме мозок, па не мораме да бидеме алфи, оти има многу полесни начини да им објасниме на кучињата што бараме од нив.
Колку што можев да рекапитулирам од твоите претходни постови-
*кутрето уште од многу младо имаше проблем да останува само
*уште од многу младо беше тешко да се смири и сакаше да гризе
*во последниве два месеци беше многу болен,и му требаа чести терапии
*во склоп на тие терапии најмалку 5 дена по ред примаше толку болни инекции што тројца луѓе одвај го додржуваа и можеше да ги слушнеш неговите крици и во друга просторија
*кучето сеуште не стои мирно нити сака некој да го држи
*проблемот со несакање да остане сам не е решен и се влоши додека беше болен
*сега станува агресивен со вас и со непознати лица
Ако сево овае точно - слободно додади уште некоја информација - кучето твое нема никаков проблем со доминација или тврдоглавост, туку реагира сосема логички и нормално - за неговата ситуација. Со други зборови кучето ти е страшно истрауматизирано од луѓе и тоа што го гледаш е нормална одбрамбена реакција.
Емкаа, по не твоја вина си добитник на многу лоша генетска лотарија со твоето куче - не заради расата, туку заради индивидуалниот квалитет на леглото од каде потекнува твоето куче. Демодексот ќе го менаџирате за време на целиот негов живот и тоа е тоа. Браво за тебе што разбираш каква е ситуацијата и сакаш да го поправиш проблемот. Не дозволувај никој да ти вели дека незнаеш какво куче имаш бидејки идиотски е да очекуваш од маламут да се однесува како лабрадор или пудлица.
Нејсе, проблемот јас мислам дека е во страшната траума со Лендацинот, но не е твоја грешка, бидејки не можеш да ги знаеш реакциите на лековите. Лендацинот е многу болен, и предизвикува многу јака иритација на ткивата, така да затоа најдобар начин да се аплицира е полека интравенски. Жално е на ова време да ветеринарот не се потрудил да најде побезболен начин да го даде лекот, како што ти пиша Пепа, има и други начини.... Е сега ај размисли, за куче кое не сака да го допираат, а камо ли да го држат тројца луѓе со сила, за некој да му прави нешто исклучително болно и тоа со денови, а никој од неговите луѓе не е во близина да му помогне..... епа како поинаку очекуваш да се однесува?
Треба дресер, да - но никако некој што работи со тепање или страв - на тоа куче сега му треба да се одучи од тој страв, а не да биде уште потрауматизиран, ишто е најважно, сега треба сите вие како фамилија да работите со него за да се научи да ви верува вас пак.