како е на Скопелос, еден србин ми вика само јужна страна, северната е иста како северна Евиа, ништо посебно? Освен тоа ако се оди без кола, колку далеку е од смештајот што го нудат нашите агенции до плажа и супермаркети ?, истото прашање и за Скијатос .
Скопелос(островот) е вистински бисер, едно од најубавите места што сум ги посетил. Борова шума и прекрасно море. Доволно места да се посетат а да не биде `едно па исто`. И пред се, мир, кој го нема на Скијатос. Скопелос секогаш ќе ми биде пред ултракомерцијалниот Скијатос. Јас го искомбинирав и со неколку дена на Алонисос - егзотика. На топ листата од места во Грција ми го дели првото место со Крит, иако се сосем други светови(Крит е огромен и подобен за луѓе кои сакаат подинамичен одмор и авантура а Скопелос е мало островче со сите нишани и прекрасна Хора).
На Евиа не сум бил и не можам да дадам споредба но мислам дека е сосем `друго 20`. А тој што ја поделил таа педа рај на северна и јужна и бара `посебности` на Егејот или е некој експерт за топлите мориња околу Нова Каледонија или Малдиви или репер му е `брате`туризмот од типот сви срби на Закинтосу и гостувањата на српските певаљки таму. Имам запознато и такви експерти `ма који к.рац брате, боље је у Пефу`. Батали ги.
Туристичка агенција немам посетено доолги години и не знам ни дали се нуди Скопелос воопшто?
Маркети има доволно, АБ, Маринопулос и уште по некој(сите се во Хората- градот Скопелос)а плажи нема песочни како на Скијатос но во тоа е шмекот на островот. Кола е задолжителна, ако е мало островчето. Нема така организиран превоз како на Скијатос.
Ако не заминам наредно лето на Јадранот, со посебен ќеф би му се вратил на Скопелос!