Врти по македонскиве Интернет портали за Вардар - Копенхаген за квалификации во Лига на Шампиони, се сетив дека со закон фудбалските, кошаркарските и ракометните клубови прволигаши сега се акционерски друштва, па ми текна да прашам дали некој инвестира во нив ?
Единствена сигурна инвестиција на мене лично ми делува Вардар бидејќи е во сопственост на Сергеј Самсоненко, кој од пред 2 дена стана и генерален менаџер на машката руска национална репрезентација во ракомет, а актуелниот спортски директор на РК Вардар Едуард Кокшаров стана селектор на репрезентацијата.
Но дали ФК/РК Вардар издава(ат) акции на берза и дали ви делуваат како исплатлива инвестиција ?
Истото прашање и за останатите спортски клубови.