Што е со нашава пошта?

  • Креатор на темата Креатор на темата mikie
  • Време на започнување Време на започнување
Член од
14 јули 2017
Мислења
169
Поени од реакции
133
Здраво,

Пред некое време почнав да продавам на Ebay, со српски Paypal се снајдов преку роднини. Се иде супер купувам работи за 100че ги продавам за 1000че да се рече.

Едино нешто што ми кине конци е македонскава пошта. Досега пратив еден паќет со количка околу 300грама ми вика 358ден. Ајде оќеј, заработка 250ден, си викам да накачам шипинг за следен пат.

Завчера на Ebay ми купуваат 2 скулптури украси од КЕРАМИКА. Јас си ги пакувам, ставам фолија со меурчиња ги обвиткувам заштитени ги пакувам у дебело писмо. Идам во пошта на железничка ми вика таа на пратки: Штом е кршливо неможе да го пратиме.. И викам и сеа као да го пратам ме упатува кон типот на другиот шалтер ми вика да го стаиме у пакет па шо биде биде. Ај го стаивме се враќам ми калкулира нешо ваму трте мрте ми вика 750ден дамата. А паќетот тежи 400 грама.

Викам заеби не го праќам, прашувам за ценовник ми вика сменети се цените од први не ги знаеме ни ние, барам онлајн ништо тачно.

Денес пак отидов ми купија шишенце стаклено. Овој пат сам си го спакував у пакет со весници го напунив цел пакет НЕ МРДА! Идам у Чаир шо ми е најблизу поштава ми вика неможе кршливи работи да пратиме, едино ако сум сакал како "обично писмо да го пратам" ама не ми гарантирало дека ке стигне тоа. Ми викаат иди упати се на Железничка.

Ај јас пак на Железничка ми викаат истото, ме упатуваат кај типот на крај ми рачуна пак нешо си лупна цена мајсторот 1550денари. Ајде бе? Го прашувам кај тебе зашо може а кај колегиве подолу кај што обично се праќа неможе? Епа ете така.

Се распрашав за цени некаде ми викаат до 1кг = 600 ден.

Си го земав паќетот, патот дома.

Сега, знае ли некој некој бијпес на овој македонски идиотизам за тоа како да си ги пратам моите кршливи работи? И цени според што се калкулираат?
 
Ист план имав, ама откако разгледав опции се откажав. Не можеш да заработуваш со продажба онлајн во Македонија. Барем не со праќање во други држави. Цените за праќање се катастрофално високи.. Единствено во други градови, преку Карго или нешо слично.
 
Не сакам да се предадам сеуште. Цените се смешно високи, ќе ставам поголем шипинг, ќе го купи некој, ама ме изненадуваат секој пат со нивните регулации на кои што нема алтернатива.
 
Абе невидени цареви се овие, да ги нема треба да ги измислат. Не сакам да навлегувам во политика овде, има си тема за тоа, но реформи во Поштата и поштенските услуги мора да има. И да ни дозволат да примаме пари на ПП со оваков распаднат систем ништо не правиме. Сите зборуваат како сакаат да се подобри интернет трговијата овде но никој ништо не презема, царини до небо, примање пари јок, крадење на пратки од поштариве на ниво, шипинг изгор скап, оданочување големо итн. Добро за некои работи владата не може да помогне, но за некои секако може. Лесно е да се каже ние се залагаме за поголема интернет трговија, но со дела ништо. А притоа за труби за укинување на факинг РДТ цел месец, а од друга страна имаме луѓе како членот погоре каде лебот му го зимаат.
 
Мене ме лути што македонска пошта краде пратки.
За пошта ич не се поштени.
Ќе земам сам на себе ќе си пратам нешто ситно со GPS и GSM модем да видам кај ќе заврши.
Арамии невидени се, тоа срам е да ја наречеш државна институција, сепак..Македонија е ова..

Планов со GPS не е лош
 
Со толку зелки внатре тешко дека некоја пратка ќе стигне на време или како што треба до назначената адреса.
 
Да си отвориме своја - “жолта“ :) ако нечини оваа државната ...се додека не влегол странски капитал, додека Пошта стагнира со зелки и непрофесионални партиски дунстери кои крадат и аљазат, додека владее хаос во поштенскиот и бизнисот за брза пошта...
2 инвеститори со по 20-25 карти + 50 од еден од најдобрите компании на Балканите од оваа област + лизинг од некои 50-тина карти... то е.
 
Абе невидени цареви се овие, да ги нема треба да ги измислат. Не сакам да навлегувам во политика овде, има си тема за тоа, но реформи во Поштата и поштенските услуги мора да има. И да ни дозволат да примаме пари на ПП со оваков распаднат систем ништо не правиме. Сите зборуваат како сакаат да се подобри интернет трговијата овде но никој ништо не презема, царини до небо, примање пари јок, крадење на пратки од поштариве на ниво, шипинг изгор скап, оданочување големо итн. Добро за некои работи владата не може да помогне, но за некои секако може. Лесно е да се каже ние се залагаме за поголема интернет трговија, но со дела ништо. А притоа за труби за укинување на факинг РДТ цел месец, а од друга страна имаме луѓе како членот погоре каде лебот му го зимаат.
Не се жали, поштата е таква, затоа што тоа беше политиката на твојот газда Грујо - да се измолзе народот со најразлични давачки, задолжителни плаќања, услуги кои никој не ги бара, драконски казни...
 
2 инвеститори со по 20-25 карти + 50 од еден од најдобрите компании на Балканите од оваа област + лизинг од некои 50-тина карти... то е.

Ќе може ли мало подобјаснување по ПП? :D
 
Од мое лично искуство ради неписмената багра у пошта наместо 1000 си платив 5500 денара... со нив да си немаш работа за ништо... сите неписмењаци и лопови ги напикаа у пошта. Катастеофа се у секој поглед!
 
Не се жали, поштата е таква, затоа што тоа беше политиката на твојот газда Грујо - да се измолзе народот со најразлични давачки, задолжителни плаќања, услуги кои никој не ги бара, драконски казни...
Да многу лош газда ми беше, а да се жалам ќе се жалам, како некој кој купува онлајн често да ми прават такви срања неможе. Досега ниеден директор во последните 11 години не се погодил како што треба. Никакви реформи не се направени, ништо не е изменето во работењето. Затоа мора да се реагира и да се поттикне владата на реформи во поштата, некој стручен директор (поможност не од ДУИ) и да се растерети народот од давачки.
 
Поштата од секогаш била таква, и пред 20 години исто беше, ништо не е сменето. Никогаш и нема да се управи.
 
Темата е ептен на место.
Ние прво немаме пошта, ова е се само не е национален поштенски сервис. Резил жив се.
Сметка и фактура неам добиено со помалку од месец закаснување, сто пати пријавено, резултат ич.
Најголем дел од новите вработени се чисто партиски војници и за нив важи само суд партије, работна дисциплина никаква, као во повеќето државни фирми. Проблемот е што многу мал дел од новинарите се занимаваат со истраживачко новинарство и да направат една добра статија или емисија за колку како и каде исчезнуваат пратките, како вчера отворени приватни фирмичиња за пратки ја шијат Мак. пошта во секој поглед. Пошто е дел од колачот на ДУИ да се види кој и како управува и зошто е ваков хаос.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom