А кој треба да одлучува за тоа, Германците?
Нормално дека е Македонизам, може и Александризам според личноста. Но сепак, јас преферирам првото.
A koj si pa ti da odlucuvas??Dali imas diploma deka si zavrsil istoriski nauki??
I na se ova sho diskurirame odgovorot go ima najpoznatite svetski istoricari. Nisto ova so go citas ne e od mene od istoricari e koj cel zivot go posvetile na Aleksandar.
Н. Г. Л. Хамонд
“Останатиот дел на гркоговорниот свет се протегаше од Пелагонија на север до Македонија на југ. Тој беше завземен од неколку племенски држави кои постојано беа во војна против Илирите, Пајонците и Тракијците
. . . . . . . . . . . . според мислењето на градовите-држави овие племенски држави беа заостанати и недостојни за грчкото име, иако говореа дијалекти на грчкиот јазик. “
N. G. L Hammond – The Genius of Alexander. Page 18
“Хесиод немаше да го забележи овој однос ако не веруваше. веројатно во седмиот век. дека Македонците беа гркоговорен народ. Следниот доказ доаѓа од Персија. На почетокот на шестиот век Персијсците ги опишуваа народите кои плаќаа данок во нивната провинција во Европа, и еден од нив беше “yauna takabara“ што значи “Грци кои носат капа“. Постоеа Грци во градовите-држави и во провинцијата. но тие беа од разни потекла и не се разликуваа со заедничка капа, каусија. Заклучуваме дека Персијанците веруваа дека Македонците беа говорници на грчки јазик. На крај, во подоцнежниот дел на петтиот век грчкиот историчар, Хеланикус, ја посети Македонија и го измени родословието поставувајќи го Македон не за братучед туку за син на Аеолус. така доближувајќи го Македон цврсто во аеолскиот огранок на гркоговорното семејство. Хесиод, Персија и Хеланикус немаа мотиви да прават лажни сведоштва за јазикот на Македонците кои тогаш беа опскурен и не беа моќен народ. Нивните независни сведоштва треба да се сметаат за конечни.“
N. G. L. Hammond. “The Macedonian State”. Clarendon Press. Oxford. 1989. pp. 12-15
“Сега изгледа дека Александар бараше од грчките држави јавно и универзално признавање на неговите дарови, и тој го сакаше као самиот да е Грк од семејството Темениди.“
N. G. L Hammond: The Macedonian State: pg 235
“Иако јужните Грци во светот на градовите-држави не беа свесни за фактот, Македонците беа сами пример од Грчката експанзија која расади колонии во многу места на медитеранскиот брег. Тие научија многу од нивните соседи-Тракијците, Фригијците и Илирите и во 650 г. п. н. е ги ставија нивните лекции во добра служба. Со прогонство и во некои случаји со уништување на претходните жители тие создадоа цврст блок на гркоговорни Македонци во Пиерија, Еордеја, Алмопија и Ботиеја, која беше во време на неволји скоро ненамалив минимум на македонската сила.“
N. G. L. Hammond. A History of Macedonia I (1972): p. 440
“Мора да се сетиме дека исто така Филип и Александар беа Грци, потомци на Хераклиј. Тие сакаа да бидат признаени од Грците како доброчинители на Грците.“
N. G L Hammond [1989] “Alexander The Great” p. 257
“Како Грк Александар се обидуваше да го смени со векови стариот курс на политиката на државите-градови од империјалистички партикуларизам и меѓусебна борба во федерален систем и експанзија према надвор во смисол на влијание, населување и трговија.“
N. G L Hammond [1989] “Alexander The Great” . p. 259
“Интензивните ископувања покажаа дека главнината од копното искуси инвазија од големи размери c. 2000-1700 п. н. е. . Последниот бран Грци, представени со нивниот предок Дорус, влегоа во Грција во вековите c. 1125 – c. 1025 при што нивниот дијалект беше дорски и северозапеден Грчки. Бидејќи дојдоа од подрачјата на Епир. изгледа веројатно. дека резервоарот на гркоговорните народи од кои оваа инвазија се прошири беше ситуиран c. 2000 п. н. е во Албанија и во западна и јужна Македонија. “
Oxford Classical Dictionary. 2nd ed. (1970). s. v. ”Greece. ” by N. G. L. Hammond. p. 478”
“Религијата на самите Македонци беше хеленска како што е докажано со имињата на македонските месеци. Култовите на повеќето главни грчки божества се доволно потврдени за раниот период. “
Oxford Classical Dictionary. 2nd ed. (1970). s. v. “Macedonia. ” by N. G. L. Hammond. p. 634
“Филип беше роден како Грк од изразито аристократско, навистина од божествено потекло. Филип беше и Грк и Македонец, како што Демостен беше Грк и Атињанин“
Nicholas G. L. Hammond. ‘Philip of Macedon’ Duckworth Publishing. February 1998
Улрих Вилкен
Ulrich Wilcken. “Alexander the Great”. New York 1967
“Александар го представува целокупниот курс на грчкиот живот„
p. 2
“Александар ја превзеде како прва должност ослободувањето на грчките градови од Персијскиот јарем“
p. 80
“Секаде ослободувањето од персијскот владеење беше поздравено со ентузијазам и Александар беше прославуван како ослободител“
p. 91
“Неговата желба беше, како во неговите претходни освојувања да го поплочи патот за грчката култура“
p. 184
“На овој начин грчката технологија и наука беа применети на индијската почва, додека Александар ја покоруваше земјата“
p. 194
“Од тогаш тој ја следеше само својата втора цел, освојувањето на Азија за себеси и за грчката цивилизација„
Самите култни епитети на овие Птолемеиди. кои Египќаните со потешкотии ги репродуцираа во нивниот јазик, ни покажуваат дека култот на хеленистичките кралеви беше од чисто грчко потекло. “
p. 276
“. . . така во средината на ориенталниот свет зе возвиши грчкиот полис, чии граѓани донесоа со себе си и продолжија да користат грчки јазик и религија, закон и општествени обичаји. “
p. 299
“Така наложената од Александар идеја за ширење на грчкиот јазик на Истокот беше остварена со голем успех од неговите непосредни наследници во Азија и Европа. “
p. 308
Бернард Рандал
Bernard Randall. “Alexander the Great: Macedonia King and Conqueror”. New York 2004
“Во тринаесет години од неговото владеење како крал Александар II од Македон, тој стана од владател на водечката земја во Грција до освојјувач на најголемата империја која светот ја виде. “
p. 7
“Тој самиот веруваше дека е син на Зевс, кралот на грчките богови. “
p. 7
“Тој го направи Египт и блискиот исток дел од грчкиот свет, и тој иницира ширења на грчките идеи и филозофија далеку вон Грција. “
p. 8
“Додека Атињаните владееле со себеси како демократија, Македон беше се уште владеен со тип на монархија која ишчезна од другите градови држави со векови пред тоа. “
p. 10
Томас Р. Мартин
Thomas R Martin. “Ancient Greece From Prehistoric to Hellenistic Times”. Yale 2000
“Македонците имаа нивен јазик поврзан со грчкиот, но членовите кои го доминираа македонското општество рутински учеа да говорат грчки бидејќи тие мислеа за себеси и навистина за сите Македонци за Грци по крв. “
p. 1
Робин У. Винкс
“Денес, научниците ги дебатираат ефектите од “хеленизацијата“-грчкото влијание-на домородната популација на грко-македонските кралства. Некои се залагаат дека грчките и домородните популации беа одвоени. Според ова гледиште. владеачката класа бепе составена скоро ексклузивно од Грко-Македонци, и грчки културни институции (како гимназијата или хеленските религиозни фестивали) имаа привлечност само за Грците, додека домородните традиции продолжија негибнати помеѓу домородците. “
“The Ancient Mediterranean World: From the Stone Age to A. D. 600″
By Robin W Winks. Susan P Mattern-Parkes. page 105-106
Џонатан М. Хол
Jonathan M. Hall. “Ethnic identity in Greek antiquity”. Cambridge 2000
“. . . на Дорците исто така им се припишува воведувањето на “протогеометријска“ грнчарија, популарна низ Грција во 10-от век п. н. е. Нејзината линеарна декорација и претпочитање на поостри облици изгледа представува јасен контраст со LHIIIC садовите и Теодор Скит застапуваше дека е возможно да се бара нејзиното потекло и дифузија низ стилска анализа, особено на карактеристичниот концентричен кружен мотив, Скит застапуваше рана појава на овој мотив во Тесалија и Македонија од каде беше разнесуван спрема југ, и го прогласи неговото минување на сериите миграции кои ги донесоа Дорците на Пелопонез. ”
Џорџ Коквел
George Cawkwell. “Philip of Macedon”. London 1978
“Македонците беа Грци. Нивниот јазик беше грчкиот, ако се суди по нивните лични имиња и по имињата на месеците од нивниот календар. Македонските амбасадори можеа да се појават пред атинските собранија без да им требаат преведувачи. Во сите Демостенови закачки околу нивната цивилизација нема трага дека Македонците збореле друг јазик освен грчки. Но тоа беше посебен дијалект кој не беше веднаш разбирлив за другите Грци. “
p. 22-3
Фергус Милар
Fergus Millar. “The Roman Empire and its Neighbours”. 2nd ed. . London 1981
“Важноста придадена на Хадријановата институција е најдобро илустрирана со натпис од раниот трет век од Тесалоника во чест на локален магнат . Т. Аелиус Геминус Македо (т. е. Македонец). кој не само што држел магистратури и обезбедувал дрво за базиликата во неговиот град и бил империјален куратор во Аполонија, но бил и архон на Панхеленскиот конгрес во Атина“, свештеник на обожениот Хадријан и председател на осумнаесетите Панхеленски игри“.
p. 205-206