Прво научи ја разликата меѓу комунисти и партизани. Првите се припадници на политичка и системска идеологија, а вторите се герилски борци со посебен тип на тактичко делување во услови на војна. Во војната добар дел од луѓето немале појма што е тоа комунизам, но биле партизани затоа што се бореле за сопствен живот и слобода и се приклучиле кон најорганизираната форма на отпор која ја воделе комунистите.
Јас имам право да се поистоветувам со кого сакам. Тоа е наднационално движење кое дава слобода секому да се произнесе како се чувствува по националност. Тоа е една огромна придобивка од која и нашиов народ се има офајдено и затоа ако имате малку памет, кон петокраката треба да се однесувате со почит и достоинство.
Мојот однос кон бугарската култура воопшто сум го разглабал на форумов безброј пати и нема да се повторувам. Нивната асимилаторска позиција длабоко ја презирам и секогаш ја критикувам. Со глава тврдам дека и ден денешен дпне е целосно гангреносана со бугарски инсталации и дека тоа ни атомска бомба не го решава.
Се појави нов момент во кој очигледно ЕУ ја сфаќа опасноста од националистичките страни и партии во двете земји и затоа ги седнува на маса двете условно кажано помеки страни и ќе видиме што ќе понуди. Интересно е дека после превратот у Панорама, српските служби ја орале дпне цели 11 години и за чудо, односот со Бугарија беше замрзнат и наспроти пробугарските афинитети на членството, кое вади пасоши на големо.
Жешки глави има и на двете страни и ако јас седнам да пишам твит (ко шо ти љубиш), во Бугарија ќе си мислат дека овде сакаме у логори да ги наредиме. Ама тоа, наивно дете, се ставови на поединци кои немаат никаква улога у процесот. Замисли Меркел да седне да ги слуша проповедите на твоите идоли ниче македон и дардан венетски - ќе повлече амбасада од овде и ќе прекине секаков контакт со државава на секој план.
Хипотетичките ситуации "кого прв би стрелале комунистите" ми е многу инфантилно да ги коментирам. Во СФРЈ, името ВМРО беше светиња. Во школо се учеше дека НОВ е логичен континуитет на тоа врвно македонско револуционерно достигнување (до тогаш) и дека токму тој е круна на нивните темели. Така да некој кој ги нарачал и организирал атентатите на пола од таа организација
@Beric Dondarrion и отворено шурувал со бугарскиот двор, никогаш не би бил херој, туку џелат. Улогата на Колишевски е дискутабилна и повеќе од извршна природа, а не наредбодавна. Не знам кого прв, ама фамилијата ќе беше на список за стрелање од прв до последен заради свесно отфрлање на словенското потекло на народов, тотално промашената тактика кон ш иптарското малцинство и извршениот геноцид и егзодус на сопствениот народ спроведен преку тотален грабеж на државата, државните ресурси, урнисувањето на правниот поредок, здравство, образование и сите други сфери на живеење. Дали заев заслужил стрелање - за вас у дпне сигурно, пошо е дежурна баба рога со која ве плашат со години, а за целиов народ - не знам. Допрва ќе видиме.