Меѓутоа тоа воопшто не е, односно не треба да биде целта на радиодифузниот сервис. Целта е истиот да обезбеди квалитетна информативна, образовна програма, да инвестира во домашна продукција, истата да едуцира да овозможи широк спектар на програми итн.
Да се разбереме, убаво би било на секоја телевизија да има разновидни странски фудбалски, кошаркарски и ракометни лиги (дури и на МТВ се сеќевам дека пред едно 13 години одеше Премиер Лига), но тоа не треба да биде јавниот сервис. Јавниот сервис би можел да пренесува домашни спортски првенства на пример, покрај нели стандардните ЛШ и ЛЕ.
Исто и за филмскиот / серискиот програм. Добро е да ги има, додуша МТВ имаат прилично солиден избор на филмови и серии, но не треба истите да бидат присутни постојано секој ден и тоа само на првиот програмски сервис. Затоа треба како и секаде во Европа да има неколку канали и секој да биде со специјализирана содржина. И да, жалосно е што МТВ е единствен јавен сервис кој што нема своја домашна сериска програма.
ЕДИТ: Сега ти го видов и горниот пост, се согласувам во целост.