Се гледа дека некои фанови од други екипи си прават свои приказни и ја немаат пратено целата ситуација и знаат само дека наместо 4 мил сега доби 6 мил годишно и готово Донарума е победник, а Милан изгуби многу со тие 2 мил плус.
На пресот кога соопштија дека официјално нема да го продолжи договорот Фасоне кажа дека му беше понуден многу побогат договор од оние 4.5 + бонуси. Кинезите ветија дека по превземањето на клубот најважно е да се задржи Донарума и сите планови да почнат од него.
По нападите на Раиола дека клубот не се грижи за неговата безбедност следуваше одговор од Фасоне со кој го искажа и сомнежот, дека последниот збор го има Раиола, а не Донарума. Затоа што Донарума на секоја средба со Милан изјавувал дека сака да остане.
Раиола очајнички проба со пораки преку Погба, твит напишан од братот на Раиола
"Раиола, Донарума, вчера, денес, утре", деактивирање на инстаграм демек хакиран, а после еден час Раиола го пишува истотото она, што го имаше објавено на инстаграмот на Донарума.
![Пукам од смеа! :LOL: :LOL:](/styles/default/xenforo/smilies/laugh.png)
Фановите, поранешни легенди на клубот го критикуваа. Немаше друго освен повторно да се започнат преговорите за продолжување на договорот. После тоа и неговата фамилија направи притисок.
Победник излезе клубот, затоа што можеше:
- Да го изгуби најголемиот талент, што го има од школата во последните 20 години, а како што тргнале ваков нема да имаат ни следните 100 години.
Немаше официјални понуди така да ни 30 мил што се пишуваше немаше да ги земат, a ќе требаше да купат нов голман. Сега со 70 мил и не е исто. 5% оди на Раиола. 3.5 мил
- Да прифатат договор со смешна клаузула за неиграње во лига на шампиони. Понижувачки беа тие 10 мил.
- Цела сезона да седи на трибини и ќе купеа некој голман до кај 10 мил како Нето, Харт, Перин итн
За неговиот брат ми е гајле и така на местото на Габриел и Плицари ќе одат на позајмица и требаше да земат уште еден резервен голман и да го плаќаат 800К до 1 мил годишно. Првиот не го бива, другиот мора да има поголема минутажа.