Дали монасите во манастирите за муслиманинот се вистински христијанин?
Дефинирајте еднаш вистински христијанин, вистински муслиман и осудете се друго...
Вака „вистински христијани“ не знам за кои мислиш...
Вистински христијани се оние кои веруваат само во Еден Бог и веруваат дека Исус(Иса) е негов пратеник и ништо повеќе, впрочем тоа е и верувањето на раните христијани кои исправно верувале во Бога и Исус како негов пратеник
Вистински муслимани се тие што веруваат исто така во Еден Бог, кој ги пратил како негови пратеници и Адам(Адем) и Ное(Нух) и Давид(Давуд) и Мојсеј(Муса) и Исус(Иса) и ги потврдуваат сите Божји чуда кои се случиле а се врзуваат со раѓањето на Исус и потоа во неговите способности кои му биле дадени од Бога, и на крај веруваат во Последниот Божји Пратеник, Мухаммед. Нека е мир над сите Божји пратеници.
И осудуваме се друго и други креации како исис, ал каида и слични креации кои сакаат да им ги подметнат на муслиманите со исламски предзнак, а најповеќе штета од нив доживеале самите муслимани.
Ги осудуваме убиствата на сите невини луѓе, без разлика на верска припадност од сите будали кои се дигнале во воздух, влетале со камион или пукале по луѓе на улица без повод и причина, нив ги осудуваме без разлика на нивната верска или неверска припадност.
Во ред ли е?