Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
До сега паметни засилувања, за поширок ростер и за малку пари, но засилувања во ранг на Фиорентина и Лацио, освен оној десниот бек кој со бонуси може да дојде и до 19мил.

Морено и Гоналон се искусни играчи, посебно Гоналон, капитен на Лион,играч за кој Наполи лани даваше 20мил и не успеа да го земе, играч кој последните неколку години има највеќе испешни стартови и одземени топки во француско првенство, ќе се мењаат со Де Роси. За средниот ред не се сеќирам многу, тука се Раџа и Кевин, освежување ќе биде Пелегрини, уште малку ќе го имаме и Флоренци, а доколку Герсон оди на позајмица ќе се донесе уште еден средњак. Повторувам, Пелегрини може да биде вистински полн погодок.
Незнам што ќе прават со Бруно Перез, но доколку остане ќе имаме добри десни бекови на лагер вклучувајќи го овој новиот.

Можеби и подобро испадна што наместо Манолас за 35мил да го дадат Рудигер за скоро 40мил.
Фазио, Манолас, Морено и Хесус моментално ги имаме, е сега дали ќе се дрзнат да купат 19 годишњак од Естудијантес или Начо ќе видиме, Манолас и Начо не изгледа воопшто лошо и за во иднина.

Руи одлична зделка за 9-10мил плус 2мил бонуси. Не играше многу,скина лигаменти,али се виде дека нема никаков потенцијал во него, среќа Сари многу го сака уште во Емполи кога го тренираше, па не само што си ги вративме парите(3мил веќе платена позајмица и уште 6мил за откуп) значи во оваа календарска година ќе бидеме 4мил во плус од овој трансфер плус додатни 2мил:D
Али секако ќе се купува еден лев бек, Палмиери ќе го чекаме во септември/октомври, враќање на Дигње и не е лоша идеја.

Голман како што кажав, Алисон ќе биде прва веќе, се надевам ќе одбрани на ниво на Шчезни од лани, од Скорупски вајда ќе заработат +10мил. И сигурно ќе се бара искусен голман за замена.

И за крај останува нападот, тука ме интересира што ќе вклопи Мончи. Потребни се две десни крила и шпиц замена за Џеко. Можно е да дадат големи пари за едно десни крило, а другиот играч да биде универзалец кој ќе може и шпиц и десно крило да игра. А пријатно би ме изненадил доколку продаде некој од Пероти или Шарави на сметка на некое подобро лево крило.



Во глобала, не сум загрижен за ростерот, костурот на екипата сеуште не е разнишан, ако останат Манолас, Стротман, Џеко, Наинголан, Фазио и Де Роси ќе биде супер. Мене повеќе ме загрижува тренерот кој е новајлија во голем клуб и не многу искусен, коцка голема ќе биде. Освен тренерот, на коцка ќе биде голманската позиција со Алисон, донасањето на тој Фојд како замена за Рудигер и недоволно добра замена за Салах..
 
- Торино заинтересирани за Ел Шарави , после продажба на Белоти се очекува понуда а Рома бара 15 мил.
- За 2 голман најверојатно Миранте ќе биде ..
- Рома заинтересирани за Лукас Мура ,ПСЖ бара 30 мил.
- За централни дефанзивци сега нај актуелни Фојд и Начо но ќе ги има уште..

За средниот ред не се плашам ни јас, коска ни е со можност и Сери да дојде би било супер..
Исто и јас од Пелегрини очекувам многу се надевам со голема мотивација ќе продолжи во ист па и подобар ритам..
Највеќе кај што треба итно да се засилиме тоа е лев бек,централен дефанзивец, 2 голман, 2 десни крила и напаѓач ..Доколку се продаде било кој обавезно да се донесе играч за таа позиција..Пример Ел Шарави а да го донесат Папу Гомез..
Би било добро до 15 максимум 25 јули да го комплетираме тимот, до 15 за оние кои би биле првотимци ..
 
Ако дојде Сери, средниот ред ви е бомбона. Под услов да не го продаваат Раџа, а некако ми се чини дека ќе остане.
 
Штом дојде Гоналон, тешко дека ќе лупнат 30-40мил за исти тип на играч, кога и Де Роси го имаат
 
Сери е поофанзивен од Гоналон и Де Роси.
Ако дојде Сери, мислам дека ќе се решат од Жерсон. Подобро нека го пуштат на позајмица во некој калчолигаш, ако не му даваат кај нас шанса. Јас сум убеден дека ќе гази. Огромен потенцијал е дечкото. Како да лебди по терен. Машина.
Можат да му ја дигнат цената така.
 
Легендарниот Франческо Тоти нема да ја напушти Рома, иако ја заврши својата фудбалска кариера на крајот од минатата сезона. Иако имаше гласини дека можеби ќе продолжи да игра некаде далеку од Италија, во МЛС – лигата на САД или во Јапонија, сепак, тој ќе остане на „Олимпико“, во својот клуб Рома, како директор. Тоа го потврди новиот тренер на „волчицата“, Еузебио Ди Франческо.

„Речиси сме сигурни дека Тоти ќе биде нов директор на Рома. Неодамна зборував со него, и среќен сум што ќе го имам крај мене. Ќе ми биде од голема помош. Очигледно е дека како нов тренер не ја познавам толку добро средината, а Тоти ќе ми биде од голема помош, како некој што знае се за клубот. Тој ќе биде релацијата за сите во клубот“, откри Ди Франческо.

Се е подготвено Тоти да стане извршен директор на Рома, и заедно со Мончи, кој е спортски директор, ќе бидат новата раководна структура на римскиот клуб.
:aplauz:
 
Zapnale da shitnaat eden od odbrana. Se nadevam kje kupaat dostojna zamena. Treba da mu dadaat iskreno shansa na Verde na krilo. Dade 8 golla i nekollku asistencii ovaa sezona u B serija.
 
Лукас Моура:cool:

Ако е вистина ова за Моура, тогаш можам да кажам дека Рома се засилува, а не ослабнува.
Гледам и Дефрел притиска за во Рома да дојди. Свесен е дека ќе е замена за Џеко, но сепак сака да се покаже. Такви фудбалери ѝ се потребни на Рома, а не со загарантиран првотимски статус.

Инаку во врска со средниот ред. Енигма е ситуацијата со Раџа. Се молчи за нов договор. Можеби чекаат високи понуди да видат до каде може да се оди. Јас ќе кажам, ако го продадат на било кој да Бог да завршиме 15 место. Таков играч нема замена. За бедни 60-70 милиони таков играч???? Ако Погба вреди 100 овој 200 милиони вреди.
Со Стротман и Де Роси се реагираше брзо. Требаше и со Раџа да се реагира, а не вака да чекаме и да се думаме што и како ќе биде.

Ако остане Раџа средината ќе ни е појака од минатата сезона. Де Роси, Гоналон, Стротман, Пелегрини, Раџа, Жерсон. Можно е да има трампа Жерсон-Донсах, а исто така се шпекулира постојано за Сери, кој би легнал супер. Ако дојде ондак средината ќе биди перфектна.

За напад веќе се шпекулира на големо за Лукас Моура и Јармоленко. И двајцата можат да играат и десно и лево крило. Да можат да го продадат Пероти за 15 милки и со тие пари да го донесат Јармоленко, а исто така Моура да дојде за десно крило и напад Џеко има да сме топ. :D

Одбраната е најматна сега за сега. :) Ридигер си замина, а треба да се донесе негова замена. Треба лев бек. Исто така Манолас мора да остане. :)

Тоа би бил иделаниот тим. :D

.........................................................Алисон/Скорупски/Лобонт........................................................
Карсдорп/Бруно Перез...........Манолас/Морено/Фојт/Фазио/Жезус..................Диње/Емерсон П.
......Стротман/Пелегрини.................ДеРоси/Гоналон/Раџа.....................Сери/Жерсон.................
.......Моура/Флоренци..............................Џеко/Дефрел.........................Јармоленко/ЕлШарави.....

Ова би било најидеално. За црвените се шпекулира.
Значи би имале 25 фудбалери. За секоја позиција по најмалку 2 квалитетни играчи. Не само што нема да биде ослабен тимот, туку и драстично појачан ќе биде за разлика од минатата сезона. :)
Ај доста си играв менаџер :D
 
Blisku sme do potpis na 19godishniot turcin Cengiz Under, i Defrel od Sasuolo. Se nadevam nema da go dadaat Naingolan....
 
За Џенкис и Манчестер С. е заинтересиран па 50-50 се шансите...
Ди Марцио пренесува дека е спремен нов договор за Наинголан.
Настасич 99% го земаме како замена за Рудигер.. 2 милиони за позајмица и 9 за обавезен откуп..
 
За Џенкис и Манчестер С. е заинтересиран па 50-50 се шансите...
Ди Марцио пренесува дека е спремен нов договор за Наинголан.
Настасич 99% го земаме како замена за Рудигер.. 2 милиони за позајмица и 9 за обавезен откуп..

Настасич останува во Шалке. Ченгиз ќе потпише за вас и е на пат кон Рим.
 
Настасич останува во Шалке. Ченгиз ќе потпише за вас и е на пат кон Рим.
Да така е на крај на господата од Шалке им текна да го стопираат трансферот..
Џенкиз е на пат кон Рим се надевам нема Сити да го пренасочат авионот кон Манчестер..
Палота кажал дека нема да ги продаваме Манолас и Наинголан но со продажбата на Бонучи, Јуве се завртел околу Манолас и тоа ме плаши...
Засега напаѓаме на Марез, Лестер бара 50, Рома нуди до 35 па можно е да падне договор зошто моментално само ние сме заинтересирани а Марез сака да си оди...
 
Рома официјално го претстави петтото засилување за ова лето, туркскиот талент Ченгиз Ундер од Басакшекир пристигна на „Олимпико“ за 13.5 милиони евра, плус 1.5 милион евра бонуси. 20-годишното крило потпиша петгодишен договор со „Волчицата“.

„Среќен сум што ќе играм за Рома. Ова е голем клуб, со прекрасни навивачи, со нетрпение чекам да излезам на теренот. Мојата цел е да се наметнам во првиот тим и да покажам дека заслужувам повеќе шанса“, истакна Ундер при првото интервју за клубот.

Ундер имаше статус на првотимец во турскиот прволигаш. Минатата сезона за Басакшекир постигна седум погодоци, асистираше на пет, и придонесе за клубот да се бори за титулата во домашното првенство до самиот крај. Иако Бешикташ стана шампиони, Ундер е еден од најзаслужните што клубот успеа да се бори за пласман во групната фаза од Лигата на шампиони.
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom