Фан Клуб: Рома

  • Креатор на темата Креатор на темата runBABYrun
  • Време на започнување Време на започнување
За неполни 10мин почнува Рома -ПСЖ на арена спорт 1!!
Дефрел стигнал во Тригорија, нека му е со среќа...
 
Коларов во Рома .. ај што е слаб слаб е, сака само да се журка и не е сериозен, ама бивши лацијал :pov:


само ако даде гол во Дербито против мердашите и почне да се радува ќе ми направи ќејф:cool:
 
Гвардиола изјавил дека Коларов има шанса да оди во Рома и дека не сака да работи со играчи што не сакаат да останат, може да се каже дека ќе биде наш играч, што е тоа е..

Одбиена понуда за Марез од 30мил, Мончи ќе треба барем 35 да даде
 
55 бараат Лисиците... Би се спуштиле но под 45 тешко.. И Тотенхем влезе во игра за Марез.
На крајот ќе се задоволиме со Јармоленко и така..
Место да зачуваја пари да не фрлаја за Дефрел го имаме Садик антилопата и опниги на Марез ние се глупираме башка и Атлетико ни го нудеа Вието на позајмица..
Исти курац и со Коларов фрлање пари за пензионер, јесте да има искуство и сѐ тоа али не е он Дани Алвес..
Замена за Рудигер не се ни спомнува ќе ни игра спориот Фацио цела сезона и за пичкино влакно нема да фатиме ЛШ..
 
Коларов нема што да бара во Рома, човек кој се колнел во IRR и Лацио и скоро даде изјава дека сака да се врати во Лацио не треба да биде доведен во Рома.
 
Досега не се лоши трансфериве од гледна точка на расширување на играчкиот кадар. Значи на секоја позиција има по двајца солидни играчи освен на десно крило, каде со продажбата на Салах не се засиливме адекватно.
Ако се остварат шпекулациите за Марез и да донесат замена за Ридигер (се шпекулира за Сако), тогаш ќе сум презадоволен. Оваа година најкритично ќе е кај тренерот. Ако покажи карактер и флексибилност со екипата сметам дека ќе имаме супер сезона.
Инаку, ако ги споредиме составите од лани и сега се гледа дека не сме никако ослабени. Ајде можи лани Војче беше во форма и одлично избрани, ама сметам дека и Алисон и Скорупски имаат капацитет да го заменат достојно.
Што се однесува до одбраната. На десен бек имаме дури 3 опции. Бруно Перез, Карсдорп и Флоренци може да се снаоѓа на таа позиција. Ако не си оди Манолас (сметам дека нема) централните бековски позиции ќе ни се малку ослабени со заминувањето на Ридигер, но ако успее Мончи да го доведе Мамаду Сако како замена и ако имаме предвид дека на место на вечно повредениот Вермален дојде Морено, кој изигра на пријателските ок, сметам дека нема да сме ослабени. На левата бековска позиција ги имаме повредениот Палмиери и Коларов, кој дојде на место на Марио Руи. Очигледно е дека сме појачани со Коларов. Марио Руи не се знајде во Рома и беше подолго време повреден. Мончи добар дил направи што го продаде во Наполи и го замени за помалку пари со искусниот Коларов.

Средината ни е појака од лани. Можи Паредес си замина, ама дојдоа два играчи. Еден за 10 милиони и еден бесплатно. Пелегрини и Гоналон и те како можат не само да го заменат Паредес, туку и да го подигнат квалитетот. Се надевам дека наредниве денови и официјално ќе му го продолжат договорот на Раџа.

Во напад сме ослабени на десно крило. Ако дојде Марез, тогаш и дефинитивно ќе бидеме исто квалитетни како со Салах. Мислам дека оваа шпекулација ќе се оствари. Треба да се врати и Флоренци. Пероти и Ундер можат да играат и како АМ и како крила. Ундер ќе биди машина. Лани еден од најзаслужните беше во турската екипа за успесите и пласманот во Европа. Едино Дефрел ми е најматен трансфер сезонава. Многу пари лупнаа. Мислам дека Садик не игра ништо полошо од него. Ама желба на тренерот беше. Да веруваме на Ди Франческо. Јас би го остаил и Садик во екипа и би му давал шанса. Ќе има мн. натпревари сезонава. Позајмиците како минатата ќе го испустат.

Еве пробав сликовито да прикажам ланскиот и сегашниот состав. Сините си заминаа, зелените дојдоа. Кај црвените иксови ни фалат класа играчи (Марез и Сако) :)


2016/2017 Spaleti

...............................................Szczesny-Alisson-Lobont..............................................................
Florenzi/Bruno Peres... Manolas/Rudiger/Fazio/Juan Jesus/Vermaelen...Е. Palmieri/Mario Rui
.............Nainggolan.................Strootman.......De Rossi............Paredes.............Gerson..............
...................Salah.................................Perotti...............................................El Shaarawy........
.....................................................Dzeko/Totti............................................................................

2017/2018 Di Francesco

.................................................Alisson/Skorupski/Lobont...............................................................
Karsdorp/Bruno Peres..... Manolas/Fazio/Moreno/Juan Jesus/X......... Emerson Palmieri/Kolarov
...........Nainggolan.......Strootman.......De Rossi........Gonalons.........Pellegrini...............Gerson
............X/Florenzi..............................Perotti/Ünder................................El Shaarawy.................
..........................................................Dzeko/Defrel........................................................................
 
Средниот ред ни е дефинитивно појак од лани и поширок, тоа од авион се гледа .. си отиде Паредес, но сега тука се Пелегрини и Гоналонс, плус Флоренци ќе биде тука кој може секаде да игра а и природна позиција му е во средина .. а како што гледам Ди Франческо ќе планира на Герсон, а и Герсон одличен на подготвителните, се гледа кога некој дава доверба на млад играч, нешто што Спалети не го правеше .. ДДР, Кевин, Раџа, Гоналонс, Пелегрини, Герсон + Флоренци .. никогаш не сме имале појака средина.
 
Денеска две одлични шпекулации, првата е дека Рома ќе оди до 40мил за да го обезбеди Марез, а втората, Лестер го тргнале Марез од официјалниот твитер на рекламите за новите дресови, се спрема тука нешто :sneaky:
 
не можеш да играш високо одбрана доколку ги имаш Фазио и Хесус како штопери, голот на Манџукич е чист пример за тоа, а да беше Јувентус во форма или било кој посериозен тим на сличен начин ќе направеа повеќе шанси и ќе постигнеа повеќе голови .. се надевам ова Ди Франческо добро го предвидел и искалкулирал, доколку сака така да игра поарно нека го дадат Фазио, бидејќи со толку висока одбрана ќе пропадне човекот оваа година ..


Некој новинар од Катар, незнам точно за која новинарска куќа работил, тврди дека во Четврток Марез потпишува за Рома, а оној Ихеначо изгледа веќе се согласил во Лестер да оди
 

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom