@Dexter26 Ако не се лажам, ова е последно во случајот на Бучко -
http://fokus.mk/vrhovniot-sud-ja-ukina-presudata-za-poraneshniot-premier-buchkovski/. И не замерувај што е Фокус, на Гугл кога барав, прво ми излезе.
Нема ништо лошо во тоа што си објавил линк од Фокус.
Сигурно пресудата на Врховниот Суд е уште еден доказ за независното и непристрасното судство во Македонија, и несомнено ќе послужи како потврда за досегашната пракса според која ниту еден македонски премиер нема завршено позади затворски решетки.
Не, грешка си.
Не се работи за воени хунти. Туку систем како да се заработи статусот на граѓанин - кој не следува со полнолетсво туку со 20тина години воена служба за државата (служба од која не ја завршуваат ни третина од војниците). После 20 години крварење и гинење за државата, никој не се коруптира лесно, а ако се деси тогаш другите граѓани (исто со 20 години служба) експресно го решаваат случајот на суд по брза постапка.
Прочитај ја книгата, макар заради ова вреди - а интересна и лесна е за читање.
Па и во Руската Империја важеле истите правила - селаните биле мнозинство, но сепак биле закрепостени и како такви биле кметови, односно робови во сопственост на аристократите.
Единствен начин да ја стекнат својата слобода бил да служат 20 години во царската војска, што се сметало за компензација од страна на аристократот кон царот - поисплатливо отколку да плаќа воен данок, да не остане покус за некоја рубља, а на кметот му останува да трпи 20 години воена служба и реки крв, па ако преживее, станува слободен човек без земја и без имот, по што му следува или да му се врати на аристократот и да работи за покрив над глава и храна, или да се сели во град и да се надева дека ќе најде работа за да преживее, па можеби ќе заштеди доволно пари после неколку децении за да си овозможи сопствен покрив над главата.
Кметството во Русија било укинато во втората половина на 19-от век од страна на Александар II, познат како Александар Ослободителот, или последниот голем цар - како што го нарекуваат Русите, но сепак сега веќе поранешните кметови биле луѓе без земја и без имот, поради што им останувало или да останат да работат за аристократите за покрив над глава и храна, или да се селат во градовите во потрага по работа за да преживеат, со надеж дека ќе успеат да дочекаат да заштедат доволно пари за да си овозможат сопствен покрив над глава.
Бидејќи последниот руски цар Николај II бил алергичен на демократски реформи, исто како и неговиот татко и претходник Александар III, во 1917 година Русија била буре барут кое експлодирало со февруарската буржоаско-демократска револуција, а Владимир Илич Ленин и болшевиците си го дочекале својот момент со октомвриската социјалистичка револуција. Се останато е веќе позната историја.
По распаѓањето на Советскиот Сојуз, Литванија, Летонија и Естонија ги вратија старите дискриминаторски закони од пред 1940 година против руските малцинства кои живеат на нивните територии, а припадниците на руското малцинство во Естонија мораат да полагаат тест за државјанство или во спротивно нема да се стекнат со државјанство и со сите граѓански права кои им следуваат на естонските граѓани, иако се родени во Естонија исто како и нивните родители и нивните предци кои со векови ја населувале таа територија.
Таквиот начин на третирање на малцинство кое живее на територијата на една држава е билет во еден правец и прашање на време е кога на некого ќе му пукне по некоја психолошка жичка во некоја од балтичките држави.
Добро бе Декстер и Ванлок, можеме до утре да збориме. Ја ќе викам дека сте предавници, а вие ќе викате дека Заев и Груевски се исти.
Затоа, дајте листа на злодела на Заев, а ја ќе пишам листа на злодела на Груевски. Одма ќе видиме колку се исти нивните злодела.
На погрешна карта играш.
Не знам за @
Vanlok, но јас не се занимавам со изедначување на пастирот и пвеводбениците со зајко кукурајко и плавите жолтици, туку едноставно ги критикувам бидејќи и едните и другите биле и власт и опозиција во минатото во повеќе наврати, и во повеќе наврати не направиле ништо за подобрување на економската и социјалната состојба на Македонците, исто како што немаат направено ништо за подобрување на здравството и образованието во Македонија.
Ти очигледно гледаш низ призмата на организираниот криминал, но за разлика од тебе, јас ги гледам резултатите и од едните и од другите, а резултатите велат дека невработеноста, сиромаштијата, криминалот и корупцијата цветаат во оваа држава од 1990-те години па наваму, а од 1992 година па наваму, во сите досегашни влади на Македонија, најголема владејачка партија била или СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, што значи дека ниту едните, ниту другите не направиле ништо за подобрување на економската, социјалната, здравствената и образовната состојба во Македонија.
Можат слободно колку сакаат да раздаваат утешни награди од типот на лажен национализам и лажен патриотизам, или од типот на лажен европеизам и лажен еуросоцијализам, на крајот резултатите говорат за нивните дела, а не нивните догми и празни зборови.