Случувања во Македонија (Генерална дискусија)

За кого би го дале вашиот глас на парламентарните избори во април 2020?

  • ВМРО-ДПМНЕ

    Гласови: 64 19,0%
  • СДСМ

    Гласови: 41 12,2%
  • ЛЕВИЦА

    Гласови: 58 17,2%
  • БЕСА

    Гласови: 1 0,3%
  • ДУИ

    Гласови: 8 2,4%
  • АЛИЈАНСА ЗА АЛБАНЦИТЕ

    Гласови: 1 0,3%
  • ДПА

    Гласови: 0 0,0%
  • МАКЕДОНСКИ КОНЦЕПТ

    Гласови: 5 1,5%
  • ИНТЕГРА

    Гласови: 8 2,4%
  • ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА

    Гласови: 3 0,9%
  • Некоја друга

    Гласови: 9 2,7%
  • Нема да гласам или ќе го поништам ливчето

    Гласови: 139 41,2%

  • Вкупно гласачи
    337
Статус
Затворена за нови мислења.

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.945
Поени од реакции
34.294
Гледаш ли Декстер, ако ги критикуваш „нивните“ (макар и заслужено) - веднаш си од тие другите (што јадат сендвичи, и не се бањаат). Сеедно што си ги критикувал и претходниците, штом ги критикуваш ес-де-ес ти се автоматски само еден смрдлив груевиста. :)
Тоа се тие партиски наочари што некако им ги хефтаат на суратите (да не се извадат лесно), со такви наочари се гледаат само партиски гледишта. Црно или бело, без нијанси на сиво.


" Најдобриот аргумент против демократијата е 5 минутен разговор со просечниот гласач " . :D
Јас мајкеми не сум слушнал за подобар општествен систем од тој опишан во
Starship Troopers oд Хејнлејн. Во таков систем огромното мнозинство нубови овде, немаше ни да припарат до гласачко место. :)
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.125
Поени од реакции
83.733
Изедначување на делата на вашиот пастир со делата на Заев (од кои најфлагрантните не се напраени, али он ќе ги направел) е најголемиот показател за сендвич-објективноста, али ОК бе сендвич армијо, дајте список на делата на Заев, а ја ќе стаам список на делата на Груевски, па така ќе можеме црно-на-бело да ја видиме таа изедначеност. Само унапред ви кажуем не се брукајте со ставки од типот - имам информации дека Заев ќе работел за NWO и ќе им помагал во alien abduction.

Да повторам - занемарувањето на опсегот и магнитудата на злоделата на Груевски нема никако да го врати вашиот газда, нити магично ќе ја намали штетата и степенот на предавство што го изврши овој злотвор, за своја лична сметка.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.002
Поени од реакции
12.480
Јас мајкеми не сум слушнал за подобар општествен систем од тој опишан во
Starship Troopers oд Хејнлејн. Во таков систем огромното мнозинство нубови овде, немаше ни да припарат до гласачко место. :)
И таков општествен систем не е имун на корупција, светот прими доста добра доза на воени хунти во 20-от век, кои испаднаа ништо подобри од партиските политичари.

Човечката психа е таква, едноставно не е возможно да постои општество во кое едни ќе командуваат, а други ќе бидат послушници, бидејќи прашање на време е кога ќе попушти некоја од жичките во психата и кај едните и кај другите, а со тоа и самото општество ќе се промени или ќе се распадне.

И Римската Империја опстојуваше од војните и територијалниот експанзионизам, но моќта и богатството со себеси носат уште поголеми амбиции и уште поголема алчност.

Жан Жак Русо исто така одлично знаел што зборува кога рекол/напишал:

" Првиот човек кој поставил ограда околу парче земја, го прогласил за своја приватна сопственост и нашол луѓе доволно наивни за да му веруваат, е вистинскиот создавач на цивилизацијата, и главниот причинител на сите војни и злосторства кои се случуваат од тогаш, па се до денешен ден " .

Изедначување на делата на вашиот пастир со делата на Заев (од кои најфлагрантните не се напраени, али он ќе ги направел) е најголемиот показател за сендвич-објективноста, али ОК бе сендвич армијо, дајте список на делата на Заев, а ја ќе стаам список на делата на Груевски, па така ќе можеме црно-на-бело да ја видиме таа изедначеност. Само унапред ви кажуем не се брукајте со ставки од типот - имам информации дека Заев ќе работел за NWO и ќе им помагал во alien abduction.

Да повторам - занемарувањето на опсегот и магнитудата на злоделата на Груевски нема никако да го врати вашиот газда, нити магично ќе ја намали штетата и степенот на предавство што го изврши овој злотвор, за своја лична сметка.
Немој да се навредиш, но со ваквите коментари само го потврдуваш тоа што го вели @Vanlok во претходниот пост #37606:

Гледаш ли Декстер, ако ги критикуваш „нивните“ (макар и заслужено) - веднаш си од тие другите (што јадат сендвичи, и не се бањаат). Сеедно што си ги критикувал и претходниците, штом ги критикуваш ес-де-ес ти се автоматски само еден смрдлив груевиста. :)
Тоа се тие партиски наочари што некако им ги хефтаат на суратите (да не се извадат лесно), со такви наочари се гледаат само партиски гледишта. Црно или бело, без нијанси на сиво.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.125
Поени од реакции
83.733
Абе, критикувај ти кого сакаш, али наводната неспособност за воочување на градација, само покажува намерна необјективност и флагрантна игронатност во врска со се што и се случи на Македонија, овие десет години.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.726
Поени од реакции
21.304
Изедначување на делата на вашиот пастир со делата на Заев (од кои најфлагрантните не се напраени, али он ќе ги направел) е најголемиот показател за сендвич-објективноста, али ОК бе сендвич армијо, дајте список на делата на Заев, а ја ќе стаам список на делата на Груевски, па така ќе можеме црно-на-бело да ја видиме таа изедначеност. Само унапред ви кажуем не се брукајте со ставки од типот - имам информации дека Заев ќе работел за NWO и ќе им помагал во alien abduction.

Да повторам - занемарувањето на опсегот и магнитудата на злоделата на Груевски нема никако да го врати вашиот газда, нити магично ќе ја намали штетата и степенот на предавство што го изврши овој злотвор, за своја лична сметка.
Тоа ваљда пошто не си постоел во периодот од 1990-2000 кога и се еба матер на државата и се што е државен имот како поим. Тоа ти е криминал х 100 од она што го направија грујо и компанија. Од пљачкање на државен имот, приватизација на фабрики по 1 евро од км 2, крадење на пари на граѓани кои 99% од нив не преживеаа ради тој факт па си ги одзедоа животите со бесење и така натака, атентати на претседатели, исчезнување на целио депоа со дрога од мвр, препукувања на мафијаши, пресметки, убиства (кои завршуваа со 7 дневен притвор и толку) и така натака. Ама тоа не и е познато на малолетната публика па така да оправдано е.
Пола од гардата која е околу зајко е баш од тој црн период, и мислиш дека тие луѓе се сменети ? Не напротив истите се догураа до високи позиции, и ќе ја воведуваат државата во право, а уствари се таму за бизнис и ништо друго.
 
Последно уредено:

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.125
Поени од реакции
83.733
Секако, тоа што го напраи Бранко со приватизацијата, ќе ги амнестира сите гомна на Груевски.
Туку, дали имаше нешто со тенковски делови?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.002
Поени од реакции
12.480
Абе, критикувај ти кого сакаш, али наводната неспособност за воочување на градација, само покажува намерна необјективност и флагрантна игронатност во врска со се што и се случи на Македонија, овие десет години.
Е па токму во тоа е проблемот - во тоа што очигледно ти не гледаш поназад од минатите 11 години, бидејќи ако погледнеш поназад и пред 2006 година, и пред 2002 година, и пред 1998 година, и пред 1994 година, и пред 1992 година, и пред 1991 година, ќе знаеш дека ова е еден круг кој се повторува повторно и повторно и повторно.

Секако, тоа што го напраи Бранко со приватизацијата, ќе ги амнестира сите гомна на Груевски.
Туку, дали имаше нешто со тенковски делови?
Има судска пресуда против Владо Бучковски, според која треба да одлежува затворска казна за местење тендер за тенковски делови, но никако таа судска пресуда да дочека да биде спроведена во пракса.
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.994
Поени од реакции
11.634
@Beric Dondarrion дете едно од пубертет не си излегол... :D

@Ryan Giggs Не праиме муабет за владите на Бранко, туку за конкретнава влада чиј стаж е 15тина дена.

@Dexter26 Ако не се лажам, ова е последно во случајот на Бучко - http://fokus.mk/vrhovniot-sud-ja-ukina-presudata-za-poraneshniot-premier-buchkovski/. И не замерувај што е Фокус, на Гугл кога барав, прво ми излезе.
 

Ryan Giggs

tearing you apart since 1991
Член од
27 мај 2009
Мислења
11.726
Поени од реакции
21.304
@Beric Dondarrion дете едно од пубертет не си излегол... :D

@Ryan Giggs Не праиме муабет за владите на Бранко, туку за конкретнава влада чиј стаж е 15тина дена.
Владата на бранко и владата на заев е различна во поглед на тоа што бранко не е заев и обратно, а луѓето околу него се тие истите.
 

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.945
Поени од реакции
34.294
На Бучко сега ќе му пресудат неговите, можеби и СЈО ќе најде време за нов процес (до сега беа зафатени). ;)

И таков општествен систем не е имун на корупција, светот прими доста добра доза на воени хунти во 20-от век, кои испаднаа ништо подобри од партиските политичари.
Не, грешка си. :)
Не се работи за воени хунти. Тоа е систем во кој треба да се заработи статусот на граѓанин (и право на гласање). Статус на граѓанин не следува автоматски со полнолетсво туку само по 20тина години воена служба за државата (служба од која не ја завршуваат ни третина од војниците, заради постојани војни). После 20 години крварење и гинење за државата, никој не се коруптира лесно, а ако евентуално се деси такво нешто тогаш другите граѓани (кои се сите исто со 20 години служба) експресно го решаваат случајот на суд по брза постапка.
Прочитај ја книгата, макар заради ова вреди - а интересна и лесна е за читање. :)
 
Член од
21 мај 2008
Мислења
10.994
Поени од реакции
11.634
Владата на бранко и владата на заев е различна во поглед на тоа што бранко не е заев и обратно, а луѓето околу него се тие истите.
Освен Шеќеринска што беше во владиниот состав 2002-2006, може да ми посочиш други членови на Владата од редовите на СДСМ кои биле и тогаш и сега?
 
Член од
2 септември 2010
Мислења
7.148
Поени од реакции
7.516
Случајот за тенковските делови ќе го суди @Ireal.[DOUBLEPOST=1498652491][/DOUBLEPOST]
Освен Шеќеринска што беше во владиниот состав 2002-2006, може да ми посочиш други членови на Владата од редовите на СДСМ кои биле и тогаш и сега?
Од сенка владеат.
 

Björn

Does Your Mother Know?
Член од
14 август 2006
Мислења
45.125
Поени од реакции
83.733
Добро бе Декстер и Ванлок, можеме до утре да збориме. Ја ќе викам дека сте предавници, а вие ќе викате дека Заев и Груевски се исти.
Затоа, дајте листа на злодела на Заев, а ја ќе пишам листа на злодела на Груевски. Одма ќе видиме колку се исти нивните злодела.
 
Член од
24 април 2008
Мислења
11.002
Поени од реакции
12.480
@Dexter26 Ако не се лажам, ова е последно во случајот на Бучко - http://fokus.mk/vrhovniot-sud-ja-ukina-presudata-za-poraneshniot-premier-buchkovski/. И не замерувај што е Фокус, на Гугл кога барав, прво ми излезе.
Нема ништо лошо во тоа што си објавил линк од Фокус.

Сигурно пресудата на Врховниот Суд е уште еден доказ за независното и непристрасното судство во Македонија, и несомнено ќе послужи како потврда за досегашната пракса според која ниту еден македонски премиер нема завршено позади затворски решетки.

Не, грешка си. :)
Не се работи за воени хунти. Туку систем како да се заработи статусот на граѓанин - кој не следува со полнолетсво туку со 20тина години воена служба за државата (служба од која не ја завршуваат ни третина од војниците). После 20 години крварење и гинење за државата, никој не се коруптира лесно, а ако се деси тогаш другите граѓани (исто со 20 години служба) експресно го решаваат случајот на суд по брза постапка.
Прочитај ја книгата, макар заради ова вреди - а интересна и лесна е за читање. :)
Па и во Руската Империја важеле истите правила - селаните биле мнозинство, но сепак биле закрепостени и како такви биле кметови, односно робови во сопственост на аристократите.

Единствен начин да ја стекнат својата слобода бил да служат 20 години во царската војска, што се сметало за компензација од страна на аристократот кон царот - поисплатливо отколку да плаќа воен данок, да не остане покус за некоја рубља, а на кметот му останува да трпи 20 години воена служба и реки крв, па ако преживее, станува слободен човек без земја и без имот, по што му следува или да му се врати на аристократот и да работи за покрив над глава и храна, или да се сели во град и да се надева дека ќе најде работа за да преживее, па можеби ќе заштеди доволно пари после неколку децении за да си овозможи сопствен покрив над главата.

Кметството во Русија било укинато во втората половина на 19-от век од страна на Александар II, познат како Александар Ослободителот, или последниот голем цар - како што го нарекуваат Русите, но сепак сега веќе поранешните кметови биле луѓе без земја и без имот, поради што им останувало или да останат да работат за аристократите за покрив над глава и храна, или да се селат во градовите во потрага по работа за да преживеат, со надеж дека ќе успеат да дочекаат да заштедат доволно пари за да си овозможат сопствен покрив над глава.

Бидејќи последниот руски цар Николај II бил алергичен на демократски реформи, исто како и неговиот татко и претходник Александар III, во 1917 година Русија била буре барут кое експлодирало со февруарската буржоаско-демократска револуција, а Владимир Илич Ленин и болшевиците си го дочекале својот момент со октомвриската социјалистичка револуција. Се останато е веќе позната историја.

По распаѓањето на Советскиот Сојуз, Литванија, Летонија и Естонија ги вратија старите дискриминаторски закони од пред 1940 година против руските малцинства кои живеат на нивните територии, а припадниците на руското малцинство во Естонија мораат да полагаат тест за државјанство или во спротивно нема да се стекнат со државјанство и со сите граѓански права кои им следуваат на естонските граѓани, иако се родени во Естонија исто како и нивните родители и нивните предци кои со векови ја населувале таа територија.

Таквиот начин на третирање на малцинство кое живее на територијата на една држава е билет во еден правец и прашање на време е кога на некого ќе му пукне по некоја психолошка жичка во некоја од балтичките држави.

Добро бе Декстер и Ванлок, можеме до утре да збориме. Ја ќе викам дека сте предавници, а вие ќе викате дека Заев и Груевски се исти.
Затоа, дајте листа на злодела на Заев, а ја ќе пишам листа на злодела на Груевски. Одма ќе видиме колку се исти нивните злодела.
На погрешна карта играш.

Не знам за @Vanlok, но јас не се занимавам со изедначување на пастирот и пвеводбениците со зајко кукурајко и плавите жолтици, туку едноставно ги критикувам бидејќи и едните и другите биле и власт и опозиција во минатото во повеќе наврати, и во повеќе наврати не направиле ништо за подобрување на економската и социјалната состојба на Македонците, исто како што немаат направено ништо за подобрување на здравството и образованието во Македонија.

Ти очигледно гледаш низ призмата на организираниот криминал, но за разлика од тебе, јас ги гледам резултатите и од едните и од другите, а резултатите велат дека невработеноста, сиромаштијата, криминалот и корупцијата цветаат во оваа држава од 1990-те години па наваму, а од 1992 година па наваму, во сите досегашни влади на Македонија, најголема владејачка партија била или СДСМ или ВМРО-ДПМНЕ, што значи дека ниту едните, ниту другите не направиле ништо за подобрување на економската, социјалната, здравствената и образовната состојба во Македонија.

Можат слободно колку сакаат да раздаваат утешни награди од типот на лажен национализам и лажен патриотизам, или од типот на лажен европеизам и лажен еуросоцијализам, на крајот резултатите говорат за нивните дела, а не нивните догми и празни зборови.
 
Последно уредено:

Vanlok

deus ex machina
Член од
30 мај 2009
Мислења
25.945
Поени од реакции
34.294
Аморе Берик. Ти си тој што сакаш со мирисање да одредиш кое од двете гомна повеќе смрди. Јас за разлика од тебе едноставно одбивам да ги мирисам. Немам никаква потреба да ги ставам на кантар за да мерам.
Не знам каква конструкција си правиш во главата за мене тоа да ме направи предавник, а воедно тебе да те абсолвира од тој статус - иако токму ти си тој кој преку некои други криминали сакаш да оправдаш криминалите на тие што се обидуваш да ги браниш.

Токму тука лежи зајакот, имаш потреба да оправдуваш некој.
Чуму?

Никој не вели да се поистоветуваат двата криминали. Нека ги казнат соодветно на „заслугите“. Тебе ти смета да ги казнуваат сите спред заслуженото?
Ако ти смета тогаш каков родољуб си ти бе... за друг да нарекуваш предавник. А никот ти е скроз погрешен, знаеш? :)


Се некако се мислам дека подобро на Нова Година да го смениш никот во Theon Greyjoy (Reek). Берик, по карактер ИЧ не ти одговара.
 
Статус
Затворена за нови мислења.

Kajgana Shop

На врв Bottom