Suning од кога дојдоа склучија неколку договори за спонзорство што се сериозен прилив на средства за клубов. Најново е мислам она со SWM Motors, ќе правеле возила со боите на Интер во Кина, за да ја подигаат свеста за Интер-брендот во Азија. Предходно Suning влезе како официјален спонзор за китот за тренирање и ги купи правата за преименување на тренинг центрите. Почнаа да инвестираат увелико во академии на Интер ширум светот. Младите тимови на Интер освоија скудето во сите младински категории годинава. Дел од нив можеби ќе добијат место во првиот тим, од останатите ќе се заработи. Најавија дека се во преговори и за други спонзори што значително ќе ги подигнат приливите на клубот. Новите сопственици дадоа милион изјави дека целта им е да ги освојат фановите од Азија, бидеќи гледаат голем неискористен финансиски потенцијал од тој дел од светот, што секако во иднина би се преточило во зголемен буџет за трансфери и развој на Интер како клуб од светски ранг.
Го отековте со тоа 7мо место биле, ни во ЛЕ не можеле да се пласираат. А реалноста е, кога ги прокоцкаа последните шанси да се пласираат во ЛШ годинава, колективно престанаа да играат фудбал за да ја избегнат зоната што води во ЛЕ. Планот Б доколку не се пласираат во ЛШ најверојатно бил International Champions Cup (Кина/Сингапур) кој ќе донесе повеќе пари него играњето во ЛЕ. Ќе учествуваат клубови како Лион, Милан, Борусиа Дортмунд, Арсенал, Баерн Минхен и Челзи. Не се ваљда и они глупави да си го трошат времето во Азија
?
http://www.inter.it/en/news/57623/swm-motors-becomes-official-partner-of-f-c-internazionale
http://en.calcioefinanza.com/2017/01/01/inters-revenues-increase-thanks-suning-training-center/
http://www.inter.it/en/FPC/inter-summer-tour-2017
@Fredy Guarin Знам дека те револтира секој потег на управата, и мене ме иритира продажба на играчи (посебно оние корисните) за безпари, но да кажеш дека
оризарите го уништиле клубот од кога дошле е најмалку плукање на слепо. Па тие не се ни една година сопственици на клубот а веќе потегнаа неколку правилни потези и имаат долгорочен план и визија како да го вратат Интер на врвот. Најдобар потег им е ангажирањето на Спалети и Сабатини. Едниот да скоцка тим кој регуларно ќе се натпреварува во ЛШ, а другиот да управува со трансфер пазарот. Банега продаден за 9 милиони на прв поглед изгледа како грабеж, но ако играчот не е во замислите на тренерот и на него се заработи 9 милиони (земен е гага), тогаш неможе ништо да им се замери на
оризарите. Јас не викам дека Сабатини и Спалети ќе се покажат, може ќе бидат уште едни во низата неуспешни приказни, но јас не им судам уште непочнати со работа. Нека скоцкаат тим во јули, нека изиграат една ЦЕЛА сезона па на крај ќе какаме дали ги бива или не.
Тохир го превзема Интер со милионски долгови, општ хаос и играчки ростер составен од Скелотовци, Кузмановци, Рубен ботови и сличен профил на играчи. Најдобар дил што Тохир го направил (пошто реално не направи многу од кога дојде) е што го предаде клубот на некој со вистински амбиции да го врати Интер онаму каде што припаѓа. Но за ова да се случи треба време. Let that sink in!
За две години од продажбата од Морати, Интер значително ги намали долговите а се збори дека веќе од оваа година ќе ги исполнува сите параметри зацртани од ФФП. Тие 30 милиони што наводно сме требале да ги инкасираме до крај на месецот биле медиумска шпекулација, единствено не сме смееле да трошиме ништо пред 1 јули. Затоа и си играме курот со Манчестер Јунајтед за Перишич, или да ја платат бараната сума или играчот останува кај нас со нов договор и поголема плата.
Ок да резимирам пошто забегав со четивово. Јас не сум загрижен, напротив, оптимист сум. За овие две години Интер имаше огромни реформи зад сцената, она што јас и вие како фанови не го гледаме. Можеби немавме голем успех на табелата и на играчки план, но се поставија добри темели (финансиски и структурни) за во иднина. Suning се убер богати и добри бизнисмени, плус имаат личен финансиски мотив Интер повторно да биде успешен клуб, пошто само така ќе го шират својот бренд нејм во Европа и светот. Така да им давам 3-4 години да не вратат на вистински патеки, за една до две години е нереално да се очекуваат чуда.