База на НАТО тешко дека ќе отвори во Македонија, пошто имаат веќе една голема на Косово а ние сме опкружени со земји членки на НАТО каде веќе има НАТО персонал. НАТО значи колективна безбедност, ќе престанат веќе плашења на народ со тирански платформи, федерализации, отцепувања. Било кое чепкање во стабилност на земја членка на НАТО - ќе биде оневозможена. Членство во НАТО отваа и влез на Македонија во структура на таа организациуја, каде можат да се покренуваат иницијативи кои како нечленка не може. Иста ситууација беше и прием на Македонија во ОН под референца ФИРОМ, шо нам членство во ОН ни даде? дали добивавме на лото или спортска или поголеми плати? Али членства во ОН те става во ред на призната држава а не територија и можеш како држава да учествуваш во сите меѓународни текови и процеси, покренување на процеси преговори, членства во меѓународни организации....
Членство во НАТО ќе значи и осовремување на армијата, обука и тренинг, пристап до информации посебно во врска со тероризам пристап до буџет на НАТО за модернизација на аеродроми или инфраструктура која им е од корист....
Има доста бенефиции али мислам дека најголемата за нас ќе биде чуство на безбедност и сигурност и на надворешен и на внатрешен план. Вестите кои се шират по ФБ за плашење на гладни стечајци и пензионери од типот “3000 вооружени борци на УЧК се префрлија во Македонија.....“ “Бугарија со план за поделба на Македонија со Србија и Грција“ ќе станат само спомен
Освен тоа што НАТО нема потреба од база во Македонија, толку лаги и манипулации не сум сретнал на едно место!
Прво, теоријата за неменливоста на границите е полоша и од теоријата дека планетата е рамна! Историјата не еднаш, не десет пати, не сто пати, туку илјадници пати го докажало тоа!
Теоријата за стабилноста на НАТО е неколку пати побиена досега.
1.
Турција е член на НАТО од 1952 г. (65 год.) уште од прво проширување. Од тогаш на Турција му се случија неколку воени преврати, а му се појави и
ПКК, која од НАТО и САД беше прогласена за терористичка организација за денес да добие еден куп оружје токму од САД и земји членки на НАТО! НАТО толку ја стабилизира Турција како држава, што го повлече ракетниот штит „Патриот“ од границата со Сирија, па паѓање ракети од краток и среден дострел во Килис, Газиантеп, Дијарбакир станаа секојдневие, па мораше Турција сама да влезе во Сирија без подршка од НАТО земјите во операцијата „Еуфратски штит“.
2.
Грција е истот така член од 1952 г. заедно со Турција. Освен што му се случи воената хунта имаше и искуство на воен конфликт со НАТО членката Турција во 1974 г. за БРИТАНСКИОТ протекторат Кипар! Во знак на протест Грција се имаше повлечено од Воената команда на НАТО, а тензиите траат уште со тоа што си прелетуваат секојдневно со Турците над Егејот, па дури во 1996 г. имаше и паднати авиони!
3.
Шпанија е членка на од 1982 год. не треба многу да се пишува за
ЕТА и нејзните акции низ годините, а отцепувањата на Каталонија и Баскија се уште актуелни! Поради Баските и Каталонците, Шпанците ја менуваа химната, па така нивната химна е единствена без текст за да се задоволат сепаратистите... зошто шпанска химна не смее да се пее на шпански! (ова не е толку битен факт, ама апропо ситуацијата кај нас е добро да се спомене)
4.
Велика Британија е една од основачите на НАТО (1949 г.)
ИРА беше доста активна, а доскоро Британците се соочија и со неуспешен референдум за независност на Шкотска, кој сега после Брегзитот е одново во игра!
Ако на ова се додадат новите трендови на бегалската криза и нападите на ИСИС, уште појако ќе се поткопа митот за стабилноста на НАТО земјите!
Бенефициите, трошоците и можностите на АРМ се приказна сама за себе и за прилично долг пост, али онај најголем бенефит за внатрешна и територијална стабилност е на стаклени нозе посебно во ваков турбулентен период! Повеќе на... делот на Europe има територијални спорови помеѓу НАТО членки сеуште активни!
https://en.wikipedia.org/wiki/List_of_territorial_disputes