Ја прочитав вашата дискусија, ама ова се однесуваше на оние ставови искажани пред тоа. Секој треба да се залага за повисока плата, но нема програмска политика како таа ќе се зголеми и какви ќе бидат последиците при тоа зголемување. Зборуваме за зголемување од 1/3 или од просечна плата од (+/- 1.000 ден.) 20.000 ден., да доведеме до 30.000 ден. за 3-4 г.! Тоа нема да се случи.
Нема од 12 да рипне на 16 преку ноќ. Да можеше, тоа и они ќе го направеа. За 11 г. од 8/9.000 се доведе на 12.000, така повеќе е веројатно дека тоа ќе биде процес на неколку годишни успешни економски политики, што чисто се сомневам, за да можеме да го издржиме тој товар од 16.000 минимална, што дури тогаш ќе можеме да зборуваме за таа фамозна просечна плата од 500 евра. Нели, ако се зголеми минималната, ќе порасне и просечната, и обратно.