Нема потреба да правиш споредба со тие глупи амери, подобро ќе беше да прашаш како се мачат таму тие тазе мајки, како се одмолзуваат во посебни вакум кесички и ги складираат во фриз, како одат на работа со исфлекани блузи од претечено млеко итн.се од страв да не ги избрка работодавецот. Гледаш ли тука нешт хумано??
Постојат многу држави каде што породилното отсуство е поголемо од 18 месеци, некаде е и три години и повеќе, има и опција да седи мајката дома со детето на неплатено отсуство а работното место да стои.
Како и да е, погледни кај нас како е ситуацијата со децата што одат во градинка, нон стоп се болни...па зарем тоа отсуство од работа не е ли исто за фирмата?
Колку е нечовечки размислувањето колкава финансиска загуба може едно новородено дете и неговата мајка што не сака да го одвои од прегратка да има врз економијата