Не ја тупете барем овде на темата за Сузана,Боки,шо народ ќе живееше овде,која мизерија од луѓе сме значи,цццц,гревчиња,фрчат статуси на ФБ,песни се пеат шо немаат никаква врска со настанот,Илирида,Чаир,хаха,кај живееме бе?
Темата е за ракомет,ЛШ,ако имате нешто да напишите,бујрум,ако не DELETE POST,неам можност за банирање,иначе друга песна ќе се пееше одамна,ќе се (под)зачистеше малку под-форумот,одамна плачи за такво нешто.
Во врска со темата.
Заслужена победа,очекувано Раул го надигра стариот,реално Нока во конкуренција на тренери од новата ера,од ултра модерниот ракомет како се игра во 21 век нема шо да бара,со таа тактика МАВАЈ-ШУТИРАЈ-ПАК МАВАЈ не се игра со сите,со СТ Рафаел,Нант,Монпеље ќе се провлечиш,ама во Ф4 против вакви екипи тешко ќе оди,и одеШЕ.
И со Веспрем се провлече,пред се заради тоа шо успеа некако да даде 27 гола неговата скапо платена екипа,ама вчера да се среќни и 23 гола шо дадоа,реално не требаше ни 20 да дадат,ги изеде Вардар во одбрана,едноставно ги уништи,ова е тој модерен ракомет,но не само модерен,екипата е јака доколку има играчи кои можат да се прилагодат на секаков стил на игра,ама буквално на секој,Вардар даваше по 40 комада со Киелце,па 20и нешто во Полска,па 30 и кусур со РНЛ,исто и со Фленсбург,значи секој можен и неможен стил на игра знаеа да го прифатат,зошто?
Зошто имаат играчи кои можат да се прилагодат на секаков стил на ракомет,посебно БОРЕЊЕ-СЛОБОДЕН СТИЛ КАКО ВЧЕРА.
Македа-Дедото-Абутовиќ-Марсениќ-Борозан-Мораез,сите играа во одбрана,свежина се зачува,го пореметија Лука на линијата,топка не фати брадата,исто и Јеспер Нилсен,Карабатакот даде голови ДА,ама му ги искршија рацете,Хансен не е навикнат на ваква контакт игра,тој сака да шутира од дистанца каде нема многу да го шлапаат по тие рачиштата,единствено беља праеше како шо се очекуваше Нарцис,Ремили премалку изигра,преголема минутажа доби Степанчич.
Сума сумарум-ПСЖ проба да пробие со 4 слични на игра бекови+Нарцис,без подршка од пикер,без крила,а против таква одбрана на Вардар како вчера едноставно беше невозможно,иако пак беа тука некаде,на крај можеби и ќе се вратеа,се беше можно во продолжение,тоа е рандом исход,и доста паметно Раул одма ја нападна страничната страна,кај најслабиот во зоната,иако сите од ПСЖ очекуваа дека по средина ќе оди нападоткако шо е речиси вообичаено секогаш,ги заебаа,плус Уве се исплетка во тие ноџињата,прво тргна напред,остави преголем простор,па после проба да затвори ама доцна беше,тоа ти е,баш тие тактики за завршница се најважни и се клучни за вакви инфаркт завршници.
И со Барса беше добро изработена акцијата кога Чупиќ дојде да удвои на пикер,ама наместо да оди на втор пикер тој ја донесе топката до Циндриќ кој беше на лев бек и се извлече на среден и се отвори дупка и простор за шут,тоа се тие акции кои ја прават разликата,затоа ти требаат секакви играчи во екипата,а ПСЖ има 4 суртуци по 2 метра,спори на прв чекор и затоа проблемите,освен Нарцис секако кој е класа над класите,истиот проблем и Барса го имаше во саботата,шо немаше класичен организатор на играта,кој ќе ја забрза играта и ќе отвори простор за игра на бековите,вака кога ќе оставиш ти суртуци по 2 метра да организираат напад јасно е дека ќе има беља и многу технички грешки.
Како и да е,не е само кешот,звездите во екипата,треба тренери,треба да се напрај селекција на играчи,стилови на игра да се усогласат,измени напад-одбрана,кој за каде е.
Стил на ракомет кога менуваш 3 играчи одбрана напад не поминува повеќе.
Сега на Ф4 победува желбата,мотивацијата,тимскиот дух,малку и среќа,така беше со ХСВ,Фленсбург така е и оваа сезона,сосема заслужено екипата која најмногу сакаше да успее успеа.
Барса,Псж ја немаа таа мотивација,тактичка подготовка и адаптација на играта,затоа имаа мака,но се одржаа до крај во игр токму заради тој индивидуален квалитет на некои звезди,инаку требаше да изгубат барем со 3 комада.
Реално Веспрем требаше да игра финале,ама заради брзопетост на крај не успеаа,тоа е.
На крај се памети победникот,играта се заборава,и Вардар чкрипеше на двата меча,но на крај успеа во рутински трилер изработени акции да победи.
Така се прај
.
Честито.
П.С.
Грујо беше талисманот изглеа
,која појава беше со дресот и пантолоМчињата,оргинал дрес,со сите беџови од ЛШ,знај шо носи поранешниот