Македонска берза

Член од
10 декември 2008
Мислења
1.298
Поени од реакции
2.359
Значи во законот убаво пишува "неоткупливи". Значи шансата да ги конвертирате во обични е 0% . Освен во Собрание на РМ да се предложи измена на законот се спротивно на тоа е кривично дело, ако на собрание на акционери се донесе одлука за која гркот 100 пати се изјасни дека неможе такава конверзација да се направи.

Е сега твојот повиk да се купуваат приоритетни го разбирам како kрик на очај да се наде некој што е понаивен да може да му се тутнат приоритетните акции да се излезе пошто зашто пазарната цена од 150-250ден за нив ке дојде набрзо.
На сообрание на акционери на СТБ е кажано дека иницијативата за претворање на акции од приоритетни во обични мора да дојде од акционерите на приоритетни и тоа најмалце ако не се лажам 50% или 2/3 од вкупниот број а потоа 2/3 да гласаат ЗА дали потоа ке оди на собрание незнам.
Е така бе друже кажи. Ова е веќе конструктивен пост.

Како што напишав и порано, сето тоа го имав прочитано и ја знаев целата процедура за процесот на конверзија како и целиот историјат на веќе направените конверзии кај сите други банки.

На коктелот после собрание од правната служба на СТБ и од адвокатската канцеларија која им помага при организирање, советување и водење на собранијата на акционери, ни беше кажано дека, после испратеното барање за Укинување на повластеното право на приоритетните акции од страна на најмалку 10% од имателите на приоритетни акции, ни стојат на располагање за решавање на ова прашање.

П.С. Барањето е веќе напишано и потпишано од над 15% од имателите на приоритетните акции. Ако некој од форумов има или знае некој кој има над 500 акции од STBP го замолувам да ми прати контакт во inbox. Иако ги имаме собрано потребните 10%, имаме намера до крај на идната недела да обезбедиме потписи од 20-25% и барањето да го испратиме до банката. На наредното собрание за да помине ова барање ќе биде потребен кворум од 50% од двата рода на акции, од кое 2/3 ќе треба да гласаат ЗА предлогот.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Искрено да ти кажам Грците додека не стигне на собрание не се знае како ке гласаат и дали ке се повикаат на законот за санација кој адвокатите упорно го изоставаат и го ставаат во иста кошница со другите фирми и нивните приоритетни .

Иницијативата согласно законот може и треба да се покрене дали ке успее да се соберат толку акции тоа е можеби најтешкиот дел. За се друго има процедура. Со среќа.

Добив чуство -субјективно мора да нагласам дека Грците веке убаво ова го студириле случајот колку приоритетни акции може да се соберат.
 
Член од
10 април 2013
Мислења
1.107
Поени од реакции
705
NLB. najverojatno nema da se prodade do krajot na ovaa godina,prodazbata e stopirana, a izleze i deka NLB.e vmesana vo perenje pari od Irak 2009-2010.god. Kako toa bi se odrazila na cenata na nasa Tutunska?
 
Член од
24 април 2008
Мислења
10.445
Поени од реакции
11.450
Тутунска си е посебен правен ентитет во Мкд, нема врска со овие перења на пари од централата по Ирак и слично.
Освен ако се открие дека тие перења на пари се вршеле и преку македонската филијала на НЛБ Банка, односно до неодамна НЛБ Тутунска Банка.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
Освен ако се открие дека тие перења на пари се вршеле и преку македонската филијала на НЛБ Банка, односно до неодамна НЛБ Тутунска Банка.
Цареви, ако тоа се има случено гарант не се виновни НЛБ туку некој од интелектуалната партија тогаш на власт го има организирано. Тешко Словенец од Љубљана ке му текне да пере пари преку Македонска филијала па после да ги носи горе за банката да има кјар.


Стварно дајте некој линк.
 
Член од
10 мај 2009
Мислења
827
Поени од реакции
541
вториот линк не работи.

Од утре очекувам нови рекорди на МСЕ.

Во Петокот сите берзи ги срушија рекордите по 2 пат за 3 месеци и завршија на највисоко ниво.
 
Член од
6 септември 2016
Мислења
52
Поени од реакции
6
Една голема молба до вас кои инвестирате во акции да ми одговорите.Колкава сума е доволна да се инвестира во акции за да се заработува просек месечно околу 200 евра?
Јас сум заимтересиран да почнам ваков бизнис.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
420
Поени од реакции
507
Една голема молба до вас кои инвестирате во акции да ми одговорите.Колкава сума е доволна да се инвестира во акции за да се заработува просек месечно околу 200 евра?
Јас сум заимтересиран да почнам ваков бизнис.
25 000 - 40 000 evra
 
Член од
6 септември 2016
Мислења
52
Поени од реакции
6
25 000 - 40 000 evra
Брат дај те молам јас убаво замолив да ми одговорат само тие што веќе инвестираат и имаат искуство и знаење од ова.Немој молим ти се ова за тебе е голема политика.
 
Член од
16 мај 2014
Мислења
461
Поени од реакции
369
Брат дај те молам јас убаво замолив да ми одговорат само тие што веќе инвестираат и имаат искуство и знаење од ова.Немој молим ти се ова за тебе е голема политика.
Moze i po 200 evra da gubis mesecno, nikoj toa ne moze da ti kaze so sigurnost kolku e dovolno.Mozebi e dovolno i 7000 evra, a moze i 70000 malku da se.
 
Член од
15 февруари 2012
Мислења
420
Поени од реакции
507
Бараш помош, а кога ќе ја добиеш го навредуваш тој што ти помогнал?! Единствено што можам да заклучам е дека не си баш добар со паметот.
 

Kajgana Shop

На врв Bottom