Дискусија за Атеистите, Исламот, Христијанството и останати убедувања

  • Креатор на темата Креатор на темата kooperativa
  • Време на започнување Време на започнување
Објавени вистини имаат сите религии, со што ти докажа дека баш твојава е таа вистинската?

Ај почни да верглаш од почеток.

Да ти помогнам; поверглај за тоа дека слободната волја не е факт, поверглај дека сите религии зборуваат за духовноста и за гревот, повегрлај за тоа дека Бог створил несовршен човек кој згрешил па последично, Бог Е кривецот за човековата грешка и тн...[DOUBLEPOST=1496414949][/DOUBLEPOST]
Епа тоа И.

Мислам дека е прилично јасно. Можам на левата страна од логичката равенка да пишам било што, а на десната јас и светот околу мене. Како што гледаш доказот не докажува ништо.

Божјата објава е пред 2000 години и не знаеме дали е вистина или не пошто немаме релевантни извори од тоа време.

Епа тоа и јас ти велам не може смртник да докаже за такво натприродно битие така да доказ нема.(и најверојатно нема да има)

Доколку религијата беше лична работа тогаш да, нема потреба од докази.

Ама кога имаш луѓе како тебе, кои не велат немам докази ама сепак верувам туку немам докази ама сигурен сум дека сум во право и во малку поекстремни случаеви вршат дела на терор само пошто некој поинаку размислува за настанокот на светот.

Така да ако сака некој да проповеда религија треба да каже немам докази ама моето животно искуство и инстинкт ми кажуваат дека постои Бог ама можно е да грешам.

Е сега кога имаш фанатици убедени во нешто они прават ирационални нешта како убивање во име на Бог.

И сега некој ќе рече па не се тие Муслимани или не се Христијани ама они како такви се декларираат иако нивната верзија е малку поинаква.

Во врска со последниот пасус ти кажав без пседо религиски булшит.

Ако луѓето не бараа докази сеуште ќе верувавме дека кога грми дедо боже се лути.

Трај си, уживај во својата заблуда, но дај врати се на насловот од темава и посочи го начинот на кој религиите манипулираат со човековата свест, пошто е појќе од очигледно дека токму ти си резистентен на секое можно влијание, а воедно и експерт за све и свашта.
 
Кога велиш дека ,,доказот" за постоење на бог е светов и човекот, ,,аргументот" за тоа ти е дека светот и човекот се комплексни и поради тоа мора да имаат креатор. Арно ама, по истата таа логика, и Бог би требало да има креатор, бидејќи е комплексно битие. Ако Бог може да биде самосоздаден, тогаш и универзумот може. Ова е елементарна логика, нити идеологија има тука, нити било што слично.


Живти мајка ти, од кај ја изваде болдуваната мисла?...
 
Што ти значи тебе ова?
Потребно е објаснување што значи? Се е Бог, првиот принцип на херметизмот, пантеизам. Бог е примарниот принцип на постоењето, се што постои е негов аспект или манифестација.

П.С. Ритуалите ја имаат истата особина како и алегориите во вербалната комуникација, тие се визуелни експресии на суптилните, субјективни сознанија. Тие се тригер со кој се активира Разбирањето, симболичен начин за изразување на неискажливото. Тоа е разликата помеѓу ритуалите и уживањето.
 
Факти немаш, а оние кои ти ги посочувам како „состојба од теренот„, за тебе не се битни, .
Haha....miki koj biser si ti....Muabetov mislis sekoj nedela so gospo kafe piete, kebapi u destan mezite i ja sledite sostojbata od teren!
 
Ај почни да верглаш од почеток.

Да ти помогнам; поверглај за тоа дека слободната волја не е факт, поверглај дека сите религии зборуваат за духовноста и за гревот, повегрлај за тоа дека Бог створил несовршен човек кој згрешил па последично, Бог Е кривецот за човековата грешка и тн...
Немам потреба, секогаш кога ќе се најдеш во тесно, ти си тој што вергла. Ова е класичен пример. Немајќи аргументи, почнуваш да трескаш глупости и да ги негираш фактите.
 
Од премисата дека комплексноста е ,,доказ" за неопходност од креатор.

Создавањето бог според својата фантазија, редовно завршува со идолопоклонство, со бог-идол.
 
Глупо ти е Мики, не се сомневам, бидејќи очигледно неможеш да направиш разлика помеѓу фантазија и логика.

...:pos:...

Ај да ти помогнам, за да ти стане троа појасно зашто постави гпупо прашање, по козјане кој пат...Верувам дека ни самиот веќе не ги броиш.

Прво, те прашав од кај ти текна дека Бог Е сложен, а ти рече дека самиот така си заклучил.
Второ, ти посочив дека секој обид да се отфантазираат Божјите атрибути, завршува во идолопклонство.
Трето, пошто самиот виде дека „зариба„, мене (нам...) ми/ни префрли дека нашиот Бог бил отфантазиран, иако само пар минути претходно, токму ти направи обид да ги отфантазираш Божјите особини.

И згора на све, токму ти се најде да правиш разлика меѓу „фантазија„ и „логика„ која е повеќе очигледно дека ниту со твојата фантазија, ниту со твојата „логика„, не можеш да Го опишеш Бога.

Освен ако се работи за твојот бог...
 
Потребно е објаснување што значи? Се е Бог, првиот принцип на херметизмот, пантеизам. Бог е примарниот принцип на постоењето, се што постои е негов аспект или манифестација.

П.С. Ритуалите ја имаат истата особина како и алегориите во вербалната комуникација, тие се визуелни експресии на суптилните, субјективни сознанија. Тие се тригер со кој се активира Разбирањето, симболичен начин за изразување на неискажливото. Тоа е разликата помеѓу ритуалите и уживањето.
Ама тоа не се учи....станува збор за состојба во која можеш да бидеш за да знаеш дека Се е Бог.....затоа ти реков што ти значи таа реченица. И друга работа, како таа реченица ги објаснува тие егзистенцијални прашања?
Демек привремено Бог се манифестирал во тебе и мене?
Што има бенефит Бог од привремени манифестации?

Околу ритуалите....ајде дај еден пример и објасни како тоа тригерува некое разбирање....некој мал ситен ритуал.
 
...:pos:...

Ај да ти помогнам, за да ти стане троа појасно зашто постави гпупо прашање, по козјане кој пат...Верувам дека ни самиот веќе не ги броиш.

Прво, те прашав од кај ти текна дека Бог Е сложен, а ти рече дека самиот така си заклучил.
Второ, ти посочив дека секој обид да се отфантазираат Божјите атрибути, завршува во идолопклонство.
Трето, пошто самиот виде дека „зариба„, мене (нам...) ми/ни префрли дека нашиот Бог бил отфантазиран, иако само пар минути претходно, токму ти направи обид да ги отфантазираш Божјите особини.

И згора на све, токму ти се најде да правиш разлика меѓу „фантазија„ и „логика„ која е повеќе очигледно дека ниту со твојата фантазија, ниту со твојата „логика„, не можеш да Го опишеш Бога.

Освен ако се работи за твојот бог...
За да биде совршен, Бог мора да биде комплексно битие, да има интелегенција, волја, моќ, бесмртност итн, итн. Сите овие се атрибути на комплексно битие. Е сега, твојата теза дека доказ за бог се комплексноста на светот и човекот, алудира на тоа дека комплексноста значи неопходност од креатор! Арно ама, комплексност има и Бог, доколку тврдиш дека ги поседува атрибутите што ги наведов. Според тоа, логичната последователност вели дека истата неопходност важи и за Бог. Тоа што ти во логиката гледаш фантазија, зборува само за твојата неспособност да размислуваш логички.
Дека вашиот Бог е отфантазиран доволно кажува тоа што бајките и басните ги интерпретирате буквално, му придавате човечки особини и со тоа го сведувате на битие условено од дуалноста, битие кое го перцепира светот преку призмата на добро и зло, погрешно и исправно. Со тоа итекако правите идол од концептот за Бог.[DOUBLEPOST=1496422662][/DOUBLEPOST]
Ама тоа не се учи....станува збор за состојба во која можеш да бидеш за да знаеш дека Се е Бог.....затоа ти реков што ти значи таа реченица. И друга работа, како таа реченица ги објаснува тие егзистенцијални прашања?
Демек привремено Бог се манифестирал во тебе и мене?
Што има бенефит Бог од привремени манифестации?
Па затоа постои пракса наспроти теоријата и симболите! Искуството добиено од праксите е неопходноста за Разбирање на ритуалите, искуството е одговорот на егзистенцијалните прашања. Бенефитот е достигнување на апсолутноста како врвен атрибут на Бог, а тоа достигнување е можно само преку лично инволвирање и искусување на сите можности и потенцијали на постоењето. Неможеш да бидеш апсолутно битие, ако постои било што кое неможеш да го направиш или искусиш. А како ќе бидеш бесмртен ако умреш? Ако неможеш да умреш, тогаш не си апсолутен, постои нешто кое е надвор од твоето искуство, но ако умреш, како ќе бидеш бесмртен? Овој парадокс е единствено решен преку првиот принцип на херметизмот - Се е Бог, животот и смртта се две страни од една иста ,,паричка". Се е искуство, се е неопходност за исполнување на апсолутноста.[DOUBLEPOST=1496423144][/DOUBLEPOST]
Околу ритуалите....ајде дај еден пример и објасни како тоа тригерува некое разбирање....некој мал ситен ритуал.
Ќе направам нешто уште подобро од тоа, ќе ти го цитирам уште еднаш Кроули:
17309554_1001441969988282_1686526797451629955_n.png
 
Последно уредено:
Ај почни да верглаш од почеток.

Да ти помогнам; поверглај за тоа дека слободната волја не е факт, поверглај дека сите религии зборуваат за духовноста и за гревот, повегрлај за тоа дека Бог створил несовршен човек кој згрешил па последично, Бог Е кривецот за човековата грешка и тн...[DOUBLEPOST=1496414949][/DOUBLEPOST]

Трај си, уживај во својата заблуда, но дај врати се на насловот од темава и посочи го начинот на кој религиите манипулираат со човековата свест, пошто е појќе од очигледно дека токму ти си резистентен на секое можно влијание, а воедно и експерт за све и свашта.


Океј забегавме али пак се сведува на истото.

Не сум јас посебен и никаде не кажав дека сум резистентен на секое влијание.

Религиите се идеологии кои се засноваат на верба и тука има простор за манипулации пошто секој може да си дава своја интерпретација во ситуација кога нема докази .

Затоа од една страна имаш НЕ УБИВАЈ, а од друга страна свети војни, убивање во име на Бог и слични срања.

Моментално најдобар пример за перење мозок се бомбашиве на ИСИС, некогаш т.е во средниот век имало слични фанатици и во Христијанството, а денес може да се рече дека Христијанството има еволуирано и фанатиците се исклучок, а не правило.

Други примери имаш еден куп различни секти кои перат мозоци или на пример Сциентологија каде лажат глупави богати луѓе за пари.

Јас неам проблем кој сака да верува било што. Проблемот ми е кога некој сака својата идеологија без докази да ја наметне на трет и кога некој четврт ќе му каже не е така вака е и после имаш убиства и слични срања само зошто некој размилува поинаку од тебе.

И друга работа за која веќе кажав. До 18 години не треба децата да бидат подложени на религиски ритуали.(Али ова е реално невозможно барање пошто кај нас религијата = традицијата)
 
За да биде совршен, Бог мора да биде комплексно битие, да има интелегенција, волја, моќ, бесмртност итн, итн.

Сите овие се атрибути на комплексно битие.

Е сега, твојата теза дека доказ за бог се комплексноста на светот и човекот, алудира на тоа дека комплексноста значи неопходност од креатор!

Арно ама, комплексност има и Бог, доколку тврдиш дека ги поседува атрибутите што ги наведов.


Според тоа, логичната последователност вели дека истата неопходност важи и за Бог.

Тоа што ти во логиката гледаш фантазија, зборува само за твојата неспособност да размислуваш логички.

Дека вашиот Бог е отфантазиран доволно кажува тоа што бајките и басните ги интерпретирате буквално, му придавате човечки особини и со тоа го сведувате на битие условено од дуалноста, битие кое го перцепира светот преку призмата на добро и зло, погрешно и исправно. Со тоа итекако правите идол од концептот за Бог.

Кон болдот, по редослед:

- штотуку почна за создаваш свој бог.
- а твојот, спротивен (нели...) доказ вели дека Светов и сета негова содржајност, сами од себе настанале. Последично, ти самиот себе си си се створил. И така натаму...
- Бог ги нема атрибутите кои ти ги наведуваш, оти ти измислуваш непостоечки бог.
- За Бога не важат правилата од Светов-Он Е над Светов, на позицијата „Господ(ар)„ и „Творец„.
- Обратно е: сакаш твојата фантазија да стане логика. Не иде...
- На Бога, никој не Му дава човечки особини, туку Он доброволно стана и Човек, задржувајќи се Себе и како Бог.[DOUBLEPOST=1496436072][/DOUBLEPOST]
Јас неам проблем кој сака да верува било што. Проблемот ми е кога некој сака својата идеологија без докази да ја наметне на трет и кога некој четврт ќе му каже не е така вака е и после имаш убиства и слични срања само зошто некој размилува поинаку од тебе.

Па и со наведеново не мора(ш) да има(ш) проблем, ако у глата има(ш) доволно акал и ако поседуваш сосема прифатливо учење, како противтежа на нечија намера за индоктринирање.[DOUBLEPOST=1496436230][/DOUBLEPOST]
И друга работа за која веќе кажав. До 18 години не треба децата да бидат подложени на религиски ритуали.(Али ова е реално невозможно барање пошто кај нас религијата = традицијата)

Велиш?...

Еве, новите генерациии, а добар дел и од возрасните, станаа зависни(ци) од „мобиљките„ па 24/7 не ги испуштаат од рука, сакајќи непрекидно да бидат „информирани„ и вклучени во (а)социјалните мрежи на „Интернет„.

Нели е и тоа тазе начин за влијаење на умовите од луѓето?...
Како ќе го забраниш влијанието од „Интернет„?
 
Последно уредено:

Kajgana Shop

Back
На врв Bottom