Земи во прва прилика - The Handmaiden! Ќе се заљубиш во Корејците![DOUBLEPOST=1496050388][/DOUBLEPOST]Јас сепак му дадов уште една шанса, последна, за што најзаслужни се @Anon и @Corvus и сите останати кои рекоа дека до возот ништо не разбрале, па затоа си реков - ќе гледам, па макар и ништо не разбрал. И стварно ништо не разбрав до возот. Ама од возот натака беше сосема друг муабет. Во возот навистина секоја следна сцена беше во постојана прогресија нагоре во однос на претходната. Баш за гризење нокти. Тука веќе ги запознав ликовите, а овој, водачот на движењето, што беше со наочарчиња во возот и онака ми беше познат од некаде, само не знаев од каде. Кога заврши филмот сфатив дека е уствари истиот главниот актер од Train to Busan, таткото. Gong Yoo се викал. Јако бате. Првиот Кореец воопшто кој го научив кој е, кој го разликувам од другите и кој ќе го запомнам. Како што рековте, по возот веќе сѐ беше полесно за следење, и воопшто не изгледаше лошо. Всушност кога ќе го изгледаш филмот, воопшто и не можеш да речеш дека нешто во него беше лошо. Единствено што приказната е тешка за пратење заради многуте ликови, и заради тоа што никој од нас не е запознаен со корејската историја. Ама по филмот прогуглав малце и дознав некои работи. Не е лошо филмчето, супер е, баш ко што рече некој погоре - корејскиот „Солунските атентатори“. Од мене има јака 7/10, а не е повисока само заради фактот кој го спомнав погоре - што првата половина од филмот ми беше преконфузна.Well anyway, ова беше првиот Корејски филм што сум го гледала, или барем толку се сеќавам, не можам да кажам дека беше лош, иако ова беше големо оддалечување од мојата комфор зона, и немам многу искуство ни да го споредувам ни да го оценувам во склоп на Корејската кинематографија, ама па за чудо беше многу подобар отколку што очекував дека ќе биде.
Дефинитивно 2016 ќе ја паметам како година на корејскиот филм! Корејците, и покрај 3 одлични филмови: The Handmaiden, The Wailing и Train to Busan решија да го испратат овој, четвртиот, The Age of Shadows за Оскар, и сѐ уште мислам дека згрешија. Не дека е лош филмот, напротив - ова за Американците не изгледаше доволно уверливо, затоа што исто како нас, не се запознаени добро со нивната национална историја, и филмов за нив не буди такви емоции какви што веројатно буди кај Корејците. Баш заради емоциите кои ги има разбудено кај нив мислам и дека го пратиле, инаку, сметам дека било кој од другите 3 подобро ќе поминеше на Оскарите. The Handmaiden веројатно и ќе се бореше за Оскар. А кога сме кај Оскаровските предлози за 2016, годинава се надминав себеси - од 85 филма кои беа предложени, овој ми е 20-ти изгледан. Воопшто не е лошо!
Заклучно со мене - петмина го гледаа The Age of Shadows, и му дадоа средна оценка 6,9. Не го гледаа: предложувачот @Zarniwoop , @Goodfella , @Хоуп , @Васил МКД , @Донев , @Вокерка и @dejan_k .На сите им е прв неизгледан.
Следен за предложување е @Донев за кого ова ќе биде прв предлог. Интересно, нема да се селиме далеку, и ќе гледаме нешто што само еднаш до сега сме имале на репертоар, па затоа јас се радувам. Плус, филмот ми е симнат многу одамна и стои во вочлист се уште. @Донев , ти го препуштам перото тебе да се произнесеш. Те чекаме до вечер до 20:00.
Последно уредено:

)[DOUBLEPOST=1496076467][/DOUBLEPOST]Princess Mononoke - втор филм од клубов за мене денес. Брз сум, а? Филм на мајсторот на жанрот, господин господин господин Хајао Мијазаки, но нешто постар, т.е. од пред анимираните да можат да конкурираат за Оскар во своја категорија. Инаку, Мијазаки е единствениот режисер, а неговото Studio Ghibli единственото студио кои немаат никаква врска ни со САД, ни со Велика Британија, а успеале да им го земат Оскарот за најдобар анимиран филм (неговиот најпознат, Spirited Away, во 2002) на Pixar / Disney / Dreamworks / Aardman / Paramount. За мене ова е петти филм на Мијазаки, и морам да признаам дека е уште едно негово ремек дело! Човекот е со имагинација од мало дете: никој не може да замисли такви креации, суштества и ликови како оние излезени од умот на Мијазаки, и овде истото се повторува. По симболиката најблизок ми беше до My Neighbor Totoro, и можеби до Howl's Moving Castle, а и со употребата на темите како природата и нејзиниот однос кон и од цивилизацијата, љубовта, животот и смртта, задгробниот живот и јапонската митологија. Малку ми беше повеќе мрачен од што обично е (барем во My Neighbor Totoro беше ептен light, тој е единствениот анимиран филм кој сум го гледал, а во кој буквално не постои негативец, не постои антагонист), но воопшто не ми сметаше и таквиот Мијазаки. Единствено нешто кое ме одвраќаше и претходно да го гледам филмов, а и сега ми сметаше е што е предолг за мој вкус. На пример, последното изгледано аниме пред Mononoke-hime ми беше Kimi no na wa. (Your Name.) кој трае едвај саат и пол, и ми беше таман, топ. Исто и Totoro, и други аниме кои сум ги следал, сите биле кратки. Над два саати е претерано, според мене. Не знам што друго да додадам. Убав филм, навист/ина убав. Може не најубавиот негов, но пак на приближно исто рамниште ко и останатите 4. Од мене 8/10. А како коментар, можеби нешто повеќе откако ќе легне. 
Пр не ми текнува сега дали едни мали бели слатко-крипи духови се од тој филм или Тоторо или некој сосема трет.