не[DOUBLEPOST=1496013285][/DOUBLEPOST]
Ако во тие земји е нормално не мора да значи дека е правилно, не оправдувам брак меѓу деца и возрасни. Дури и 16 е прилично мало за брак но тоа е законот за жал.
Инцестот како го оправдувам? За инцестот сум измеѓу, немам одреден став дали сум за или против. Ниту го оправдувам ниту го осудувам.
Не реков дека си ме навредил, искрено еден од ретките си на темава што успеал да каже повеќе од 10 реченици без да ме навреди (барем не си ми упатил директна навреда). А за истражувањата, темава ја разгледувам долго време, и освен оние квази истражувања што ги има ставено Лет 3 друго такво нешто не сум видел (или барем не се сеќавам дека сум видел). Едно што тие се од тотално нерелевантни извори, сајтови што шират секакви лаги и сајтови без научни факти, религиозни сајтови и уште што не. Не негирам дека постојат истражувања што тврдат дека се работи за психичко нарушување, но постојат уште повеќе кои што тврдат дека не се работи за тоа. Јас верувам на вторите, прво затоа што тврдењата се од многу подобри и повеќе ценети доктори отколку првите, второ затоа што не се чувствувам болно само затоа што ме привлекува личност од ист пол. Ајде да речеме дека е психичко нарушување, истите тие што тврдат дека е болест нека произлезат со лек за хомосексуалноста, и кога вистински ќе излечат некого ќе поверувам дека е болест. Сите „лекувања“ со електрошокови, лоботомија се само измачувања со никаков исход, а оние лажно излечените на било каков друг начин не знам за колку пари се имаат продадено да се изјаснат дека се „излечени“. Впрочем можеби не ни биле геј.
Не знам дали сум дете полно со комплекси, но сепак, ти благодарам за проценката.
А и не те навредив тебе јас, ниту пак реков дека ти си од глупите што ги изедначуваат хомосексуалноста со педофилија и зоофилија. Тоа ми беше напишано за оние што всушност го прават тоа како пропаганден начин за „оцрнување“ на ЛГБТИ популацијата, или некои лажни вести како демек педофилите биле дел од ЛГБТИ популацијата и останати глупости што немаат никаква врска со хомосексуалноста.
За делот околу професорите. Професорите како и секој друг човек имаат право да имаат свој став и мислење и да ги искажуваат истите. Но тоа треба да се направи на културен начин, со речник што му прилега на такво лице, а јас до сега сум се соочил со неколку изјави од страна на различни професори, од кои само еден се одвојуваше (во позитивна смисла.) За другите што би имал да кажам.. Хм, еден професор разговарајќи за одредена држава во која била легализирана марихуаната одеднаш спомна: „А, па таму и двајца мажи можат да се држат за рака слободно на улица и никој ништо не им прави, одвратно, го оправдувате ли вие тоа?“ факинг држење за рака бре, ај да зборуваше за бакнување во јавност барем ќе разберев, ни јас не сакам да гледам лигавење многу, дали било тоа од стрејт или геј пар, ама не би им го забранил ни на едните ни на другите. Друг професор вршеше исмевање на ПЕДЕРИТЕ, да, го употреби зборот педер, педери и тоа во неколку наврати, не еднаш. Професорка зборуваше за тоа како хомосексуалноста не била природна, се знаело што е правилно, маж и жена сè друго било грев и погрешно, господ ги создал Адам и Ева, истата таа професорка праша двајца ученици што се штипкале, се скокоткале или не знам што правеле, зошто го прават тоа, тие не личеле на „обратни“. Не знам, можеби ти го оправдуваш ова но мене ми е одвратно и сметам дека таков говор доликува на некој уличар, а не на професор. Професорот смее да зборува за темите кои што ти ги наброја, но на било каков начин.
Мило ми е што имаш геј пријатели. Можеби ти мислиш дека општеството не нè мрази и мисли дека сме досадни, ама јас не мислам така. Ние всушност пробуваме да се избориме, ама ти како што велиш досадни сме веќе? Малку е смешно да кажеш дека сме досадни, посебно во Македонија, хомосексуалноста е најмалку застапена во секојдневноста и во било која област, дали е тоа образование, наука, култура, на македонски телевизии нема филмови или било што со геј ликови (геј ликови во филмот, а не во приватен живот) освен Преспав. 70% од населението не ни знае дека постојат било какви ЛГБТИ организации во државава, голем дел игнорантни граѓани сметаат дека ние сме пред изумирање и не постоиме во земјава, затоа што за тоа се зборува најминимално што може.
За затворот и казните, постојат земји во кои и ден денес се лежи затвор за хомосексуалност, се врши јавно тепање на хомосексуалци, има огромен број на пријавени случаи за обид за убиство на хомосексуалци.
Пред некој месец се прошири видео на интернет како неколку лица измачуваат трансродова жена а потоа истата ја убиле. Уште тоа недостига кај нас. Искрено не ги сфаќам луѓето што упорно тврдат како ЛГБТИ заедницата ги ужива истите права како и секое како што најчесто знаат да кажат „нормално“ лице. А секој што е ЛГБТИ знае дека тоа не е точно, доколку е јавно аутиран како геј/транс. Познавам транс момче што се плашеше да отиде на доктор кога имаше здравствени проблеми затоа што претходно имал многу лошо искуство, и тоа со матичниот лекар. Можеби мислиш дека секое лице има право да не врши правилно функција која што ја има само заради тоа што не се согласува со нечија сексуалност, не знам.
Делот со привилегираноста не ти го разбрав баш. Но ниту сум привилегиран затоа што сум геј, ниту пак сакам да сум. Сè што сакаме се еднакви права.
За крај, еве неколку линкови со статии кои можеш да ги прочиташ доколку не те мрзи:
http://psychology.ucdavis.edu/rainbow/html/facts_mental_health.html
https://www.psychiatry.org/news-room/apa-blogs/apa-blog/2016/03/homosexuality-as-a-mental-disorder-simply-not-backed-up-by-science овде има и писмо што можеш да го симнеш и прочиташ.
http://www.huffingtonpost.com/john-pavlovitz/yes-homosexuality-absolutely-is-a-choice_b_7106800.html
https://blogs.scientificamerican.com/guest-blog/is-homosexuality-a-choice/
Секако со гуглање можеш многу повеќе да пронајдеш, и постручно.