V
viktora
Гостин
Јас би надополнил и финансии.На жими мајка и со крстот на чело никој нема да лобира за нас.Јас лично политиката ( надворешната ), барем од наш аспект - како мала и зависна држава, ја доживувам како способност да умееш да изманеврираш и да го извлечеш максимумот ( во своја корист ) во рамките на интересите на тие кои ги поставуваат тие рамки, т.е. меѓународните играчи. Во нашиов случај ЕУ и САД, иако сум силен критичар на зависноста и улогата на привезок која ја има ЕУ во однос на САД. Далеку поголеми, понапредни, понезависни држави се во подредена улога во однос на политичките центри на моќ. Некој кратковид би кажал дека тоа е сервилност, јас на тоа гледам како на чист прагматизам. Нашата трагедија е што ниеден политичар досега, освен можеби Киро Глигоров, не успеал да се испазари и да извлече некоја корист на сметка на отстапките кои ги направивме овие 26 години независност во однос на одредени национални прашања.
Политика не се води според емоции, туку со ладна глава, калкулации, разум и взаемен интерес. Нешто што беше непознато и непоимливо за досегашната гарнитура составена од тандемот его - манијаци, како двајца најмоќни и највлијателни на врвот и целиот тој синџир на тафтабити, гмизавци и пушикуровци кои се нарекуваат сеуште ВМРО - ДПМНЕ.
Од толку кредити,од толкави давачки можеше еден мал дел да се подмити некоја лоби група или некоја влијателна фаца за да не гура напред и да не штити.