Абе ќе има приближно 200 ама 100 само за Кеита и Ван Дајк ќе одат ако ги купиме. Треба и крило едно брзо продорно, ене за Салах 40 бараат, бек ќе треба, можеби и шпиц ако му текни на Клоп иако тешко
Бек мора, не знам зашто не ПРИЦНА за Родригез, и онака е дефицитарна таа позиција моментално секаде, а е негов домен дека од швабска екипа доаѓа. Ќе го купи Сесењон, мачка во вреќа ради возраста али барем е млад и ќе кинеш живци (евентуално) тешејќи се дека барем ќе напредува детето.
Ван Дајк и Матип е сосема солидно дуо реално(ако се деси), Ел Команданте и Викингот бекап, мора десен бек почесто да игра некој по купови од децава за да не умре Клајн во сред сезона.
Средината е добро пополнета, и со овој орачов Кеита уште повеќе може да се засили така да ја сум ЗА трансферов. Салах е добар исто, 40м за него ми е океј цена, само што финишот му е ала Стерлинг. Плус не знам место кого би играл прва постава.
И ја сум за шпиц, мислев ќе има повеќе шпекулации за Обамејанг или Лаказет, како би легнал некој од нив двајца на тимов, се наежувам од помислата.