Горчи малку. Двојна титула ќе беше шлаг на тортата. Што не значи дека сезоната е исклучително успешна.
Сакав да коментирам малку за натпреварот, за играта и играчите...батали. Само две работи. По петти пат сезонава, човеков што ни е на клупа заврши ѓаволска работа и извади максимум од солидниот, но ништо повеќе од тоа, овосезонски тим на Челзи.
Второ, имам едно непопуларно мислење за Хазард. Кој секако е одличен играч. Арно ама, понекогаш претеруваме (и јас спаѓам во таа група), со вбројувањето на Хазард во некакви топ 3/5 листи.
Да одмориме сега и да ни ,,спадне'' титулата во ПЛ раат, па веќе од август, се надевам, со нови играчи и сили кон нови походи, што би рекле сите тренери/фудбалери на светот, после прашање на рандом спортски новинар.