Летување во Грција

  • Креатор на темата Креатор на темата Jack Nolan
  • Време на започнување Време на започнување
Дечки, некој остров каде што не е многу голем и не е журкаџиски да препорачате? Значи да не е мртво, кафичи и ресторани е ок, таверни исто, да нема диско, напалени англичани и остала пијана и издрогирана багра. :) Бидејќи идеме пар, не ни треба многу гужва и галама, гледав, Тасос, можеби и Скијатос?!

Лефкада (ако не си бил), мада мислам дека те имам читано во таа тема.
Ако си бил, тогаш Кефалонија дефинитивно. Јес да не е мал, ама ако имаш сопствен превоз - супер. Не се „плаши“ од големи острови, се зависи како сам си организираш.
 
Не сум бил ни на едниот ни на другиот. Лефкада викаат многу ветар имало на плажите( нека ме поправи некој што бил ако грешам), Кефалонија па ептен ми е голем, знаеш сакам да видам доста од островот за 7-8 дена колку што ќе бидам, а овај ми е ептен голем, и сакам да е лабаво, еден ден една плажа. Благодарам
 
Лефкада тогаш обавезно. Прочитај што сум пишал тука

https://forum.kajgana.com/threads/Лефкада.67496/page-20#post-7834810

Лефкада
.
.
.
.
.
.
.
.
Тасос/Скијатос
 
Само не напоменав, не сакам гужви по плажи, би било добро да се блиску кај што ќе се паркираш со кола, да не пешачиш многу до нив..Ќе се оди со сопствен превоз. Го прочитав твојот пост на Лефкада и супер изгледаат плажите, има уште време, ќе се одлучам ваљда :) Благодарам на одговорот.
 
Дечки, некој остров каде што не е многу голем и не е журкаџиски да препорачате? Значи да не е мртво, кафичи и ресторани е ок, таверни исто, да нема диско, напалени англичани и остала пијана и издрогирана багра. :) Бидејќи идеме пар, не ни треба многу гужва и галама, гледав, Тасос, можеби и Скијатос?!

Наксос е баш ко што сакаш.
 
Не сум бил ни на едниот ни на другиот. Лефкада викаат многу ветар имало на плажите( нека ме поправи некој што бил ако грешам), Кефалонија па ептен ми е голем, знаеш сакам да видам доста од островот за 7-8 дена колку што ќе бидам, а овај ми е ептен голем, и сакам да е лабаво, еден ден една плажа. Благодарам
Пред две години бев во Амуљани и мислам дека тоа е право место кое го бараш.
 
Наксос е баш ко што сакаш.
Далеку ми гледа ова, а и не е баш мал, колку ќе ме одерат за траект?[DOUBLEPOST=1495708796][/DOUBLEPOST]
Пред две години бев во Амуљани и мислам дека тоа е право место кое го бараш.
Wow, ми се свиѓа, дефинитивно! Благодарам.
 
Далеку ми гледа ова, а и не е баш мал, колку ќе ме одерат за траект?[DOUBLEPOST=1495708796][/DOUBLEPOST]
Wow, ми се свиѓа, дефинитивно! Благодарам.

70 евра платив траект од Атина ама без кола. Најубаво е да отидеш во Blue Star Ferries претставништвото кое се наоѓа до бившо Blue-Cafe и да прашаш колку пари ке биде за со кола.
 
Здраво
некој да сподели искуство за одмор на третиот крак во Грција - Уранополи
сакав да прашам како е таму, како се движат цените
ние планираме да одиме сега на почеток од јуни ама се плашам дека не е убаво а е скапо
Поздрав
 
Поздрав,

Бидејќи летово прв пат одам во одмор во Грција, (а патувам со 2 годишно дете) би ве молел за помош :)

1. Дали е задолжително да се резервира апартман од тука или не би требало да имам проблеми при резервација "на лице место" во Паралија или Неи Пори? Мислам, дали може да се најдат слободни апартмани (евтини)?
2. По ваше искуство, кое летувалиште препорачувате (ми треба мир и спокој а не забави и музика) помеѓу Неи Пори и Паралија?
3. Обично, како одат цените на обичните апартмани, 30-35 евра или нагоре?

ВИ БЛАГОДАРАМ :D:D:D
 
1. Зависи кои термини одиш, ако си во шпицот, во Август или од средина на Јули тогаш, да, ти треба резервација од напред затоа што си со мало дете, а во горештините да шеташ по неколку саати не ти препорачивам. На крај може и да не најдеш.
2. Неи Пори дефинитивно, огромна плажа, плитка, исмислена за мало дете. Паралиа бев пред 2 години, плажата е ок, водата не е, матна е и многи има гужва, плус во Паралија има и ноќен живот за разлика од Неи Пори.
3. Па околу 40 евра па нагоре би рекол во шпицот на сезона.
 
Благодарам многу!
Бидејќи одам кон крајот на месец Јуни, а и многу мрзам да резервирам од дома пред да ја видам самата плажа и местоположбата, ризикувам ли многу ако одам без резервација во Неи Пори?
 
Чим одиш тој период, не е страшно, сигурно наоѓаш. Иначе меѓу овие две плажи со мало дете, нема мислење, Неа Пори е идеално.
 
Благодарам многу!
Бидејќи одам кон крајот на месец Јуни, а и многу мрзам да резервирам од дома пред да ја видам самата плажа и местоположбата, ризикувам ли многу ако одам без резервација во Неи Пори?
Иди Неи Пори тоа време без резервација, ќе најдеш за 10 евра од човек.
 
Викендов се изнаслушав свашта па би сакал да склопам еден FAQ (неконечен) на нашинец во Грчка:

1. Колку ви го дае апартманот?
2. Колку е гирото со и без ѕаѕики?
3. Колку е кафето и дали даваат вода гага?
4. Се стои таму? До кај ти е?
5. Ладна е?
6. Ја знаеш оваа нашава у Прл на врата?
7. Имате срби до вас?
8. Лидл работи кај вас у недела?
9. Има шампонче Dove у Масутис 2 за 1 на промо?
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom