smihajlo
Superposition, Relentless
- Член од
- 11 август 2010
- Мислења
- 3.755
- Поени од реакции
- 4.526
Абе по таа логика во ништо да не веруваме. Изворот е далеку од дискутабилен како што веќе посочив НАСА е најрелевантната вселенска организација и тоа што не познавам лично таму луѓе не го поткопува нивниот кредбилитет.(Нивните дела, технолошки придонеси и научни трудови сами зборуваат за тоа која е НАСА)Кеплер,
се поклонувам пред твојот гениј...
За разлика од тебе, има и такви кои, барајќи ја вистината, Го наоѓаа(т) Бога. Према томе, наместо да бараш нешта кои навистина не постојат (а како можеш да знаеш дека не постојат, без да ги бараш и да не ги најдеш...), почни да ја бараш вистината, како што тоа го чинеа сите мудрољубци од сите минати времиња.
Огледај се на мудрите, не се огледувај на самиот себе...[DOUBLEPOST=1495467658][/DOUBLEPOST]
Слабостите на доказот веќе ти ги посочив и се во склад со Теоријата на информациите, а не во склад со мојот инает.
Доказот на кој се повикуваш не е никаков доказ, оти сличен таков доказ, но со спротивен резултат, даваат и доказите кои ги посочуваат „рамноземјашите„, кои имаат свој орбитер, чие „око„ не гледа топчеста Земја. И сега, имаш дилематична можност; или е Земјата топчеста или е рамна...или е нешто „трето„. Изборот можеш да го сториш не според твоето вродено око, туку според светогледот кој некој веќе ти го наметнал.
Изворот (НАСА) е дискутабилен и е предмет на непрекината критика, која (критика), сигурен сум, не ти е по мерак. Згора на све, сигурен сум дека ти лично не познаваш ниту еден лик кој работи во НАСА, така да на НАСА можеш само да и‘ веруваш по начелото „жими мајка„.
Просто е; можеш да веруваш само со нешта кои не ти се сетилно и разумно достапни во непосреден облик, така да се‘ што е посредно, е „ствар„ на верување. Во непосредно достапните феномени, кои не можеш да ми ги посочиш, (како што е обликот од Земјата), нема потреба од верување, оти истите се очигледни до очебијност, како што е очигледно Сонцето, чие постоење и чии основни атрибути не се предмет на докажување.
Толку од убедливоста од твојот доказ.
(Без нив најверојатно немаше и интернетот да постои или барем немаше да биде толку напреден)
Реално и сетилата можат да бидат изманипулирани така да, ти не знаеш дали реално го гледаш Сонцето или тоа е некоја илузија.
Али ова ти е веќе филозофија на екстреми. Ако идеме до тој степен дали воопшто постои светот или живееме во некоја симулација?
Ова ти се прашања на кои реално нема одговор пошто ако сме во некоја „кутија“ не постои начин да погледнеме однадвор и секоја дискусија на оваа тема е бескорисна.
Така да и она што е посредно може да е нешто сосем друго од она што мислиме дека е.
Да не заборавиме во античко минато Сонцето се сметало за Бог во одреден период. И ред други слични примери каде луѓето верувале во „очигледни работи“ кои не биле баш едноставни како што некогаш се мислело.
Така да во логичките системи се зема одредена „проста/едноставна“ работа и се гради на неа.
Во овој случај имаш кредибилен извор НАСА и технологија овозможува да осогледаш нешто за кое моментално немаш ресурси.
Дали е можно целата работа да е измама?
Да.
Ама шансите се толку мали 0.000000000000000000000000000000001%
И кога некој во ваков случај наоѓа забелешки да не верува тоа ти се вика ситничарење.