Дали мислите дека религијата е манипулативна алатка на човечката свест?

smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
Кеплер,

се поклонувам пред твојот гениј...:cuc:

За разлика од тебе, има и такви кои, барајќи ја вистината, Го наоѓаа(т) Бога. Према томе, наместо да бараш нешта кои навистина не постојат (а како можеш да знаеш дека не постојат, без да ги бараш и да не ги најдеш...), почни да ја бараш вистината, како што тоа го чинеа сите мудрољубци од сите минати времиња.

Огледај се на мудрите, не се огледувај на самиот себе...[DOUBLEPOST=1495467658][/DOUBLEPOST]

Слабостите на доказот веќе ти ги посочив и се во склад со Теоријата на информациите, а не во склад со мојот инает.

Доказот на кој се повикуваш не е никаков доказ, оти сличен таков доказ, но со спротивен резултат, даваат и доказите кои ги посочуваат „рамноземјашите„, кои имаат свој орбитер, чие „око„ не гледа топчеста Земја. И сега, имаш дилематична можност; или е Земјата топчеста или е рамна...или е нешто „трето„. Изборот можеш да го сториш не според твоето вродено око, туку според светогледот кој некој веќе ти го наметнал.

Изворот (НАСА) е дискутабилен и е предмет на непрекината критика, која (критика), сигурен сум, не ти е по мерак. Згора на све, сигурен сум дека ти лично не познаваш ниту еден лик кој работи во НАСА, така да на НАСА можеш само да и‘ веруваш по начелото „жими мајка„.

Просто е; можеш да веруваш само со нешта кои не ти се сетилно и разумно достапни во непосреден облик, така да се‘ што е посредно, е „ствар„ на верување. Во непосредно достапните феномени, кои не можеш да ми ги посочиш, (како што е обликот од Земјата), нема потреба од верување, оти истите се очигледни до очебијност, како што е очигледно Сонцето, чие постоење и чии основни атрибути не се предмет на докажување.

Толку од убедливоста од твојот доказ.
Абе по таа логика во ништо да не веруваме. Изворот е далеку од дискутабилен како што веќе посочив НАСА е најрелевантната вселенска организација и тоа што не познавам лично таму луѓе не го поткопува нивниот кредбилитет.(Нивните дела, технолошки придонеси и научни трудови сами зборуваат за тоа која е НАСА)

(Без нив најверојатно немаше и интернетот да постои или барем немаше да биде толку напреден)

Реално и сетилата можат да бидат изманипулирани така да, ти не знаеш дали реално го гледаш Сонцето или тоа е некоја илузија.

Али ова ти е веќе филозофија на екстреми. Ако идеме до тој степен дали воопшто постои светот или живееме во некоја симулација?

Ова ти се прашања на кои реално нема одговор пошто ако сме во некоја „кутија“ не постои начин да погледнеме однадвор и секоја дискусија на оваа тема е бескорисна.

Така да и она што е посредно може да е нешто сосем друго од она што мислиме дека е.

Да не заборавиме во античко минато Сонцето се сметало за Бог во одреден период. И ред други слични примери каде луѓето верувале во „очигледни работи“ кои не биле баш едноставни како што некогаш се мислело.

Така да во логичките системи се зема одредена „проста/едноставна“ работа и се гради на неа.

Во овој случај имаш кредибилен извор НАСА и технологија овозможува да осогледаш нешто за кое моментално немаш ресурси.

Дали е можно целата работа да е измама?
Да.

Ама шансите се толку мали 0.000000000000000000000000000000001%

И кога некој во ваков случај наоѓа забелешки да не верува тоа ти се вика ситничарење.
 
Ipsissimus

P.I.
Член од
23 јули 2010
Мислења
15.582
Поени од реакции
12.949

Ти кажав што е намерата, да се сведе науката на исто рамниште со верата, и потоа нејзината предност - скептичноста и самокритичноста да се прикажат како нејзини слабости. За нив, науката не била релевантна, бидејќи немала ,,конечна вистина". Демек откритијата на Њутн, денес не важат затоа што Ајнштајн открил ,,нови" закони.

Науката не одлучува однапред што мора или што не смее да биде резултот на било кој експеримент, религиите го прават токму тоа - само врз база на личните убедувања и верба, однапред одредуваат како може а како неможе да биде некое откритие. Тоа не е барање на вистина, туку на утеха, самозалажување и залажување на другите. Многу пати ,,аргументот" за тоа им беше дека верата му предходела на знаењето, па затоа верата била повалидна од знаењето....што е тешка глупост. И магарињата им предходат на мерцедесите, па тешко денес ќе видиш поп на магаре.
 
Па тоа ми беше и мене аргументот разликата помеѓу верата/религијата и науката е што науката не вели дека не е можно да греши ниту дека знае дали има и која е ултимативната вистина туку ја презентира најверојатната вистина и остава простор некој во иднина да направи корекција.

И друга работа. Само во последните 50 години науката направи и најголемите селјаци да живеат подобро од кралевите пред 100 години, а религијата сеуште се замара како требало да се облекуваме, дали требало жените да возат или педерите да стапат во брак.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Реално и сетилата можат да бидат изманипулирани така да, ти не знаеш дали реално го гледаш Сонцето или тоа е некоја илузија.
Со добра количина од брашно, сите нешта стануваат илузија.
А што рече, кој може да ги манипулира сетилата и со која цел?[DOUBLEPOST=1495558175][/DOUBLEPOST]
Така да и она што е посредно може да е нешто сосем друго од она што мислиме дека е.
Велиш? А напишаново од тебе дали важи и за тебе или само да „другите? На пример, како ти текна дека Земјата е топчеста, кога други ликови изведуваат докази дека е рамна?

Просто кажано, на која основа го правиш својот избор, кога и самиот се обидуваш да ги изрелативизираш нештата?[DOUBLEPOST=1495558352][/DOUBLEPOST]
Ама шансите се толку мали 0.000000000000000000000000000000001%
.
А ш‘о мислиш, колкави се шансите од камен на настане еднокелиски организам?...:pos:
 
Последно уредено:

Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Со добра количина од брашно, сите нешта стануваат илузија.
А што рече, кој може да ги манипулира сетилата и со која цел?[DOUBLEPOST=1495558175][/DOUBLEPOST]

Велиш? А напишаново од тебе дали важи и за тебе или само да „другите? На пример, како ти текна дека Земјата е топчеста, кога други ликови изведуваат докази дека е рамна?

Просто кажано, на која основа го правиш својот избор, кога и самиот се обидуваш да ги изрелативизираш нештата?[DOUBLEPOST=1495558352][/DOUBLEPOST]

А ш‘о мислиш, колкави се шансите од камен на настане еднокелиски организам?...:pos:
Ај нареди ги тие научни докази кои покажуваат дека е рамна, само те молам со пресметки за силите кои влијаат, со докази против законите кои важат во моментов, слики дека е рамна.
Рамна е исто колку што твојот госпо постои ;)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Ај нареди ги тие научни докази кои покажуваат дека е рамна, само те молам со пресметки за силите кои влијаат, со докази против законите кои важат во моментов, слики дека е рамна.
Рамна е исто колку што твојот госпо постои ;)
Кеплер, мрзо немерлива...

Мрдни го тоа задникот и почни да ги бараш одговорите кои те занимаат. За „рамноземјаните„ имаш купишта материјали по Интернет.

А обиди се да најдеш и научен доказ дека Бог не постои и јас у секунда ќе се откажам од мојата вера.

П.С.:

А што рече, кога и од каде виде дека Земјава е топчеста?...
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
Кеплер, мрзо немерлива...

Мрдни го тоа задникот и почни да ги бараш одговорите кои те занимаат. За „рамноземјаните„ имаш купишта материјали по Интернет.

А обиди се да најдеш и научен доказ дека Бог не постои и јас у секунда ќе се откажам од мојата вера.

П.С.:

А што рече, кога и од каде виде дека Земјава е топчеста?...
Не се докажува нешто дека не постои туку нешто што постои.
Така да ти треба да докажеш дека постои.

Јас во врска со Бог мислам дека ставот на агностиците е најразумен т.е не знам дали постои, а лично и не ми е гајле.

Реално мислам дека и идејата за „Бог“ е така конструирана што не е можно да се докаже.
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Кеплер, мрзо немерлива...

Мрдни го тоа задникот и почни да ги бараш одговорите кои те занимаат. За „рамноземјаните„ имаш купишта материјали по Интернет.

А обиди се да најдеш и научен доказ дека Бог не постои и јас у секунда ќе се откажам од мојата вера.

П.С.:

А што рече, кога и од каде виде дека Земјава е топчеста?...
Ај мрдни страна поназад и види каква е земјата, на планетава се одредени геопотенцијалите на добар процент, во државава учествував и самиот во нивно одредување и пресметките на вертикалниот датум, цела наука е посветена на пресметките на тело за апроксимација, датумски пресметки, датумски трансформации, прекции и трансформации помеѓу системите за пресметките да се што е можно поблиски до реалниот изглед на земјата, а ти ми кажуваш за рамноземјаните, не знам дали да се смеам или да те сожалувам. Мики, цели мисии на сателити се наменети специјално за одредување на обликот на земјата, цела наука работи постојано на глобалните навигациски системи, сателитска алтиметрија, далечинска детекција, VLBI, доплерови мерења и што ти уште не, а ти ми даваш споредба за една група на луѓе кои успат ракијата седнале и прават некаква си теорија? Па секој втор таксист и македонски боем има некаква си теорија, комшијата мој имаше теорија дека стаклото од вода и шеќер се прави, шу прајме сеа?

За нешто што воопшто не постои нема ни како да прајме доказ, едноставно го нема во ниедна димензија, во никаква агрегатна состојба, не се јавува од никаде, џабе го чекаш.
 
smihajlo

Superposition, Relentless
Член од
11 август 2010
Мислења
3.755
Поени од реакции
4.526
Со добра количина од брашно, сите нешта стануваат илузија.
А што рече, кој може да ги манипулира сетилата и со која цел?[DOUBLEPOST=1495558175][/DOUBLEPOST]

Велиш? А напишаново од тебе дали важи и за тебе или само да „другите? На пример, како ти текна дека Земјата е топчеста, кога други ликови изведуваат докази дека е рамна?

Просто кажано, на која основа го правиш својот избор, кога и самиот се обидуваш да ги изрелативизираш нештата?[DOUBLEPOST=1495558352][/DOUBLEPOST]

А ш‘о мислиш, колкави се шансите од камен на настане еднокелиски организам?...:pos:
Веќе ти кажав по која логика се водам за тоа дека земјата е топка. Докази дека земјата е рамна колку што знам јас непостојат.(квази теории од сомнителни типови што незнаат да спелуваат Н од научен труд не се рачунаат)
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
Веќе ти кажав по која логика се водам за тоа дека земјата е топка. Докази дека земјата е рамна колку што знам јас непостојат.(квази теории од сомнителни типови што незнаат да спелуваат Н од научен труд не се рачунаат)
Твојата логика е само твоја, не е универзална, што значи дека твојата „логика„ може да пати од субјективизам и од грешки.

Докази за „рамната Земја„ се лесно достапни на Интернет, ама нејќеш да ги видиш, оти ако ги видиш, ќе мораш да ја признаеш својата досегашна заблуда пред самиот себе, а и пред другите на форумов.

Ќе можеш? Не...[DOUBLEPOST=1495560096][/DOUBLEPOST]
Ај мрдни страна поназад и види каква е земјата, на планетава се одредени геопотенцијалите на добар процент, во државава учествував и самиот во нивно одредување и пресметките на вертикалниот датум, цела наука е посветена на пресметките на тело за апроксимација, датумски пресметки, датумски трансформации, прекции и трансформации помеѓу системите за пресметките да се што е можно поблиски до реалниот изглед на земјата, а ти ми кажуваш за рамноземјаните, не знам дали да се смеам или да те сожалувам. Мики, цели мисии на сателити се наменети специјално за одредување на обликот на земјата, цела наука работи постојано на глобалните навигациски системи, сателитска алтиметрија, далечинска детекција, VLBI, доплерови мерења и што ти уште не, а ти ми даваш споредба за една група на луѓе кои успат ракијата седнале и прават некаква си теорија? Па секој втор таксист и македонски боем има некаква си теорија, комшијата мој имаше теорија дека стаклото од вода и шеќер се прави, шу прајме сеа?
Сега, ќе причекам да ми кажеш кога и до која позиција ја виде Земјава во топчест облик?

Ќе можеш да ми одговориш? Не можеш?

Знам дека не можеш, но затоа можеш да изнесуваш посредни разно-разни „докази„ во кои можеш самиот да веруваш дека се „као„ точни, затоа што имаат призвук на научност...

На моето вродено око, твоите пресметки не му се од никаква корист.[DOUBLEPOST=1495560175][/DOUBLEPOST]
За нешто што воопшто не постои нема ни како да прајме доказ, едноставно го нема во ниедна димензија, во никаква агрегатна состојба, не се јавува од никаде, џабе го чекаш.
Веќе ти одговорив, ама не ти „пасуе„; нештата кои не си ги ни барал, не можеш ни да ги најдеш.

Просто е...
 
Lester Freamon

A man of focus, commitment, sheer will...
Член од
14 јануари 2015
Мислења
16.238
Поени од реакции
36.515
Твојата логика е само твоја, не е универзална, што значи дека твојата „логика„ може да пати од субјективизам и од грешки.

Докази за „рамната Земја„ се лесно достапни на Интернет, ама нејќеш да ги видиш, оти ако ги видиш, ќе мораш да ја признаеш својата досегашна заблуда пред самиот себе, а и пред другите на форумов.

Ќе можеш? Не...[DOUBLEPOST=1495560096][/DOUBLEPOST]

Сега, ќе причекам да ми кажеш кога и до која позиција ја виде Земјава во топчест облик?

Ќе можеш да ми одговориш? Не можеш?

Знам дека не можеш, но затоа можеш да изнесуваш посредни разно-разни „докази„ во кои можеш самиот да веруваш дека се „као„ точни, затоа што имаат призвук на научност...

На моето вродено око, твоите пресметки не му се од никаква корист.[DOUBLEPOST=1495560175][/DOUBLEPOST]

Веќе ти одговорив, ама не ти „пасуе„; нештата кои не си ги ни барал, не можеш ни да ги најдеш.

Просто е...
lol, веќе се запрашувам дали си втор акаунт на @ZOTE

Навистина немам план да губам време на оваа тематика, веќе имам доволно потрошено со другарти Зоте или можеби со тебе со вториот акаунт, јбг жалосно е воопшто и тастатура веќе да се крши со тебе.
 
MIKI1

Поставувач на неодговорени прашања.
Член од
10 јануари 2008
Мислења
20.396
Поени од реакции
3.398
lol, веќе се запрашувам дали си втор акаунт на @ZOTE

Навистина немам план да губам време на оваа тематика, веќе имам доволно потрошено со другарти Зоте или можеби со тебе со вториот акаунт, јбг жалосно е воопшто и тастатура веќе да се крши со тебе.
Оти бегаш? Поставувам претешки прашања?

Не, не сум Зоте. Од самиот почеток, од моето зачленување, сум MIKI1.
 
Kajgana Shop

На врв Bottom