^^Приватизацијата на Бранко е исто големка работа, чии ефекти и димензии малку кој реално ги согледува.
Околу приватизацијата, она што многу луѓе го пропуштаат да го видат (бидејќи реално голем дел од нив не знаат како функционираат фирмите) е што над 90% од сите тие фирми работеа за Југославија. Пропадна југославија и голем дел од нив пропаднаа бидејќи реално го загубија пазарот. Фирмите што останаат успешни, до ден денес останаа затоа што добија монопол на македонскиот пазар и имаа колку толку успешни газди во менаџирањето на фирмите, а многу мал дел се продадоа на странци од тогашните газди.
Криминалот во приватизацијата е во купувањето на фирмите за ситни пари и толку.
Отпуштањето на работниците, затварањето на фирмите (т.е одење по стечај), намалувањето на платите во најголем дел се заради губењето на пазарите што ги опслушуваа самите фирми и тоа е нормален тек на работите во секоја нормална фирма.
Ако некоја фирма Х работи со Ирак, Иран, Авганистан, Сирија и до 2001 година вработува над 10.000 луѓе заради војните што се случуваат од 2001-2015 во тој регион денес таа фирма Х или не постои т.е ги отпуштила скоро сите вработени или ако има добар и снаодлив газда се ориентира на други пазари за да може да ги зачува вработените и нормално истите приходи.
Тоа што нашите фирми од комунизамот во 90% работат за југословенски пазар ни се удри од глава после расцепот на југославија.
Денес голем дел од фирмите во македонија, работат за буџетот на РМ и многу малку се прави извоз и ако ние банкротираме како држава т.е нема веќе буџетот да ги финансира тие фирми, тоа значи дека ќе има повторно отпуштања од работа исто како и по распадот на југославија.
И тогаш цацко ќе ни биде крив.