Тоа jaс сум видел по продавници, а што друго има ... треба да се загледам подетаjлно. Фактот е факт и подобар пример от тоа што икономиката може да е подобра основа за соработка....здраве да е. Затоа кажав,дека потенциалот е голем и за РМ и за БГ и треба да се работи во таа посока.
Както веке кажав, во БГ нема националност во повекето документи,а има државjaнство. Затоа и нема дилема како се декларирали.
Мислам, првопричината за кризата во РМ 2001 е jaсна. Плановите на едни ваши соседи да ви дестабилизират са повеке от jaсни, тоа и го направиха прво со преселуването на не мал дел косовари,а после тоа со внатрешните си структури. Тоа што американците изкористиха моментот за нешто друго. Тоа е изкористуване на моментот, но този момент беше создаден от друг центар. И да не заборавиме, македонците не запалиха американската амбасада кога им ставиха на подпишуване Охридскиот договор, но запалиха американската амбасада кога бомбардихара Белград. Има ли потреба повеке да зборуваме...тоа зборува повеке от се.
Не те прашав за САД, општо е познат фактот дека САД секогаш си ги гледаат само своите интереси.
Ти спомна дека иднината е во економијата, а не во национализмот.
Јас се согласувам со тебе околу ова, но национализмот во Македонија доби многу поголема сила со охридскиот рамковен договор, отколку што имаше сила претходно.
А моето прашање кон тебе беше: Која беше улогата на ЕУ во преговорите за охридскиот рамковен договор ?
Ти велиш дека во Бугарија нема националност во документите, но за Македонец да извади бугарско државјанство треба да се декларира како Бугарин. Ова Бугарин е националност или што е ?
Не гледаме истиот аршин например со други соседи. Еве например проблемите со црквата, но тоа не оптегнува односите ви со северниот сосед, наспроти - олеснуват се, дури ке им вратите милитаристичкиот обект во среде Скопje, а и Зебренjaк ке се изгради наново. И да си припамтиме и неколкото табли на автопатот и секи пат,кога посакат користата референцата, но тоа видливо не пречи.
Хехе, навистина ме насмеа, верувај ми. Во Македонија народот со секоја помината година се` помалку и` верува на црквата, бидејќи додека младите бегаат во странство во потрага по подобар живот, црквата глуми лудило и ги поскапува услугите за венчавки, крштевки, погреби и се останато, а свештениците се возат во скапи и луксузни возила.
Не знам како е таму кај вас во Бугарија, но мислам дека кога го отворија тестаментот на бугарскиот патријарх Максим откако почина во 2012 година, беше откриено дека не поседувал никаков имот, а својата плата ја донирал за дом за хендикепирани деца во Софија. Ако ова не е една голема лага, тогаш секоја му чест на покојниот, навистина бил човек кој копнеел по духовното, а не по материјалното богатство, и ако навистина бил таков хуманист, тогаш треба да им послужи како пример на македонските свештеници кои се возат во луксузни возила и живеат во луксузни вили.
Како и да е, поентата ми беше - ако народот не и` верува на црквата, тогаш уште помалку ќе му биде гајле дали црквата е признаена од надвор или не.
Не знам на кој воен објект среде Скопје мислиш, ако мислиш на стариот офицерски дом, новиот објект кој се гради на таа локација нема никакви допирни точки со стариот офицерски дом, освен локацијата на која се гради. Инаку, новиот објект кој се гради на локацијата на која порано бил стариот офицерски дом, ќе биде деловен објект во сопственост на приватен инвеститор, со исклучок на еден кат, кој ќе и` припадне на македонската држава, а не на Србија.