Абе кога они мутеа беше "вошка", сега е "слон" работава...море бронтосаурус. Сега нешто се "загрижија". Уште местава недадени, нив инфаркти ги пукаат.
А еве земам пример една од шпекулацииве која ми е крајно нелогична, ама тоа никој не го коментира. За вице-премиер сдс го предлага оној Анѓушев, а еве кој е дечкото:
http://fokus.mk/namesto-da-gradat-tsentrali-gruevtsi-potroshija-milijarda-dolari-za-uvoz-na-struja/#
"Најголем дел од парите што се трошат за купување струја од странство завршуваат на сметката на само една фирма-трговец, „ЕФТ- Македонија“. Оваа фирма, инаку дел од групацијата на ЕФТ што работи многу пошироко, држи речиси 70 проценти од пазарот.
Прв човек на компанијата во земјава е
Кочо Анѓушев, кој во времето на владата на
Љубчо Георгиевски ја извршуваше функцијата помошник на генералниот директор за производство во поранешното ЕСМ, а веќе седум години работи за компанијата ЕФТ.
Анѓушев е поместен и во табелата на македонски милионери, што неодамна ја објави „Утрински весник“, заедно со имињата на големите македонски бизнис-играчи од првата постава –
Минчо Јорданов, Штерјо Наков, Живко Мукаетов, Благоја Механџиски и уште неколкумина.
Иако многумина велат дека не е непозната блискоста на Анѓушев со првите луѓе на ВМРО-ДПМНЕ кои го водат енергетскиот бизнис, самиот тој, во интервјуа за македонските медиуми, тврди дека нема политички чадор и дека рецептот за успехот во голема мерка се должи на корпорациската поставеност на фирмата мајка ЕФТ."
Е сеа паторот и братучед му да се посерат од крадење, а да остаат некој во најдоходовниот бизнис да биде без "влијание" мене ми е многу сомнително, ама ај. Несфатлив потег на сдс за почеток.