А што е? Демек ДУИ не е навлезен во криминални води, само ДПМНЕ краделе и грееле фотељи? Не си вреѓај интелигенција. Иди прошетај низ Тетово види кое монголиско пазар-село е сторено. Другите градови каде држат контрола браќава не верувам да се нешто подобри. И да сака Заев, ова нема шанси да се реши за скоро време, еден мандат не го оправа проблемов. Нити па сметам дека ќе мрдне со мал прст затоа што има три коалициони партнери сега од таа бранша.
Да, секако. Да го видиме и ова чудо.
Да го потсетам Зарни и сите останати подржувачи на режимов во подготовка, особено ако се со моето сексуално убедување, дека сите опозициски партии, додека беа на власт (вкупно 15 години тоталка, нека се еве и само 10 исклучиво СДСМ), не мрднаа со мал прст да ги решат овие социјални прашања кои дремат уште од осамостојувањето на Македонија.
Легализирањето на хомосексуалната активност се должеше на притисоци од Советот на Европа во три наврати почнувајќи од 1995та за да на крај за да може да ја внесат Македонија како полноправен член на Советот на Европа, конечно попуштија под притисоците и ја декриминализираа хомосексуалноста. Не е како да тие беа тие што работеле макотрпно да ја аклиматизираат јавноста постепено кон поотворени светогледи кон одредени луѓе различни од нив. Не, не заслужуваат венци и ордени за тоа, затоа што ни 1% не придонеле лично за оваа 'кауза', туку свиткале опашка под ултиматум. Бошкоски исто така своевремено имаше своја ЛГБТ јадица, како и една 'патриотска' поврзана со спорот со името, па видовме на снимка колку му тежеше неговиот патриотизам (сигурно ЛГБТ прашањата не му тежеле повеќе на психа од тоа).
Да сакале искрено нешто да направат, ќе направеа во времето кога беа на власт, со години по ред. Не е направено, туку само кокетираат со ЛГБТ популацијата кога им требаат бројки, гласови и подршка, како што беше случајот со Бошко, како што е случајот и сега додека се дочепаа за власт. Чинам, и Левица исто така вртеше некоја ЛГБТ реторика, па еве ги снема, ама буквално од сегде. На јутјуб некои си академски дискурси сега држат, толку беше и од нив како револуционери. Видоа дека не им фатија јадиците за бројки, ги фрлија сите групи под воз накои им се умилкуваа. Реално нема политичка партија која застанала позади тоа што го тврди во врска со ЛГБТ лицата. Ниедна, од најголема до најмала. Затоа и ми се чудни ликовиве по невладиниве и сл. што упорно јадат од тој бајат гулаш што им го сервираат политичките партии, особено нивната блискост со левите од нив. Да направиле нешто, па да е оправдана лојалноста, вака само ко корисни идиоти им се кога им требаше некоја контраверзна анти-владина групација да застане позади нив.
Така да, I'm not holding my breath. Nor should you. Што се однесува до коментарот погоре во цитатот за маршеви - Фала но не фала. Најгнасната форма на дискриминација ја доживеав со левичари, такозвани либерали, антифа, анархисти и колеги ЛГБТ лица, него ли од десничари или луѓе со поцентристички, слободарски дух. Да стојам рамо до рамо со нив негде на улица за некаква си кауза ни на сон. Маските си се симнати. Нити некоја невладина мене ми помогнала во врска со проблемите со кои сум се соочил како хомосексуалец во државава, нити било кое друго правно или социо-економско прашање ми го решила или олесниле за кое тврдат дека постојат и служат. Сам се снаоѓам. Сум терал океј живот до сега, така ќе биде и понатаму, без нивна помош, и без закони во полза/помош на ЛГБТ лица. Нека лапаат пари од странски спонзори и нека не замараат.