IELTS e многу подобро решение него ТОEFL.
Прво, поедноставен е и е некако "органски".
Секој IELTS резултат трае 2 години, не зависи од други фактори неговото времетраење (како што некој погоре пиша).
Во 4те дела, делот со слушање е најлесен. Едноставно, НАГЛАСЕНИ ти се деловите што треба да ги вметнеш во тестот пред себе. Слушајте внимателно и веднаш пишувајте. Користете молив во овој дел од тестот, дозволено е (за евентуални грешки).
Делот со пишување - имате две теми, една поголема и една помала. Внимавајте на бројот на зборови и не го користете премногу
the (од искуство кажувам). Бидејќи академскиот дел се полага (според оној/онаа што ја почнал темава), ќе се дадат на пример архитектура и биологија теми (бидејќи тие не знаат за на кој факултет сакаш да аплицираш - ова бидејќи академскиот дел најчесто за тоа се користи).
Во делот со разбирање/текстови дадени - се е дадено во текстовите што им претходат на прашањата, нема утка. Само тука е зезнатото што времето за полагање на овој дел е помал за разлика од обемот на текстовите. Но, ако се фати со ред, се стигнува во скоро цајтнот - 5 минути пред истек. Во другите делови ќе имаш време на претек.
Во делот со интервју/говорење - теми за време, технологија, зошто живееш таму каде што живееш, општ муабет.
Се на се, не е тежок тестот. Некој погоре спомна за строгост, но јбг така и треба, не е ова средно школо па ќе препишуваме или ќе ни прогледаат низ прсти. Доколку го решавате тестот, до одреден степен значи дека се спремате за излез од државата (за во Македонија 0.000001% е баран тестот), па имајте во предвид дека на Запад не толерираат cheating.
Не вежбав за тестот, освен делот на listening. Евентуално би ти препорачал читање на англиски текстови, ништо повеќе. Заборавете на граматиката како дадена, таа треба да си ја подразбирате во склоп на останатото.
Имав 6.5/7.5/7.5/7.5. Overall 7.5.