Исти се, не се однесува на сите политички структури, на поголемите
инаку тоа за трета опција јас лично не го гледам како deux ex machina решение, такво нема едноставно сметам дека таа трета опција ќе послужи како лост за поместување на постојната спрега од ДПМНЕ и СДСМ. Доказ за истата е пазарот кој е направен и кој после некоја приредба за народот, се истиша балонот.Очигледно е.
Кај нас нема структура која може да направи она што е Сириза во Грција или Подемос во Шпанија.
Грција сеуште има активна Комунистичка партија кој а е доста активна, ККЕ, Шпанија пак и после Франко го задржува тој антифашистички левичарски дух, кај нас после ВСВ е направен компромис (СФРЈ) режим хибриден (идеолошко политички). земи што се случи со Џилас на пример кога почна да пишува за создавање на т.н Црвена буржаозија и како национализраните имоти завршија кај партиски функционери и сл...
Трета опција да го крене влогот, нова реторика, и пред се нови луѓе, да поттикне и во партиите промена на поколениската кадровска структура, децениска веќе. Ова што излезе со прислушкуваните разговори не е ниту 10% од пиздариите, а ни тоа немаше да биде без притисок однадвор. Иако сите знаевеме претходно, само се уверивме.Не дека нема вистина квалитетни ликови и внатре во партиите, само не им се дава да дојдат до израз, отворени листи на следни збори сериозно би почнале да влијаат на ова.
Земи што се случи со Љубе Бошковски, со колку освоени гласови и воспоставена партиска структура? Случајно?
Велија Рамковски? Ако нема контрола се знае...
Еве Левица во зародиш ги поделија на ДПМНЕ и СДСМ, и тоа случајно?
Едиствено е возможна таа трета опција со поддршка од МФ, пред се финансиска, а и логистичка, да може да преживее не друго.
И нормално една изборна единица за подобро вреднување на гласот.