Ако некој има вадено лиценца да ми каже како е процедурата сега, дали е нешто сменето ? Колку пари ќе ми требаат, кои предмети се полагаат и слично...И која е платата на луѓето кои работата со ваква лиценца ако некој има информации ?
Доколку имате звршено Факултет за безбедност, Факултет за детективи и криминалистика, Факултет за детективи и безбедност, Институт за одбрана, мир и безбедност, или, пак, Воена академија или слични на истиве, имате одредени предности, бенефиции или олеснувања (како сакате) во поглед на процедурата за отпочнување за стекнување на
лиценца за физичко обезбедување.
Од друга страна, пак, треба да знаете дека можно е да имате и некакви олеснувања доколку имате завршено Факултет за информатика, Факултет за инжинерство, Факултет за електротехника и слично (иако не сум баш сигурен за второво
) и за постапката за стекнување на
лиценца за техничко обезбедување.
Доколку, пак, немате факултет, односно сте завршиле само средно образование или сте дипломирале на факултет кој не е дел од погоре наведените тогаш ќе следува целосна постапка за стекнување на лиценцата. Поинаку кажано, доколку имате завршено високо образование во областите кои се погоре наведени тоа значи дека ќе имате скратена постапка за стекнување на лиценца за физичко/техничко обезбедување, а ако не тогаш ќе следува целосна постапка која опфаќа се до стекнување на истата.
Се на се трошоците за лиценцата за физичко обезбедување изнесуваат некаде до 24.000 денари. Додека за техничко обезбедување 21.000 денари.
Постапката за стекнување на лиценца за физичко обезбедување опфаќа три постапки:
оспособување за физичко обезбедување (вклучува теоретска подготовка која трае 50 часови, односно 7 денови),
испити за физичко обезбедување (вклучува теоретски и практичен дел, односно се полагаат 6 теоретски предмети и 2 практични предмети) и
уплаќање за издавање на лиценцата за физичко обезбедување (која изнесува 3.000 денари). Што се однесува за постапката за стекнување на лиценца за техничко обезбедување постапката е горе-доле иста само со разликата што полагате 5 теоретски предмети и 1 практичен предмет.
За подетални информации повелете линк од
Комората за РМ за приватно обезбедување.
п.с. На сајтот може да најдете и конкретни формулари за двата вида на постапки.
Се надевам Ви бев од некаква помош?
Среќно и споделувајте ни искуства од тоа како сте поминале на обуката и на полагањата!