Јас не верувам дека постоеше жива сила внатре во државава, која без помош од надвор, легално, на избори ќе можеше да го почеша режимот, не па да го победи. Гледај само, со толку притисок од надвор, закани, тој уште, после 3 години кампања за негово тргање од власт, има инсталации по институциите кои како анкери цврсто го држат.
Да собереа партија да напраат млади луѓе до 30 години, чисти, без криминал, без црно минато, школувани, интелектуалци и да освојуваа симпатии меѓу народот со граѓанска опција, правна држава, здравство, образование - прво она скапо платено медиумско чудовиште ќе им измислуваше шлајмови, скандали, мвр на брколинда ќе ги следеше и ќе ги апсеше по дебело корумпираното јавно обвинителство на кумашинот зврле. Не сум верник, ама Исус да се симнеше, паторот ќе му го скроеше и ќе го оптегнеше на бесилка.
Така да, не знам ти за какви избори збориш и како така опуштено, џентлменски мислиш дека ќе го тргнеше некој од власт. Големо историско достигнување за оваа земја е ако за тргањето на овој скот од власт не се пролее (многу) крв (момците што загинаа во Диво насеље се првите, се надевам и последните што загинаа заради спас на шупаците на фамилијата).
Не верувам дека не го сфаќаш контекстот, ама се ставаш над него. Јас едно време бев заложник на насилно спуштање од власт, но нешто од типот на слобо или чаушеску, ама тоа ќе беше можно само ако не беше толкав процентот на ментално заостанато население кое безрезервно застана позади режимот и покрај се' презентирано. Отворен оружен конфликт со жртви и материјална штета ќе беше во најголема корист на албанското малцинство, кое и без тоа во кризава изигра многу алчно и подло, ама во таква ситуација ќе се правеа уште поекстремни резови. Насилството (се надевам дека веќе) не е можна варијанта, а ако во скоро време се организираат избори оди само во корист на паторот - ќе се изгубат неколку месеци, ќе ќари може некој пратеник плус, ама не драматично многу, а да се јави таков трет субјект во политикава во скора иднина (за жал) не е можно. Така да, решениево што го предлагаш многу не ми држи, барем додека не се разлабават некои позиции (по судовите ако ништо друго).
Па самиот факт дека на нивниот прв изборен настап, новајлиите од Левица освоија 12.000 гласови, говори дека сепак има слух меѓу гласачите за трета опција. Да, 12.000 е ептен мал број, но земајќи го во предвид фактот дека освоија повеќе гласови и од Либералната Партија на Ивон Величковски која постои со децении и веќе била дел од владини коалиции во минатото, говори дека сепак теренот е тазе подготвен за трета изборна опција.
Благодарејќи на Интернетот, кој е масовен и - засега - нецензуриран електронски медиум, било која трета изборна опција многу побрзо и полесно би успеала да допре до гласачите, а особено до помладите кои користат Интернет 24/7.
А кога сме кај последиците од евентуални нови вонредни парламентарни избори, вината за изборните резултати ќе ги имаат исклучиво зајко кукурајко и неговите партиски следбеници, кои самите се закопаа откако едвај успеаа да ги привлечат племенците од Мала Речица на своја страна. Никој не ги тераше со сила пост-изборно да прифаќаат странска националистичко-шовинистичка платформа од Тирана, па од тука одговорноста за евентуален нов изборен пораз на нови вонредни парламентарни избори, ќе падне исклучиво врз зајко кукурајко и неговите блиски соработници.
Секако дека и на мене приоритет ми е пастирот и пвеводбениците да си заминат од власт, но истовремено приоритет ми е` и тоа кои луѓе и какви луѓе ќе ги заменат на власт. Менување на еден популист - кој продава антички ветар во магла со споменици и административни згради, со друг популист - кој продава националистичко-шовинистички ветар во магла со странски политички платформи и двојазичност, за мене лично е неприфатливо.
Знаеш, во основа Македонија ваква каква што е денес, е пандан на Вајмарската Република - република без републиканци и демократија без демократи.
Без конструктивни политики за подобрување на животот на своите граѓани, Вајмарската Република го дочека својот крај со доаѓањето на Адолф Хитлер и Нацистичката Партија на Германија на власт.
Кристално истото се случува и кај нас во Македонија, со разликата што, фала му на Бога, немаме македонски Хитлер и македонски нацисти. Но затоа имаме фашисти од Мала Речица со кои и едните и другите криминални банди од двете страни на паричката сакаат да коалицираат, а тоа е ептен неубав статус кво во кој живееме.
А во меѓувреме, народот сака да живее, а не да преживува.
Која е смислата да се гласа за едните или за другите криминални банди од двете страни на паричката, ако секојдневната реалност и понатаму е сведена на преживување, наместо на живеење ?
Затоа повеќе од било кога ни` е потребна трета опција, додека сеуште не сме допреле некое ново дно кое би го трасирало патот за македонски Хитлер и за македонски нацисти. Пастирот и пвеводбениците се најобични плутократи, но не се нацисти, но сепак треба да послужат како пример за тоа какви луѓе не ни` требаат на власт, но ниту во опозиција, бидејќи нацистите се повеќе од бетер од ваквите плутократи.