ATP тенис - општа дискусија

  • Креатор на темата Креатор на темата Anonymus1
  • Време на започнување Време на започнување
Тием на Ролан Гарос можеше да изгуби само од Новак, од никој друг. Ако се сеќаваш добро Вавринка не покажа ништо, а стигна до полуфинале на РГ 2016 преку мртви противници, таму беше поштено исплескан од Мареј, сетот му беше поклон за роденден.
Ако не ти е јасно за што зборувам, слободно побарај го цел меч и увери се. Што се однесува до поените освоени на земјена подлога, Тием има нешто повеќе (компарација се прави на Монте Карло, Мадрид, Рим и РГ).
Да, Тим со Мареј да играше ќе тепаше :)
 
Последно уредено од модератор:
Тием во топ 5 ќе биде само кога ќе се пензионираат 2-3ца
 
Тием во топ 5 ќе биде само кога ќе се пензионираат 2-3ца
Нема врска, не прави муабет за генерално гледано него на земја. Ако сезонава е топ 5, незначи дека муабетите дека лани не бил во топ 5 се смешни. Тоа е најглупата можна компарација. Сезонава Мареј не е ни топ 10, па некој да каже а кога ви викав јас Мареј (лани) дека не е ни топ10 играч се смеевте ехехехеххе. Сезонава е топ5, и тоа багодарение на слабата форма на Мареј, Стен и Новак. Нормално дека е и напреднат во однос на лани. Меѓутоа апсурд е врз основа на мечеви од 2017та да се суди за 2016та.
 
Знам дека е за на земја муабетот,ќе се виде на РГ кој е топ 5.
Уствари муабетов мој е повеќе за моментално.Јас не го ставам таму.
 
Знам дека е за на земја муабетот,ќе се виде на РГ кој е топ 5.
Уствари муабетов мој е повеќе за моментално.Јас не го ставам таму.
Дали си сигурен дека Тием не е еден од првите 5 фаворити за освојување на Ролан Гарос 2017?

2016 број на освоени поени од Монте Карло, Мадрид, Рим и Ролан Гарос.

Djokovic 10+1000+600+2000 = 3610
Murray 360+600+1000+1200 = 2160
Nadal 1000+360+180+90 = 1630
Thiem 90+10+180+720 = 1000
Wawrinka 180+10+90+720 = 1000
Nishikori 0+360+360+180 = 900
 
Според кладилниците можеби ќе биде во топ 5 фаворити.Мислам дека нема шанси да дотурка до полуфинале и ќе се олцни со некој што сигурно не го сметате во топ 5.
И реков во претходниот пост, моето мислење е повеќе за топ 5 земјаш МОМЕНТАЛНО а не за 2016та, така да онаа што си го пишал за 2016 си во право спрема поени и не одрекувам.
 
100 поени повеќе од Нишикори освоил од 4рите турнири и бил подобар на земја таа сезона, а во единствениот дуел на земја во Рим од таа сезона го јадел лабаво во 2 сета, при 1.45 коефициент.
 
Иначе ако не се лажам Рафа е прв на рејс листата после турниров во Мадрид. :)
Реално ако ги освои Рим и РГ ќе атакува и на првото место на крајот од сезоната со оглед на тоа во каков канал се Ноле и Мареј кои бранат брдо поени сезонава, нарочито Мареј од сега па натака. Титула Рим, финале РГ, титули Квинс и Вимблдон, финале Синсинати, титули Париз, Шангај, Пекинг и Лондон... Ако продолжи вака не ми личи дека Енди ќе остане во топ 5 до крајот на сезоната. :D
 
Според кладилниците можеби ќе биде во топ 5 фаворити.Мислам дека нема шанси да дотурка до полуфинале и ќе се олцни со некој што сигурно не го сметате во топ 5.
И реков во претходниот пост, моето мислење е повеќе за топ 5 земјаш МОМЕНТАЛНО а не за 2016та, така да онаа што си го пишал за 2016 си во право спрема поени и не одрекувам.
Баш моментално е топ 5 земјаш за сезонава, а за 2016та никако. Да беа во ланската форма и Енди а и Новак, немаше Тим ни сезонава да игра финале ни во Барса, ни во Мадрид. Затоа е топ 5 сезонава, бидејќи има испразнети слотови.[DOUBLEPOST=1494803671][/DOUBLEPOST]
Иначе ако не се лажам Рафа е прв на рејс листата после турниров во Мадрид. :)
Реално ако ги освои Рим и РГ ќе атакува и на првото место на крајот од сезоната со оглед на тоа во каков канал се Ноле и Мареј кои бранат брдо поени сезонава, нарочито Мареј од сега па натака. Титула Рим, финале РГ, титули Квинс и Вимблдон, финале Синсинати, титули Париз, Шангај, Пекинг и Лондон... Ако продолжи вака не ми личи дека Енди ќе остане во топ 5 до крајот на сезоната. :D
Не бе. првото место е резервирано за Федерер, врати некоја страна поназад. :D
 
Баш моментално е топ 5 земјаш за сезонава, а за 2016та никако. Да беа во ланската форма и Енди а и Новак, немаше Тим ни сезонава да игра финале ни во Барса, ни во Мадрид. Затоа е топ 5 сезонава, бидејќи има испразнети слотови.[DOUBLEPOST=1494803671][/DOUBLEPOST]
Не бе. првото место е резервирано за Федерер, врати некоја страна поназад. :D
Незнам, јас мислам дека на Роланд Гарос ќе се посери батево.Секој различно си гледа на работите, а можеби и да сум грешка.Ако гледаме факти,тогаш титулите или поените треба дасе решавачки во тоа кој е појак од кого.Така да ќе влезе во топ 5 како што има некој погоре напишано.
Не сакам да ме разберите погрешно, можеби типот по 1-2 години ќе биде тениски бог на сите подлоги,моето размислување е за сеа моментално.
 
Прегледај го приврзокот 170825
Со Стен нема релевантен меч на земја во 2016та, ама сериозно човекот што го освои РГ во финале со Новак во 2015та а во 2016 загуби во 4 сета од Мареј, автоматски стана полош играч на земја во 2016та?
Кога веќе гледаш меѓусебни... Screen Shot 2017-05-15 at 02.10.29.pngТим беше еден од тројцата лани кои го победија Рафа на земја, ама и тоа не ми е релевантно колку вкупниот број на поени на земја во сезоната, или пласманот на РГ. Тим полуфинале, Нишикори 1/8 исплескан ко дете од Гаске.[DOUBLEPOST=1494807286][/DOUBLEPOST]Рафа од денес официјално 4 место, нешто што веројатно му беше цел пред жребот на РГ. После РГ 99% 2 место, за понатаму ќе видиме.
 
Кога веќе гледаш меѓусебни... Прегледај го приврзокот 170856Тим беше еден од тројцата лани кои го победија Рафа на земја, ама и тоа не ми е релевантно колку вкупниот број на поени, или пласманот на РГ. Тим полуфинале, Нишикори 1/8 исплескан ко дете од Гаске.
Супер, погледни сега тие 3 клучни букви BUE т.е Буенос Аирес, АТП250 турнир.
 
Лани за лани... Гофан е моментално подобар на земја и во подобра форма од Тим а никој не го ни спомна.
Тим е доста лимитиран играч односно ова е неговиот максимум а со истиот тешко барем по мое мислење би влегол во топ5 макар и на неговата омилена подлога. То шо е константен од недела во недела и падот на формата на одредени играчи одлично го користи...
Каде е еден Цонга кој би го изметил теренот со Тим кога би бил во форма... И да не ги набројувам, не е талентиран играч Тим, морници ме лазат кога толку го величате.
 
Потполно се согласувам со напишаново, како некој друг јас да го пишувал ова. Имаше едн дооооооолго интервју на Јанко Типсаревич за СпортКлуб, и на прашањето кој тенисер сметаш дека најмногу тренира од новите го наведе Тим. Тим е работник, доста тренира и се труди ама го нема оној килер инсикт во него, го нема тоа што го имаат Рафа/Новак/Енди/Роже па и Стен. Тим многу често ако излезе од ритам и почне да греши, господ неможе да го сопре. Па ако има статистика во должина на неизнудените грешки, Тим би можел лесно да е таму ТОП 5. Кога ќе мавне некој аут, ни дубл поле не го гаѓа, од што е силеџија. Краток му е фитилот доста, знае да исфорсира и да погоди ненормални удари, ама многу често претерува со тоа форсирање и му се удира од глава. Патем денеска баш тоа беше случај, во гемовите во кои изеде брејкови форсираше премногу и грешеше.
 
Kajgana Shop

Back
На врв Bottom