... јас мислам дека постои нешто таму, нешто необјасливо, но дека постои- постои !, сакаш именувај го Господ, сакаш сила на природата и сите сме свесни за тоа кој повеќе кој помалку, верските објекти и луѓето кои се посветени таму да работаат не ја преставуваа таа сила читај Господ, кој е насекаде, секогаш и во секое време, а не само во тие храмови, почитување во себе и коректно однесување за деновите кои би требало да се празнува или пости тоа е само едно самопочитување прво кон себе па потоа кон таа Сила...
...човекот се уште не еволуира до тој степен да биде идеален како телесно така и духовно, па како има злоупотреба на нештата во било која сфера така и тука во религијата, но секој на одереден начин ќе си го ,,плати,, во одредено време,односно непочитување и богохулење секому секогаш ќе биде соодветно ,,вратено,, од таа Сила или Господ ...
...не постои човек од било која вера кој не се плаши од таа Сила, односно знае за нејзината моќ (читај Господ) а тоа го докажува со фактот на негово повикување и молење се разбира само кога е најтешко, односно кога здравјето или животот е во прашање на самиот себе или најблизок свој....сите тогаш велат, Господе те молам спаси- помогни, помогни сега! ветувајќи дека ќе пали свеќа ќе носи зејтин или ќе донира за верскиот храм!!!
... пред многу години и во убави моменти, за време на семеен ручек, во прошетка, и во било кој среќен момент во животот се повикувала таа Сила (читај Господ) заблагодарувајќи се за тие моменти, денес тоа веќе не се прави повикување на таа Сила ( Господ) се случува само во тешки моменти кога се нема решение, излез, здравје и опасност по живот...
манипулирањето со таа Сила секогаш ја има во секоја религија и најчесто насочена кон човечкиот најсилен двигател наречно Страв, човекот е тој ако знае да го претвори тој Страв во почитување тогаш не ќе биде манипулиран од никого, па ниту дури од самиот себе ...