Да разјаснам колку може подобро. дуи е поштеден од правно гонење од сдс директно. Тоа сега за сега е така, дали и понатаму ќе биде - ќе видиме. Целосно се сложувам дека тоа не е коректно и здраво за општествово.
Да не се навраќам многу наназад, ама ај ете да спомнам дека егзистирањето на директен наследник на она, учк на политичката сцена посебно ме погодува и дека требаше ако ништо друго љубчо и бц да преговараат за политички репрезенти на терористите, а не тие лично, ама тоа е завршена работа одамна и е реалност, за жал.
Околу анти-режимската кампања - гигантско промашување на сдс е тоа што не водеше кампања против дуи во времето кога ги објавуваше бомбите. Може да дискутираме околу тоа зошто е така. Има повеќе варијанти за кои може само да нагаѓаме: некаков страв на странците дека ќе се поттикне меѓуетнички судир (и тоа реален, не како овој фејк-национализмов на дпне), а може и дека главните луѓе од дуи се во закрила на Вашингтон, кој е главен во приказнава, може е нешто трето врз кое заев нема ни можност да влијае.
Околу криминалот на дуи - штета е што дпне и дуи изградија две тотално одвоени општества и нашите новинари многу ретко објавуваат вести или истражувања за економски криминал на „таа“ страна, а убеден сум дека го има. Тука не ги вбројувам случаите Смилковско и Диво насеље (во кои сум убеден дека имаат и дпне вмешано прсти). Паторот ги прислушкувал и нив, имал увид што и како праат и многу е веројатно да ги држел до себе со уцени и докази за криминалот. Истите играа и уште играат една непринципиелна игра - даваат изјави контра-дпне, во Пржино преговараа со сомнителни позиции, нивните членови во ДИК по 11 декември беа играчи на дпне, па се до 29-ти јануари тие практично беа во коалиција со бандата на паторот. Паторот им ја прифати фамозната ТИРАНСКА ПЛАТФОРМА, ама не им го прифати СЈО, а тие го бараат да го има - во оваа реченица барај ја причината зошто во даденава ситуација се воздржувам од критикување на потегот на Заев да ги стаи у влада.
Остануваат отворени прашањата колку време ќе трае оваа влада, пошо нема многу моќ и капацитет да праи суштински промени. Во неа се три албански партии кои реално не се поднесуваат едни со други, може не толку колку македонските, ама реално се раздвоени што се виде со негласањето на џафери од беса. Друго отворено прашање е каков материјал има СЈО за дуи и дали ќе работи на него. До сега имаа само некој банален случај за градоначалникот на Зајас и тоа е тоа. Очигледно е дека СЈО е намерно ставено во позиција на мирување заради опструкциите во институциите и намерно не ги тера случаите до крај, затоа што многу реална е опасноста сваровски судиите да носат ослободителни пресуди за фамилијата за тешки криминали што ќе биде еднакво на самоубиство и после тоа нема враќање назад. Ова мирување вмороните го толкуваат како „трошење пари за џабе и неработа“ на (па уште на) Катица Јанева.
Утопии и хипотетички ситуации што требало да се прави пред 2-3 години и како требало да се воведуваат системски промени веќе не дискутирам. Тоа ТРЕБАШЕ....море не, тоа МОРАШЕ да го напраиме, ама толку ни е паметот - колективно. Не може јас да зборам за работнички права, слободи, отчетност и транспарентност на политичари, транспарентно и праведно правосудство и п***е материне, а од друга страна да имам орангутани од дпне, гром, амди бајрам и да ме убедуваат дека разговорите се лепени, сечени монтирани - тоа ти се дечко културолошки и цивилизациски разлики во населението, една силна раслоеност која векови не ја оправаат. Во нормална држава на првата „бомба“ паторот со стап у клоака ќе беше обесен на плоштад....не, во нормална држава, таков примитивец немаше да припари до власт....а не па ние тука да збориме за некои утопии. Сите кумови, братучеди, кумашини, пратеници, министри, обвинители, зврлиња, дрољи сваровски судии овој народ требаше да ги обеси и каменува...ама, ете не бидна тоа. Што би рекол Заев - може и не вреди капка крв да се пролее за овие криминалци, ама ако не овозможи да се спроведе правда до крај - тоа го мислам и за него, затоа што тоа е единствено нешто позади што безрезервно стојам.
Као што си донел конкретно решение да вадиш пасош од друга држава, така и во политикава наша, чекорите се краткорочни и конкретни - мора да се размислува во рамката на дадените околности, состојби и политички позиции. Заев е замена, не е промена што би рекла Најческа, ама кога се седеше по дома и се ќјутеше нема Заев да ви води ваши борби, ќе си ја тера својата.