Сабајлево отворив Плусинфо (на зависниот Героски, иако се прикажува за независен..). Сем прилозите за мода, спорт... се друго е апсолутно зависно (од сопствените предрасуди). Имено, веднаш во очи паѓаат 2 работи:
„Слободен печат“ е весник со интегритет
Хорхе и Дурло го извалкаа јубилејот на МОБ!
Каков е тој весник со интегритет кога е преполно со шпекулации, со партиско агитирање, итн, итн... Ако за Геро „Слободен печат“ е таков, ништо подолу не е ни „Курир“. Во Курир барем нема простотилаци, со спомнување на полови органи, сексуални невоспитани навреди...
А „стручњакот“ Геро, тој и за опера е „тата-мата“, се дрзнал да зборува за Дурловски. До вчера веројатно и не знаел кој е тој (не е од браншата на Џеј, Лукас...) и „стручно“ дава анализа за вредностите на Игор Дурловски. Героски, што се мешаш во секоја манџа. Ако политичкото убедување на Дурловски не ти се допаѓа (тоа го знаеме), човекот има многу години уметничка дејност. Терај со она што го тераш... Грујо, Хорхе, пениси, вагини, сочни сексуални изреки... Погледни ги прво кариерите на брачниот пар Дурловски, па ќе ти е јасно дека сем Цеца, Џеј, „Три кила банани“.. има и друг свет во музиката, а има и уметници кои постигнале нешто. Геро цел живот е спонзориран работник. Од Комунист, Дневник, преку Велија.... а сега веројатно е независен од спонзори, „сигурно“... Спонзоруша.